Јуве има три големи имиња на шопинг листата!!
Италијанските медиуми откриваат дека Јувентус има три големи имиња на шопинг листата за летниот трансфер пазар.
Торинскиот весник
Tuttosportобјави дека Старата Дама за ова лето има трансфер листа од три големи имиња. Весникот вели дека Јуве ќе се насочи кон
Алберто Аквилани, Рикардо Кварезма инапаѓачот на Сарагоса, Диего Милито.
Играчот на Рома, Аквилани сеуште нема потпишано нов договор и тоа го прави атрактивен за неколку клубови а Јувентус е најзагрен за неговите услуги.
Рикардо Кварезма најави заминување од Порто, а управата на клубот го гледа како одлично засилување на крилните позиции иако неговата висока оштета може да претставува мал проблем.
Последниот играч на листата е Диего Милито кој би требало да пристигне во Торино доколку Јакинта се реши да го напушти Јуве бидејќи Палермо и Рома веќе се распрашуваат за можноста да го ангажираат поранешниот играч на Удинезе.
Tuttosport вели дека покрај овие три големи имиња, Јуве ќе се обиде и да го ангажира и
Арда Туран.
Играчот на Галатасарај игра во одлична форма на ЕВРО 2008 и управата на Старата Дама за неговите услуги ќе ги понуди
Џонатан Зебина и Серхио Алмирон.
Леле ова ако се деси не знам што ке стани од Јуве... WoooooW