Убаво спомна Гарфилд, луѓето или имаат, или немаат храброст. Родени се како такви, и сигурно нема да се сменат само за ова.
Ако ти е драга личноста, иако сакаш да ја прекинеш врската со истата, како - не знам, но дефинитивно мора во четири очи такво нешто да се направи. Секоја друга алтернатива, било да е телефон, MSN, или штознам јас, би завршила со катастрофа. Првата мисла што ќе помине низ главата на таа личност е дека не ти значи доволно ни за во лице да му/ѝ го кажеш тоа. А ако ти е драга личноста, тогаш, логично, не сакаш такво нешто да направиш.
Не би рекла дека или ја имаат или ја немаат, во спротивно тие што ја немаат што ќе прават цел живот? Се менува тоа.
Инаку се разбира МСН, телефони, пораки, гулаби писмоносци, стројници, скраја да е јас сум најголем противник на тоа.
Еeee, тоа е емотивна личност, со голема емпатија.

За другите е супер, за себе е лоша.
Има некаде каде може да се продаде емпатијата, на пример на ebay?
Абе Марија бе Марија... А баш фино си беше детето.
Тебе не ти треба храброст, млада дамо, тебе ти треба причина. Тоа што нешто не „кликнало“ не е причина што би го задоволила партнерот при раскин затоа што секој сака конкретно комплицирано објаснување и никој не е задоволен од наједноставните одговори.
Кога си со некого и по некое време едноставно престануваш да го сакаш, при раскинувањето таа личност нема да се задоволи со одговор „едноставно не те сакам“. Полесно ќе му биде ако речеш на пример дека те гуши неговата љубомора или дека си сретнала некој друг.
Затоа, од искуство те уверувам, мораш да изнајдеш причина.
Е па тоа е она што ме мачи. Што нема комплицирано објаснување. Едноставно не е тоа тоа. И едноставно е. Како да го искомплицирам, кога е премногу едноставно. И не знам како едноставното да го соопштам. Затоа викам не знам како да се собере храброст.
А потешката варијанта е таа навидум едноставната, а која тебе ти претставува мака, а тоа е да го седнеш и да му кажеш дека не сакаш веќе да бидете заедно.
Биди сигурна дека и вака ќе бара причина, ама признај дека е полесно да му раскинеш зошто ти се раздрал за некоја ситница, отколку кога е најкоректен и нема очигледна причина за кавга.
Ама проблемот е што нема ниедна причина, ниту се раздрал, ниту сме се расправале. А не можам да го лажам и да му кажам на пример дека е заради друг, кога тоа не е е точно, ниту да му кажам на пример дека ме гуши љубомора, кога и тоа не е точно. Не ме бива за измислување причини, така бетер ќе испадне.
Друга олеснителна околност е што не сте заедно долго време, а познавајќи ве и двајцата, можам скоро со сигурност да тврдам дека крајот ќе биде најмирен што може без никакви несакани „инциденти“.
Е па целта ми е се да помине мирно и глатко и сакам да останеме во супер односи, затоа што како што кажав човекот е супер, ама буквално не клика. Некомпатибилност едноставно.
Ако се држиш за искрениот, тешкиот начин, стисни зуби, јави му се, викни го на кафе и најпријателски без кнедли во грлото кажи му дека веќе не е тоа тоа и дека најдобро е да се разделите.
Епа тоа е целата поента за темава. Како да се стиснат забите, како да се собере храброста и како да му го кажам сето тоа.
Затоа што сметам дека да се раскине една врска, колку толку потребна е храброст. Еве храброст нека е драматичен збор. Потребно е да стиснеш заби како што велиш, ама не сите луѓе знаат како да ги стиснат забите, некои од преголем стисок, забите ќе си ги искршат (метафорички нормално

)
Прво, да се разбериме. Јас не наметнувам мислење, само го искажувам сопственото. Е сега... Во секој случај, доколку едната страна потпаѓа под такви колебања при тет-а-тет средбата, според мојава логика, сеуште е емоционално недефинирана кон спротивната. Во моментот кога ќе се доведе конечна одлука, базирана на разум, а не колебливи емоции, и која ќе биде водена од целокупната ситуација, а не од релативната „сегашност“, таквите колебливи мисли, и паралелно со нив, немањето на храброст, ќе исчезнат.
Конечната одлука е донесена и таа најпрвин беше донесена од разумот, а потоа потврдена со емоциите. Нормално, не станува збор за наметнување мислења, напротив, одве разменуваме мислења, нели?:smir:
Колебања при тет - а - тет средбата чисто, од моја гледна точка зборам, не е заради емоционална недефинираност, него заради страв, недостаток на храброст и тешкотија да се стави точка. Особено еве јас, никад немам прекинато врска, не знам како треба, се сплеткувам едноставно, ја немам таа храброст, не сакам да се осеќа глупо. Знам дека не треба да се одолговлекува, ама ко ној у песок сум со главата.