Serpico
Сковинистратор / I'm Batman
- Член од
- 25 јануари 2007
- Мислења
- 11.166
- Поени од реакции
- 691
- Возраст
- 39
Кирил Трендафилов - Нанче, ќе биде кандидат за градоначалник на Охрид на најголемата владејачка партија, ВМРО ДПМНЕ, на претстојните локални избори. Како што дознава Ohridnews, одлуката била донесена на седницата на Извршниот комитет на партијата синоќа во Скопје, со што заврши неколку месесечната внатрепартиска процедура за избор на кандидат за градоначалник. Истата била прифатена од највисоките партиски органи.
Со кандидатурата на Нанче познати се градоначалничките адути на големите политички партии во Охрид: СДСМ ќе настапи со актуелниот градоначалник Александар Петрески, НСДП со Ацо Попоски, ЛДП со Боро Павлоски, а ВМРО ДПМНЕ со Кирил Трендафилов. Во најава е и најмалку една независна кандидатура, а се споменува името на Владо Рувинов - Љац.
Кирил Трендафилов беше кандидат за градоначалник на Охрид и пред 4 години кога загуби во дополнителниот круг гласање од актуелниот градоначалник, Александар Петрески. Нанче ја оспори победата на Петрески, а во знак на незадоволство неговите симпатизери одржаа повеќе мирни протести низ улиците на Охрид. Нанче во 2005 година беше кандидат на ВМРО НП, а сега ја добива довербата од ВМРО ДПМНЕ.
Локалните избори ќе се одржат на 22 март, а кампањата започнува на 2 март.
Извор: Охридњуз
Изненадувачки, имајќи во предвид на сите досегашни имиња кои се споменуваа како можни кандидати на владеачката партија за Градоначалници на Охрид, како пратениците Цветко Гроздановски и Анита Кипаризовска, директорот на Охридско лето Тони Симоновски, секретарот на министерството за животна средина Дејан Пановски (ми се чини дека беше секретар), па дури и Трајко Славевски - од што се гледаше дека дпмне сака да го добие Охрид по секоја цена.
Нанче како кандидат на НП во 2005-та имаше завидна кампања, медиумски можеби една од најдобрите во Македонија, а изборите ги изгуби за мала разлика во гласовите, после сите изборни перипетии во градот, кога дпмне го поддржа независниот кандидат Венко Шапкар, кој во вториот круг јавно ја искажа својата поддршка за Александар Петрески - актуелниот градоначалник.
Повеќе од моите лични согледувања, во наредниот период.
Силен кандидат извади дпмне, интересна трка ќе биде.