Е ова е типичен пример за слепо верување!
На било кој надарен со разум, да у се предочи текстов, ке го стави во мисла, оти не зборам јас од моја глава, туку од она што го говори Библијата.
Понатаму, НЕПОСТОИ единствен цитат во целокупната содржина на Библијата, каде Исус вели ЈАС СУМ БОГ ИЛИ ВЕРУВАЈТЕ ВО МЕНЕ
За жал мора да се повторам и овде со истиот пост, да согледа членот кој мисли дека овде некој му го пере мозокот, а не гледа дека сосем сигурно е обратното....
Евангелие според Јован 14 (ред 28) ...Мојот отец е поголем од мене.
Евангелие според Јован 10 (ред 29) ...Мојот отец е поголем од сите...
Евангелие според Матеј 12 (ред 28)... јас истерувам бесови со духот Божји...
Евангелие според Лука 11 (ред 20) ...Со прст Божји ги истреувам бесовите...
Евангелие според Јован 5 (ред 30) Но Јас ништо неможам да правам Сам од Себе!
Како што слушам така судам, и мојот суд е праведен, оти неја барам волјата Моја. а волјата на отецот кој ме пратил.
Каде во овие БИБЛИСКИ цитати Исус вели дека е Бог ?
Како можете да го наречете Бог кога самиот несакал да го наречат добар а во никој случај БОГ ...... следи сега што вика Исус :
Евангелие според Матеј 19 (ред 16-17) се вели:
И ете еден човек, кога пристапи до Него,(Исус) Му рече:
"учителе добар, какво добро треба да направам за да имам Живот вечен? (се мисли да заслужи рај, да влезе во вечниот живот на рајот)
А Он му одговори: >зашто ме нарекуваш добар?
никој не е добар освен едниот Бог.
А ако сакаш да влезеш во животот вечен , пазиги заповедите<
Перфектен цитат, од Библијата кој објаснува се!!!
Па сега слободно можеш да веруваш во што сакаш, но дали Бог ке прифати она во што веруваш е голем знак ? ? ?
Неможе да си поставуваме свои правила како ке работиме на работно место, нашиот директор ги поставува правилата, а ние следиме она што се нарекува правило во таа фирма!