Дали се сеќавате како станавте фан на вашиот тим?

  • Креатор на темата Креатор на темата KL0$AR
  • Време на започнување Време на започнување
Не бев по фудбалот.
Малку бев заинтересиран, едноставно глупо ми беше.
на 7 ипол/8(мислам) годишна возраст отидов на лекар и таму имаше едно мало телевизорче и даваа фудбал. Мислам дека играа Вест Хем - Арсенал и 1-4 заврши мечот, тогаш непознатиот Бегкамп(за мене) мислам дека даваше голови и незнам како ама ептен ми стана интересно и после тој меч се повеќе и повеќе го гледав Арсенал и општо фудбалот. Таткоми го прашував што како, пошто тој беше по фудбалот. Снимав на Видео утакмици итн итн...
Од тогаш постепено постепено станав заразен со Арсенал. Не пропуштав меч по само 1 година гледање.:helou:
 
Мислам дека имав 8 или 9 години,гледав фудбал со татко ми кога Раванели даде гол за Јувентус и го преврте дресот преку глава :vozbud: оттогаш почнав да навивам за него и за Јуве :olee: а за Вардар уште од првото стапнување на стадион,едноставно навивањето и полните трибини не ме оставија рамнодушен :olee:
 
Да од негде 7 год моите ми купиа дрес од Милан а се зацфрснив за фудбалот од преминот на Инзаги од Јуве во МИЛАН.:vozbud::vozbud:
 
Епа во 2003 година го засакав Челси.Играше против Ливерпул и губеше на полувреме ми се чини.И со головите на Хаселбенк и Зола,Челси напраи пресврт.И од тогаш.Пред тоа Реал ми беа симпатични,се лигавев по Раул и Зидан,а за Партизан навивав и ќе навивам.
 
па како помал прашував кој е најдобар клуб затоа што не следев и сите ми викаа реал мадрид а јас појма немав кој беа тие а еден другар навиваше за јувентус и нон стоп се фалеше дека најдобриот играч игра за нив(зидан),и кога слушнав дека зидан потпишува за реал оттогаш сум фан на реал.
зидан :zver:.
 
Како мал го засакав Толдо и Батистута од Фиорентина па после и Руи Коста.После уште повеќе кога дојде Ди Ливио пошто кога гледав Јуве порано и он кога играше му се восхитував колку беше брз и фер играч.После следеа Мијатович,Киеза,Адриано(малце),Хаинрих,Репка,Торичели....па после една помлада генерација по враќањето од Ц лига.Мареска,Киелини,Наката,Ободо,Портињо...Така да најголема причина беше БАТИ-ГОЛ и Толдо но и Руи Коста:smir:
 
За се е крив татко ми ... Додека сеуште работеше тука, ме носеше со него по кладилниците да гледам натпревари ... И го гледав со каква љубов го гледа секој натпревар на Манчестер ... После тој отиде да работи во странство, и во негово име, љубовта кој Манчестер остана...
 
кога бев 6 години во тогашна сфрј секојпат кога играше вардар кај мене во населба се собираа постарите кои ги чекаат комитите од карпош4 и влае па поминуваа по илинденска со знамето она големото што стоеше на запад напред вардар во срце те носам и баш ми текнува за прв пат отидов на градски кога вардар испадна од тогашната 1 југо лига гибејќи од раднички,но и секако бев кога влезе во 1 југо лига победувајќи га тогашна слобода од сараево ако не се лажам атмосвеа невидена итн.а за странскиве клубови па за ман утд бидејќи беа се и ќе бидат еден од најголемите клубови во европа но и секако по амбиентот на театарот на соништата и големиот ферги
 
Навивам за Милан од сезоната 1997/98 мислам дека беше. Сите навиваа за Јувентус тогаш на моја возраст децата (мали 6,7 години па навиваат за најјакиот) али јас одма ги сакав Милан со нивната игра таа сезона. Тренер Закерони а тимот еден од моите најомилени. Голман Абиати, одбрана Малдини, Костакурта, Хелвег и Сала, средина Амброзини, Албертини, Бобан, напад Веа и Бироф и уште многу други. Таа сезона Милан стана шампион!

Исто важи и за мене,пред тоа ги сакав малце Манчестер пошто го овожавав Петар Шмајхел и затоа но подоцна почнав да гледам Милан,Милан и така..
 
Од финалето 1999 во ЛШ.Манчестер играше против Баерн.Баерн водеше,но на крајот знаете што се случи :vozbud:

И од тогаш сум фан на Манчестер Јунајтед и кога е шампион и кога е трет на табела

Истата приказна ја имам и јас....Солскер, џокерот на Ферги хехе
а иначе Манчестер е шампион и кога е трет на табела :)
 
Во 1997 Кога јувентус беше актуелен Европски Шампион, тогаш имав 7 години и ми се појавиа првите симпатии кон Јувентус. Од тогаш почнав да навивам за јуве. А во финалето во 2003 (кога Јувентус изгуби од Милан) само се зајакнаа моите чуства за Јувентус. Од тогаш па навака се повеќе и повеќе се внесувам во Јувентус. Мислам и дека забегав.
И незнам како сум успеал да станам Јуве фан, бидејќи татко ми е голем обожавател на Милан, и ми купуваше дресови, шалови, капи од Милан, Ама јас абер сум немал. Сега сум среќен и горд Фан на Јувентус.
 
на 5-6 год звезда - баерн полуфинале 1991 и 1994 милан - барса финале
 
Па ми купија дрес од Давор Шукер од Хрватска кој тогаш премина во редовите на Арсенал и така го засакав тимот иако Шукер беше само 1 година во Арсенал.И од тогоаш Арсенал ми влезе во срцето и сега е еден дел од мене се будам со Арсенал си легнувам со мислите за Арсенал
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom