Како да се собере храброст?

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
Колку порано прекинеш, тоа подобро за тебе (егоизам де :)).

А и за другиот... нема да почне да лета во облаци. Има некои што со месеци не можат да соберат храброст, а во исто време има некои што брзо и лесно одлетуваат на 7мо небо. :)
 
А што кога не направила личноста ништо лошо, туку ете по игра на случајност нешто не “кликнало“?:toe:

Всушност, тоа е уште полошо. Ако си свесна дека не "кликнало", тоа значи дека до таа состојба сте дојдени, не поради начинот на кој што се однесувате вие во вашата врска, туку поради тоа што вие сте.
Едноставна некомпатибилност.
 
Ми се случи еднаш вакава ситуација ама тогаш имав 18 години и поим немав како да му кажам на дечковоп дека неможам бре веке да се гледам со него!!! И незнаев се мислев, па барав совети, ке соберев демек храброст па ке се решев ај на телефон ке му кажам, и збораммммм, зборамммм и на крај пак ништо нема да му кажам.
И се решив еден ден да му кажам како така најдов сила, арно ама......ме зезна и ми олесна она на мене прв ми кажа дека не сакал да се гледаме, немаше смисла да му објаснувам дека јас сум го мислела веке подолго веме истото, битно ме спаси од објаснување.

А сега е веке друга приказна, му кажувам јасно и гласно дека веке вака или така не иде, не собирам храброст, претрпев многу за да се мислам како да му раскинам на некој, сега тоа е еден од најмалите проблеми:pos2:
 
А сега е веке друга приказна, му кажувам јасно и гласно дека веке вака или така не иде, не собирам храброст, претрпев многу за да се мислам како да му раскинам на некој, сега тоа е еден од најмалите проблеми:pos2:
незнам дали си во врска или си имала долга врска, ама после 1-2 години заедно е многу тешко раскинувањето.Претешко е да му објасниш на некој кој толку те сака и го сакаш, некој со кој си поминала толку време заедно, дека е крај и одеднаш не сте заедно веќе.
 
Одсекогаш, некои ме праеле будала коа ќе сум прокламирал вакви работи. И сеедно, сум преживеал, па ќе си го речам и овде зборот...

Храброста настапила во тој момент, кога личноста почувствувала дека треба да раскине. Според мене, поголема храброст е потребна за соочување со самиот себеси и сопствената емоционална состојба, одколку искажување на истото на другите, т.е. на спротивната страна. Даље, кога веќе сум се сложил со погоре напишаново, би се довел со момент кога ќе застанам пред личноста, и без никакви потиснувања и интерни блокови ќе го кажам она што имам да го кажам. Да - најпросто - со депилиран јазик. За врска се потербни двајца, за прекин, исто така. Вината не би ја барал во мене (а зошто побогу би, доволно е барана од другите, нели?...колку и тоа себично да звучи, се ослонувам на сува реалност), нити пак во неа, и понајмалку не би обвинил за да дадам изговор за мојата желба за прекин на врската. Едноставно е - работите функционираат. Или, не функционираат. Љубовта - ја има, или ја нема. Не постои средина. Постоењето на љубовта е една од ретките работи во животот кои имаат патерн на шаховска табла. Фактот дека таа, во овој случај не постои во една врска, е повеќе од доволен за прекин на врската. Без никакви објаснувања, оправдувања, што и да е...

И уште една работа. Ако веќе се бара храброста, подобро нека се најде со повреме. Оти, не постои нешто полошо од одолговлечено раскинување и одржување врска само на темел на линија на најмал отпор: „Ајде, може од утре ќе биде подобро, уште денес не викам ништо...“. Ајде, не размислувајте за доброто на партерот. Бидете малку егоисти, размислувајте за себе. Дали вие би сакале да го чувствувате тоа измачување?
 
незнам дали си во врска или си имала долга врска, ама после 1-2 години заедно е многу тешко раскинувањето.Претешко е да му објасниш на некој кој толку те сака и го сакаш, некој со кој си поминала толку време заедно, дека е крај и одеднаш не сте заедно веќе.

Wait, what?
Да беше таква ситуацијата, немаше да има потреба од раскинување, нели?
 
Храброст не се собира, таа или се има или се нема...во дадените моменти и ситуации!
 
Хмм едно од најкомлицираните прашања кои ме мачеле, ме мачат и ќе ме мачат до крајот на животот. Тешко е но еве некое решение кое брат ми пред да си замине во друга земја ми го кажа.
Средбата тет а тет и вадење картите на маса. е најдобро решение. Тогаш си сигурен/на на што си. Ќе ги видиш неговите/нејзините реакции во самиот момент. Најмалку се шансите да се залажувате. Но... резултатите иако резултатите се најдобри притоа цената им е најскапа. Боклата е доста силна но и краткотрајна.
Следната ситуација е преку порака (електронска, пишана, Email)
Да... ова е помалку тешко да се стори но што потоа? Што ако тој/таа не сака да раскинете? Ќе те влечка во неизвесност, нема да се знае на што си... И на крја ќе изгубиш многу време во болка која можеби нема да биде толку силна но на крај краева ќе ти се качи на глава и ќе ти ја црпи самодовербата. Во превод - тивка смрт.
Ако немаш доволно храброст па сакаш да раскинеш преку пријател.... тотална глупост. Никогаш немој да се ослонуваш на трета сила која веруваш дека може да помогне. Нема да ти помогне од проста причина што е човек. А човекот знае да згреши, да лаже во своја корист. Така да....
 
незнам дали си во врска или си имала долга врска, ама после 1-2 години заедно е многу тешко раскинувањето.Претешко е да му објасниш на некој кој толку те сака и го сакаш, некој со кој си поминала толку време заедно, дека е крај и одеднаш не сте заедно веќе.

Не сум во врска, а сум имала долга врска и тоа дали ке биде тешко да му кажеш или не најверојатно зависи од тоа како ти сама си ги прифакаш работите, мене лично не ми претставував проблем да му кажам како стојат работите.
 
Едноставна некомпатибилност.

Да, ама како тоа да го изусти човек.
zarem i za ova e potrebna hrabrost?:pipi:

Замисли, да.
Храброста настапила во тој момент, кога личноста почувствувала дека треба да раскине.

Со поголемиот дел од работите во постот се сложувам, ама цитираново ептен ми падна во око, па затоа сакав да продискутираме... Не би рекла дека храброста настапила во моментот кога личноста осетила дека треба да раскине. Затоа и напоменав и во првиот пост. Ете, одлуката за раскинување е донесена, личноста знае дека треба да раскине и во нејзиниот мозок се е совршено јасно (а и со емоциите е на чисто) и излага се упатува кон договореното место и кога го гледа како и се смее, и исчезнува и храброст и се и не може да изусти дека сака да раскине. Затоа и прашањето е како да се преброди таа криза, таа блокада, како да се добие храброст.
 
Да, ама како тоа да го изусти човек.

Колку и да е едноставна ситуацијата, или пак комплицирана, на крајот на краиштата зависи од самата личност.
Се разбира дека не е лесно да се раскине врска. Особено подолга. Но, кога не оди - едноставно не оди.
Убаво спомна Гарфилд, луѓето или имаат, или немаат храброст. Родени се како такви, и сигурно нема да се сменат само за ова.
Ако ти е драга личноста, иако сакаш да ја прекинеш врската со истата, како - не знам, но дефинитивно мора во четири очи такво нешто да се направи. Секоја друга алтернатива, било да е телефон, MSN, или штознам јас, би завршила со катастрофа. Првата мисла што ќе помине низ главата на таа личност е дека не ти значи доволно ни за во лице да му/ѝ го кажеш тоа. А ако ти е драга личноста, тогаш, логично, не сакаш такво нешто да направиш.
 
Ете, одлуката за раскинување е донесена, личноста знае дека треба да раскине и во нејзиниот мозок се е совршено јасно (а и со емоциите е на чисто) и излага се упатува кон договореното место и кога го гледа како и се смее, и исчезнува и храброст и се и не може да изусти дека сака да раскине. Затоа и прашањето е како да се преброди таа криза, таа блокада, како да се добие храброст.

Еeee, тоа е емотивна личност, со голема емпатија. :) За другите е супер, за себе е лоша.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom