Синоќа почина доктор Петар Бачев доктор хирург од Струмица(родум од село Костурино).Роден 1939 година во сиромашно семејство кое се бори за егзистенција.Во 1945 година на власт доаѓа Комунистичката Партија на Југославија и почнува да врши тортура врз семејството на доктор Бачев со прогонување од родните огништа и ги преселувале од град во град каде што тој и неговата фамилија(неговите постари браќа)биле измачувани до бесвест се додека не се откажат од црквата,од ВМРО,и од својот МАКЕДОНСКИ ИДЕНТИТЕТ.Неговите постари браќа принудени од лошата ситуација во која се наоѓале, не сакајќи да се одрекнат од Македонизмот што го носат во себе емигрирале во Америка каде што денес уште живеат и го подддржуваат Македонскиот Народ во идеите за зачувување на ИДЕНТИТЕТОТ.Доктор Бачев ги издржал сите маки од комунистите и од Тито и во ниту еден момент не подлегнал под нивно убедување.Се школува како доктор и специјализира за Хирург.Во 1990 година е еден од основачите на ВМРО ДПМНЕ во Струмица и нејзин член се до неговата смрт.од осамостојувањето на Македонија е член на советот на општината од ВМРО ДПМНЕ,а од 2000 до 2004 и претседавач на советот на општината.Во период од 1998-2003 ја извршува и функцијата заменик директор на Струмичката болница.Во 2005 се пензионира и завршува неговата кариера во медицината.Автор е и на неколку книги.
Ова го напишав на темата со оглед на големиот број на посетители на истата,со цел да му оддадеме почит на почесниот член на ВМРО ДПМНЕ д-р Петар Бачев.ги молам сите наши членови на форумот денес да се воздржат од коментари со што ќе му оддадеме голема почит.Може да коментираме само во врска со него односно наместо да аргументираме за Заев да му оддаваме почит.
ПОЧИВАЈТЕ ВО МИР ДОКТОРЕ!
ВМРО ДПМНЕ ОД СТРУМИЦА ВЕЧНО ЌЕ СЕ СЕЌАВА НА ВАС И НА ВАШИТЕ ДОБРИ ДЕЛА,И ЌЕ ЗНАЕМЕ ДА ГО СОЧУВАМЕ ОНА ШТО ВИЕ НИ ГО ОСТАВИВТЕ ПРЕД ДА ЗАМИНЕТЕ. СИЛНО И ЈАКО ВМРО ДПМНЕ.ПОБЕДАТА НА 22 МАРТ ВИ ЈА ПОСВЕТУВАМЕ САМО НА ВАС,И ЌЕ БИДЕМЕ ОБВРЗАНИ ДА ПОБЕДИМЕ!