Најголемите Македонци низ историјата

Јас викам да се прошири листата и секој да може да гласа за 5 омилени личности, така е најарно.
 
Климент Охридски пиши го неписмен еден !
 
Абе има за набројување, Каран како творец на Македонската држава. Јустинијан, Цар Константин.

Ако смеам би ги спомнал и оние украдените како што се Цар Душан, Ѓорѓи Кастриот, Царот Лав Мудриот и Василиј 1(на темел на Јустинијановото право ги напишале Василиките кои се основа на современото право), генералот Велизар(со војска од 9000 ја освоил денешна Италија, пола Шпанија и северна Африка), Клеопатра има и многу многу други......

Арисотел, темел на современата наука!!!!!
 
Барам од админите да го сменат името Самуил во Самоил во првиот пост.

A што му фали на Самуил!?

Климент Охридски пиши го неписмен еден !

Фала ти за комплиментот :tapp: Ако забележа оваа листа е само мој предлог, не е ниту конечна, ниту обврзувачка за некого. Затоа, можеш слободно да предложиш личност, но на културен и поштен начин. Како членот што го сторил тоа под тебе:

Абе има за набројување, Каран како творец на Македонската држава. Јустинијан, Цар Константин.

Ако смеам би ги спомнал и оние украдените како што се Цар Душан, Ѓорѓи Кастриот, Царот Лав Мудриот и Василиј 1(на темел на Јустинијановото право ги напишале Василиките кои се основа на современото право), генералот Велизар(со војска од 9000 ја освоил денешна Италија, пола Шпанија и северна Африка), Клеопатра има и многу многу други......

Арисотел, темел на современата наука!!!!!

Се сложувам со твојов избор, добар е.
 
Филип Македонски.. и Ченто...ма и сите други спомнати...:toe:
 
Мои 5 би биле
Филип II,
Аристотел,
Цар Константин,
Цар Јустинијан,
Јане Сандански

Склоп на храброст и мудрост.
 
Кога сме кај најголеми Македонци политичари тогаш без конкуренција на прво место е Лазар Мојсов
 
Методија Андонов-Ченто...тој прв ми текна ко го видов насловот на темава.
 
Кој според вас заслужува да го носи епитетот најголем Македонец во историјата? Или ако се повеќе, наведете ги и по можност објаснете зошто токму тие? Да направиме една листа на најголемите Македонци низ времето, на луѓето со кои можеме да се гордееме, кои придонеле за промоција на Македонија и Македонците насекаде низ светот, на луѓе кои се заслужни за нашиот удел во светскиот цивилизациски код.
Еве ги моите предлози:

1. Филип II Македонски (дипломат, реформатор, создавач на македонската фаланга)
2. Александар III Македонски (најголемиот освојувач на сите времиња, заложник за светска држава на народите)
3. Кирил и Методиј (семакедонските и сесловенските описменители)
4. Цар Самуил (заслужен за територијалните проширувања и издигнување на Охридската архиепископија на ранг на патријаршија)
5. Браќата Миладиновци (основачи и водачи на Македонската Преродба од XIX век)
6. Григор Прличев (Македонскиот Сердар и Вториот Хомер)
7. Сите основачи на ВМОРО (клучна улога во идното создавање на автономна Македонија)
8. Ѓорче Петров ("Македонија на Македонците" - цитат кој кажува се за него)
9. Гоце Делчев (апостолот на македонската револуционерна борба)
10. Јане Сандански (Пиринскиот цар, борец за автономна Македонија)
11. Никола Карев (првиот претседател на Крушевската Република)
12. Ѓемиџиите (го кренале вниманието на Европа за состојбата во Македонија)
12. Крсте П. Мисирков (најголемиот македонски идеолог на XX век, и Македонецот што го одбележа XX век)
14. Методија Андонов - Ченто (првиот претседател на НРМ, борец за независна Македонија)
15. Блаже Конески (втемелувач на македонскиот литературен јазик)


П.С. Имињата на овие личности се напишани хронолошки, а не по важност.
П.П.С. Доколку се сложуваме со мислењата за најдобрите 10 да речеме, може да организираме и анкета на која би гласале и би го избрале најдобриот, т.е. најголемиот, најважниот, најзначајниот Македонец во историјата.

Не е потребно да имаш много моз'к... за да знаеш кој е
најголемиот, најважниот, најзначајниот Македонец во историјата...

http://uk.youtube.com/watch?v=oJL1Oe49aAA&feature=related
http://uk.youtube.com/watch?v=BrNjZRyZxOQ&feature=related
http://uk.youtube.com/watch?v=Bje4Cgq6xXI&feature=related
http://uk.youtube.com/watch?v=u0q3-1Ya4PI&feature=related
http://uk.youtube.com/watch?v=ZqRFmi3Gy2I&feature=related
http://uk.youtube.com/watch?v=kV17JaHeWiU&feature=related
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom