Познати кандидатите во Прилеп

Градоначалник на општина Прилеп локални 2009?

  • Марјан Ристески

    Гласови: 65 66,3%
  • Тони Петрески

    Гласови: 33 33,7%

  • Вкупно гласачи
    98
А бе знам зато и го потпрашав месија да кажи шо чоек е

Кој ти е крив ко незнајш шо чоек е? :smir:За арните луѓе незнајте само за рекетарите ко Марјан знајте :)

П.С. Кај се начукаа 35 гласа за Марјан нема толку прилепчани на форумов
 
Кај можиш да најдиш дпмне симпатизери толку на форумов ти се читаш шо си пишал? Или се пијанчат некаде или шпијунираат некаде по улици да се пребројат колку се,колку има кај Љубе колку кај Груевски за Марјан,да ги раскини чоек не ида на форумов :pos2:
 
Кај можиш да најдиш дпмне симпатизери толку на форумов ти се читаш шо си пишал? Или се пијанчат некаде или шпијунираат некаде по улици да се пребројат колку има кај Љубе колку кај Груевски за Марјан,да ги раскини чоек не ида на форумов :pos2:
А вашите шо прават?
 
Не бе па ти, не се во можност сега :pos2:
Истото го прават како и другите, само што Месијата тоа едноставно не го гледа, верувајќи во моралната исправност на своите (кој морал?!)
 
Не бе па ти, не се во можност сега :pos2:
Истото го прават како и другите, само што Месијата тоа едноставно не го гледа, верувајќи во моралната исправност на своите (кој морал?!)

Немаат потреба да пропагираат за Прилеп кога очигледно победата им е во џеб,при толку слаба опозиција.:toe:
 
Немаат потреба да пропагираат за Прилеп кога очигледно победата им е во џеб,при толку слаба опозиција.:toe:

Абе полека не брзај ти реков не сме толку глупи Прилепчани,памтиме се :helou:
 
Tони му беше нешто ко главен кај Андов бе,барем за Прилеп со Сашо-Цик беа неприкосновени ортаци на ДПМНЕ.Кога се префрлил кај комуњариве не знам,ама ништо не ме чуди во последно време.Инаку нема шанси човекот,да бидеме реални.Марјан со неколку улици и со 2-3 фонтани си обезбеди уште еден мандат,неприкосновено.Е сега друга е работата што заслепените Прилепчани не ни знаат што треба да прави еден градоначалник кој има 10 милиони евра буџет на располагање.Сите си мислат дека можностите и ингеренциите се само во асфалтирање на улички,правење паркчиња каде ќе ти текне,и фарбање портокалови ѕидови.Реалноста говори дека за еден градоначалник да ја обави својата функција во интерес на сопствените граѓани е,покрај улиците и фонтаните,да обезбеди вода за пиење и да нема рестрикции како во Прилеп каде водата од 2 денари се наплаќа 60 денари за индустријата.Градоначалникот треба да обезбеди инфраструктура и да привлече странски но и домашни инвеститори со тоа што ќе им создаде услови за отварање на нови работни места на своите сограѓани,а не кога ќе им ги каже трошоците на потенцијалните инвеститори тие да бегаат како некој да ги “ѕивнал“ ебаго.Инвеститорот со фабрика за помфрит ми избега како накиснат кога разбра дека за вода ќе плаќа по 60 денари од кубик.Инвеститорот за фабрика за сушење зеленчук(кромид,пиперки,домати кој ги има во изобилие) исто така ја прсна кога разбра дека нема да можам да му обезбедам 2 декари место крај магистралниот пат со струја,вода и канализација во лична негова сопственост,оти земјата државна ја бараат да сееле трева за крави или пченица од која Прилеп ќе има 10денари чист профит годишно.Финците пак што ќе развиваа селски туризам во Мариово не ни помислуваат да снимаат емисија за Фински “Сарвајвор“ па и тие избегаа како опалени,со ветување дека ќе донесат сауни во Мариово.За Прилеп треба ефтина економска зона,дури и бесплатна земја на потенцијалните инвеститори да им се даде,без да се мрчат мадиња со фонтани и детски игралишта,оти градот тоне со 28 000 невработени или окулу 50% од работоспособното население,комбинатот се задолжи дополнителни 20 милиони евра одкако Марјан е градоначалник,а трошоците на и онака малиот број фирми кој продолжија да живуркаат енормно се зголемија наместо да се намалат.Луѓето кој сакаа да инвестираат сега не гледаат никаква перспектива во овој град,каде владеат непотизмот и масовното партијско вработување како и порано.Го изнаредија со платени паркинзи,рекламни паноа со наместени тендери на секој чекор и релативно нестручни односно непотистички изведби на она што го викате “заличување“ на овој град.Можеби на гласачите ќе им текне на избори дека нивните деца немаат никаква корист од 2те фонтани ако така можат да се наречат,оти едната е чешма со споменик,без перспектива да бидат вработени во некој нов производствен погон,кога секој потенцијален инвеститор се соочува со скапи издатоци само и да помисли на некаква инвестиција.
На крај сите ќе ракоплескаат задоволни оти Марјан успеал да го зачисти градот со 10 милиони евра годишен буџет,оти им створил паркиралишта за кој сега ќе мора да платат,оти им обезбедил вода од бунари која не вреди ни 5 пари,ама главно да ја има па макар и најскапа во светот да е,кога плаќаме пола воздух во нестручно изведената и застарена градска водоводна мрежа.Ќе бидат сите среќни што детето може слободно да им сади тутун дома зошто не смее ни да помисли за друга работа зошто ја нема,и ќе живурка радосен што не мора да гази во кал како порано.
На крај сите што го бранат Марјан би ги запрашал за која директна инвестиција е заслужен лично тој како градоначалник во Прилеп,ама инвестиција која створила нови работни места во производството а не во локалната или државната администрација,би било интересно да кажат само една таква инвестиција,без разлика дали е од странски или домашен инвеститор.

Ова е правата вистина, а Маријан нема ни 0.1% сработено од ова.
Досега само даноци и давачки има направено како и неговиот „Шеф“ Гуевски кој само мисли како и на кој начин да воведе нови даноци и да направи еден режим каде само луѓето од ДПМНЕ ќе заработуаат. Кажете вие која странска инвестиција е донесена во Прилеп во овие 4 години, (нема донесено), ама знаеше да се прошета до Австралија кај брат му или во Америка да појди со неговите пријатели кој сега ги токми да бидат носители на советничката листа (во наредната прилика ќе ви ги пишам имината од советниците). Како координатор на ДПМНЕ во Прилеп го наместија Ингилизов (сегашен директор на ЗЗЗ) сите прилепчани добро ја познаваат фамилијата Ингилизови, знаат која беше неговата мајка и што направи во фирмата каде што беше директорка, за пак сега да и даде работа и да го „средуваат“ Заводот за здравствена заштита.
Ајде ве молам сите знаеме кој што е и кој е овде во Прилеп. Ама како што кажа @ABC никој не ја знае вистинската работа на градоначалникот и со 1-2 улички за жал можеби ќе добие и уште еден мандат се разбира незаслужено.
 
Исто така да се напомени дека со оние плочки пред комерцијална шо ги лупнал за фасада цел Прилеп раце,нозе и глави испокршија зимно време на мраз,ко ќе шета чоек по плочникот од комерцијална банка ко на скопско лизгалиште да се наоѓа дур и бетер е.А што се однесува до споменикот Александар Македонски статуата помала од постољето е.Кој знај шо уметник го има праено,ко Бонач од Марко Цепенков да ја има делкано то статуата.
 
Тонкана е “сончоглед“ бе,од либерал стана социјал-демократ,а пред тоа беше на пат кон дпмне-ист,кога го бркаа Столе од председател на партија.Кај се издудна сега за градоначалник,предложен од СДСМ само господ знае.:toe:

Нема врска, никогаш не бил во ЛДП или ЛП или како сакаш наречи либералите.и неможиш да речиш дека е “сончоглед“.
 
Марјан од што е божевен човек го влечка со него попот Блаже за да му ги вработи децата.Ко Груевски како што прави со Стефан така и Марјан со попот Блаже за да му ги отпeваат гревовите што му ги праат на народот на секои 5мин..Абе циркузи.:tv:
 
А бре Суисајд ајде да гласаме за Тони Петрески јас прв пат чоеков го слушам дај кажи ми жити младост кој е овој Тони Петрески.
Освен шо уверувал картончина во војното шо чколија има момчево,искуство работел како проџект менаџер некаде,знај јазици,години,бил шетнал некаде да ни примени искуства итн,итн.
Ти си дошол на школо без домашна,вака се промовира кандидат за шериф че те поткажам таму на тој шо беше главен на младина че ти го чкрапна нето.

Стварно ај да не драпам мадина кажи некоја кратка биографија како на последна страница од лектира пошто не сум во Прилеп не можам да разберам.

Кој му е прекаров на Тони?

Toa што го праша Суисајд јас ќе ти го одговорам.
Тони Петрески е роден во Прилеп на 21.10.1968 година, основно и средно образование заврши во Прилеп а додипломските студии ги започна во Сараево на факултетот за општонародна одбрана, но со почетокот на војната во поранешна СФРЈ тој се враќа во Прилеп и студиите ги продолжува на универзитетот во Скопје. Во 1995 година дипломира со просек 8.80, Во 1998 година се вработува во подрачната служба на министерството за одбрана а 2 години подоцна се запишува на последипломски студии, и заминува на стучно усовршување во Париз а после тоа и во Будимпешта. Додека трае усовршувањето тој магистрира. Од 2002 до 2007 година беше началник на подрачната служба на министерството за одбрана, во меѓувреме спрема докторска дисертација.
ТОа е тоа накратко за Тони. Ајде да видиме (ако некој знае ) Маријан што образование има.
П.С. Јас го познавам Тони 15 години и како за информација тој нема прекар.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom