Дали се сеќавате како станавте фан на вашиот тим?

  • Креатор на темата Креатор на темата KL0$AR
  • Време на започнување Време на започнување

KL0$AR

I SEE DEAD PEOPLE
Член од
8 јануари 2008
Мислења
343
Поени од реакции
9
Јас се секавам дека уште во трето или второ одд на еден другар му купиле дрес од Гигс-Манчестер утд.и изгледа и тој беше воедно и првиот мегународен тим за кого знаев.И некако ми легна на срце од тогаш (а исто и на другачето) па ден денес големите средби ако сме во можност ги гледаме заедно.ЃАВОЛ ФАН ОД КОГА ЗНАМ ЗА ФУДБАЛ

Втор тим ми е Барселона. од кога почнав да го следам Манчестер,голман на Барса беше Витор Баиа. (пошо името ми е Виктор.) И онака по детски пат или радост се вљубив и во Барса.исто и за неа навивам во срцето али сепак....Ѓавол си е Ѓавол

па ако се секавате на тоа како се 'вљубивте' во вашиот тим,постирајте...

пиис
 
Од финалето 1999 во ЛШ.Манчестер играше против Баерн.Баерн водеше,но на крајот знаете што се случи :vozbud:

И од тогаш сум фан на Манчестер Јунајтед и кога е шампион и кога е трет на табела
 
Сите ми ја полнеа главата со Манчестер, Ливерпул, Реал, Барселона и слични на нив, но мене од почеток Челзи ми станаа симпатични, со преубавиот син дрес (спонзор Аутоглас беше тогаш ако не се лажам), а во нападот Густаво Појет и Џанфанко Зола... Најстар гол на кој се сеќавам за Челзи е оној на Појет против Сандерленд, по лежерната асистенција на Зола... Едноставно ми се залепи тимот на срце, со Зола, Појет, Визе, Фло, Бабајаро...
 
Од финалето Реал - Јуве во ЛШ. Брат ми е за Јуве, и цело време Јуве ова Јуве она, по што ја од инает почнав да навивам за Реал. Од тогаш па наваму се знае, мадридиста у душа :)
 
Не дека сум некој ватрен обожавател и навивач, ама Манчестер Јунајтед ми се омилени. Женско ко женско, го засакав Бекам и почнав да се интересирам за натпреварите на Манчестер. Потоа почнав да играм Football Manager со истиот тим и така бидна
 
Беше тоа негде 1996/97 година.Имаше до мојата куќа еден авто сервис и имаше едни деца тогаш имаа негде 15-16 години и понекогаш седев со нив таму.И еден од нив еднаш ми покажа од весник дека Манчестер победиле против некој тим, а Бекам изиграл најдобро тогаш.И оттогаш се вљубив, кога играше Манчестер се сеќавам стоев здрвен, ни крв не течеше во мене:)
И така таа љубов трае се до ден денес, и ќе продолжи и понатаму.
 
Па беше негде 2003 или 2004та и цел мој клас беа за Ливерпул и за Челзи само 2-3ца за Манчестер.Другиот ден имаше утакмица и манчестер тепаа со фантастичен гол против Арсенал мислам беше и од тогаш сум ѓавол.:)
 
Od 1997 godina sum zagrean za Mancester , zs mn. mi se svigase timot togas . Od koga znam za fudbal , fan sum na Manchester United
 
Навивам за Милан од сезоната 1997/98 мислам дека беше. Сите навиваа за Јувентус тогаш на моја возраст децата (мали 6,7 години па навиваат за најјакиот) али јас одма ги сакав Милан со нивната игра таа сезона. Тренер Закерони а тимот еден од моите најомилени. Голман Абиати, одбрана Малдини, Костакурта, Хелвег и Сала, средина Амброзини, Албертини, Бобан, напад Веа и Бироф и уште многу други. Таа сезона Милан стана шампион!
 
Па не знам баш мислам дека 2001 година беше кога Филипо Инзаги дојде во Милан, а пошто ја са векам Филип и по некој детски пат ги засакав Милан.
 
Мајка ми кога ме родила сум носел дрес од МИЛАН.
ХАХАХАХАХА:pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2:НЕ СЕ СЕЌАВАМ
А за Челзи сум од 5-то одделение кога првпат ги видов на ТВ
 
Од пред 8 години сум за ЈУВЕНТУС ,пред тоа бев за Баерн.Почнав да навивам за него кога отидов кај еден другар а брат му го гледаше ЈУВЕ и за него навива па седнав и јас да ги гледам,ми се допадна како играјаа победија 4-0 со Торино беше мислам и решив да сум за нив.FORZA JUVENTUS
 
не навивав за ниеден клуб до 3-4 оддление додека не спомна еден другар дека има црвени ѓаволи и од тогаш до денес и додека умрам секогаш ке бидам со нив!!!MANCHESTER UNITED
 
На МТВ ги даваа премиер лигата. И кога дојде Раниери во Челзи , ја даваа Челзи Арсенал. Е од тогаш ги засакав.

А Донкастер од еден дечко на менаџерот 2002:salut:
 
Искрено мразев фудбал...не можев да помислам како некој уживаа да гледат се едно исто...топка и сите по неа како луди...

Ама го сменив мислењето потоа...случајно го здогледав Кристиано Роналдо на светското првентсво 2006 год.и ја гледав неговата игра...паметам дека натпреварот беше со Холандија...и го прашв брат ми за кој игра(инаку и тој ватрен навивач на Јунајтед)и ми кажа дека игра за нив...и од тогаш почнав да ги гледам Манчестер Јунајтед само заради него...но полека клубот ми влезе под кожа и ги засакав многу многу...

И од тогаш само навивам за нив и не ни помислувам на друга екипа...и се нервирам кога губат или зборат лошо за нив.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom