Ај на 3дравје дупење...
Еден од осомничените кој го украле и демолирале автомобилот на Мојсеј Трајковски е човек на ВМРО-ДПМНЕ.
Како доказ за ова градоначалникот на Струмица Зоран Заев, денеска приложи фотографија на која министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска е фотографирана со осомниченото момче.
Фотографијата била направена лани на завршниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица.
„Министерке Јанкуловска, ова ли е причината поради која одолговлекувавте со процесот? Момчето до вас на оваа фотографија е полнолетното лице Ф.Т. кој е еден од петемина осомничени“, рече Зоран Заев кандидат за градоначалник на Струмица.
„Ќе ја повикате ли на информативен разговор госпоѓа Силвана Бонева, можеби таа има нешто да ви каже за мотивите“, додаде Заев.
Заев го праша и Мојсеј Трајковски дали дваесет и две годишното момче личело на удбаш или косовец. Трајковски денеска не беше достапен за одговор.
Според Заев, семејството на момчето добило социјален стан во времето на ВМРО-ДПМНЕ, а Силвана Бонева му наредила на началникот на струмичката полиција да заташка друго дело на истото момче.
Бонева денеска не реагираше, а без реакција остана и министерката Јанкуловска. Скоро една недела откако беше украдено и демолирано возилото на Мојсеј Трајковски, траат препукувањата меѓу Бонева и Заев.
Полицијата уапси петмина деликвенти од Струмица. Истражниот судија за А1 потврди дека сите, освен полнолетниот Ф.Т., се во 30 дневен притвор.
Реакција на министерот за внатрешни работи Гордана Јанкулоска на изјавата на Зоран Заев
Кога одлучив да ја прифатам оваа функција тоа го сторив исклучиво заради моето уверување дека Македонија има капацитет да се бори со организираниот криминал и граѓаните заслужуваат да живеат во правна држава.
Секојдневно се трудам да докажам дека граѓаните заслужуваат политичари кои потекнуваат од нив и работат исклучиво за нив. Политичари кои не бегаат, не се кријат и кои постојано им се достапни. Моето присуство меѓу граѓаните, како во конкретниот случај, само го потврдува фактот дека сум отворена за сите, но истовремено дека законот подеднакво важи за секого .
Немав предрасуди да седнам на иста маса и со господинот Заев, иако истиот беше осомничен за криминал тежок 8 милиони евра. Без разлика на моралниот аспект, одлуката на Црвенковски да го аболицира осомничениот, беше во рамки на неговите овластувања и за мене беше поважно договарањето на фер и демократски избори. Навистина ги ценам неговите пофалби за работата на полицијата при расветлувањето на случајот со демолираниот автомобил и истите ги толкувам како признание за професионално собраните докази од страна на истите тие припадници на МВР во случајот „Глобал“.
Што се однесува до објавувањето фотографии од лица за кои г-динот Заев смета дека се осомничени, истите би ги упатила да се обратат до експертите од НВО-ата, кои пред неполна година застанаа во одбрана на осомничениот Заев, за да побараат помош во тужбата против Заев за нарушување на нивната пресумпција на невиност. За крај би апелирала г-динот Заев да се придржува до договорот за фер и демократски избори и во својата предизборна кампања да не ги злоупотребува државните институции и функцијата градоначалник која се уште ја врши.
Как шо можам да видам еденјо е Филип германчето.