- Член од
- 7 октомври 2008
- Мислења
- 6.055
- Поени од реакции
- 6.443
Администрацијата пред експлозија од вработувања
Квалитетот на јавната услуга е на најниско ниво откако Македонија стана независна
Катица Чангова
„Секој ден сретнуваме нови лица. Канцелариите се преполнија. На едно биро по тројца. Ходниците станаа шеталишта. Доаѓаат, пијат кафе и одат. Немаат никакви обврски, само им пречат на другите. Плата и тие и ние. Изгубивме секаков мотив за работа“.
Вака се жалат долгогодишни државни службеници во министерства, фондови, дирекции... кои веќе одамна престанале да прашуваат кои се новите лица. Признаваат дека ваквата ситуација е вообичаена пред избори, но дека сега, пред претседателските и локалните избори, се случува вистинска експлозија од партиски вработувања.
Претрупани со нововработени се ресорите за труд, образование, култура, земјоделство, правда, финансии, како и органите кои се во нивниот состав. Службениците од повеќето министерства работат во различни згради.
Правните аналитичари велат дека е жално тоа што невработеноста во Македонија се решава пред избори. Имало потреба или не, секоја владејачка гарнитура масовно вработува пред избори, и на централно и на локално ниво. Во најголем дел преку агенциите за привремени вработувања, што остава простор за субјективно одлучување и не обезбедува фер конкуренција.
Вработувањето во јавниот сектор е еден од најстабилните начини на издржување, коментираат експерти. Затоа младите и невработени сонуваат да станат службеници. Партиски војници се вдомуваат во државни и локални служби кои остануваат таму за мала, стабилна и редовна плата, но и за сигурно место до крајот на работниот век.
И наместо да се преполови бројот на администрацијата во согласност со стратегијата за реформи во јавниот сектор од 1999 година, во Македонија неконтролирано се зголемува. Ако трендот не престане, тогаш нема да е чудно сегашната армија од 130.000 јавни и државни службеници за неколку години да се надуе до 150.000 лица, предвидуваат аналитичарите. Затоа, велат тие, 50 отсто од сите буџети на Македонија, почнувајќи од 1991 година, а од последниот дури 60 проценти, се наменети за плати. Штом народната каса се троши за плати, а не за развој, тогаш парите одат во бунар и пропаѓаат. Буџетот не е само за стомак.
Правичната застапеност предизвика вештачки вработувања. Во стручни служби се влегува со партиски списоци. За рамковните категории неважечки се критериумите од Законот за државни службеници, конкурс, тестирање, принципите стручност и компетентност. Приватните универзитети штанцуваат дипломи. Експерти велат дека квалитетот на јавната услуга е на најниско ниво откако постои државата.
Дека ова не е фатаморгана потврди и Државниот завод за ревизија во финансискиот извештај за Владата, констатирајќи дека била направена погрешна процена во рамковните вработувања и буџетска дупка од 130.000 евра кои отишле на плати. Надлежните министри донеле одлука за нови вработувања без да ги имаат предвид слободните работни места, соодветната стручна подготовка, просторните услови. Основен критериум бил процентуалната застапеност на заедниците.
Ситуацијата со „правичната застапеност на заедниците“ била толку хаотична што дел од новите со месеци примале плата, а не можеле ниту физички да присуствуваат на работното место.
Но, припадниците на етникумите ги оценуваат како голем успех вработувањата според Рамковен, бидејќи на тоа се работело долги години. Доделувајќи 240 решенија за работа на заедниците во јавната администрација, кои се резултат на првиот конкурс објавен откако ДУИ стана коалициски партнер во Владата, вицепремиерот за Рамковниот договор, Абдулаќим Адеми, нагласи дека од „нивниот придонес зависела иднината на Македонија“.
„Таму каде што ќе работите не треба да бидете во служба на некоја партија или интересна група, ниту во служба на средината во која работите и на вашите пријатели, туку во служба на сите граѓани на оваа држава. Во една држава партиите и носителите на власта доаѓаат и одат, државната администрација останува и таа треба да се потпира врз нејзината професионалност, а не на групната поддршка“, истакна Адеми.
Во тек е интервјуирањето на кандидатите од вториот конкурс, на кој треба да се вработат 330 припадници на помалите етнички заедници, а пред неколку дена е затворен и конкурсот за пријавување дополнителни 290 лица.
Од вкупно вработените во државната и јавната администрација, јавните претпријатија и фондовите, како и локалната самоуправа, треба да се скастрат 60.000 лица, односно да останат само 70.000. Голем баласт има во здравството, каде што од 25.000 вработени, само 12.000 се бели мантили. Интервенција е неопходна и во образованието, во кое од 34.000 лица, само 16.000 се вклучени во наставно-образовниот процес.
„Еднаш мора да дојде Тачер и во Македонија. Во 80-тите години на минатиот век Маргарет Тачер направи крупни административни реформи. Тоа ја подигна економијата на Англија на ниво на Франција и на Германија. Поради незадоволството од овој процес, Конзервативната партија се' уште не може да се врати на власт во Англија“, коментира деканот на Правниот факултет и професор по управно право, Борче Давитковски.
Тој додава дека вистинска реформа подразбира секторско утврдување на превработеноста. И дека мора да се пресмета колку чини едно решение за вработување.
„Секое место треба да е економски исплатливо. Така треба да се темпираат вработувањата“, вели Давитковски и посочува дека единствена шанса за Македонија да го затвори ова поглавје се исполнувањето на европските барања за мала и ефикасна администрација.
Во Македонија, заклучно со ноември 2008 година, се вработени 13.134 државни службеници на централно и на локално ниво, вели генералниот секретар на Агенцијата за државни службеници, Методија Димовски.
„Во државните институции има вработено 10.653 службеници, а во локалната самоуправа 2.481“. Тоа, тврди тој, е релативно мала бројка на државни службеници или 1,16 проценти од активното население кое, според статистичарите, во третиот квартал од 2008 брои 925.073 лица.
„Во студија на Европскиот институт за јавна администрација кај новите членки на ЕУ постојат големи разлики во големината на државните служби во однос на вкупно активното население. Повеќето нови членки на ЕУ имаат релативно мали централни државни служби, во Полска само 0,89 отсто се државни службеници. Словачка преферира 2,3 отсто државни службеници, 3,6 отсто се во Летонија, 5,9 отсто во Чешка. Во Словенија 17 проценти од активното население се државни службеници, а во Малта дури 22 отсто“, наведува Димовски.
За тоа дека од 2005 година масовно се вработуваат државни службеници доволно е да се посочат бројот на објавените огласи и бројот на извршителите што го евидентирала Агенцијата за државни службеници.
Во 2005 биле објавени 179 огласи за вработување на 986 државни службеници, една година потоа таа бројка е 208 огласи за 1.002, за во 2007 да скокне на 320 огласи за 1.967 вработувања. Во текот на 2008 биле објавени 296 огласи за вработување на 2.416 државни службеници.
„Агенцијата е уверена дека воспоставениот систем за селекција и вработување на државни службеници нуди високи гаранции за квалитетен избор“, уверува Димовски
http://utrinski.com.mk/?ItemID=9CE6E19E94B99B4C944DDBE1F7C929F4
Znaci ne se samo Albancite krivi ima nesto i vo PARTISKITE i PREDIZBORNITE VRABOTUVANJA...