Евровизија '09

  • Креатор на темата Креатор на темата јовица11
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Кој знај каде може да се симне албумот на Александар Рибак - Fairytales ?
 
Извор

Завчера, неколку часа пред почетокот на финалната вечер на Евровизија, московската полиција уапси 30-ина мирни демонстранти кои излегоа јавно да го искажат своето незадоволство од начинот на кој рускиот државен систем се однесува кон хомосексуалците. Протестите беа резултат на одлуката на московскиот градоначалник да не дозволи геј-парада во рускиот главен град, нарекувајќи го таквиот можен настан како “ѓаволска опседнатост“. Британскиот борец за правата на хомосексуалците, Peter Tatchell, се најде помеѓу уапсените.

Во исто време, полицијата ги дозволи протестите на група националисти, фашисти и религиозни групи, кои протестираа против одржувањето на геј-парадата. Тие претходно се заканија на московскиот градоначалник Yuri Luzkhov дека ќе ги земат работите “во свои раце“ ако полицијата не интервенира. За време на спроведувањето од страна на полицијата, Tatchell извикуваше дека со ова се покажува дека луѓето во Русија не се слободни.

Организаторот и водач на кампањата, Nikolai Alexeyev, беше исто така приведен и задржан од полицијата.
_45782664_007272998-1.jpg


Како што е познато, изборот на песна на Евровозија, традиционално привлекува голем број на геј-фанови, така што геј-активистите во Русија видоа можност за прикажување на вистинската слика на Русија пред камерите на сите поголеми светски телевизии.


Ок е мислењево, ама сепак мислам дека местото му е во Политика и ВЕСТИ, или па во темата за хомосексуалци, а не во оваа за Евровизија!
 
Македонија и Србија оваа година жртви на новиот начин на гласање.

Оваа година Македонија и Србија не се пласираа во финалето на ’Евровизија’ поради новиот систем на гласање. Имено, откако биле објавени резултатите од двете полуфинални вечери според кои Македонија и Србија од публиката добиле доволен број да се квалификуваат во финалето, меѓутоа, според новите правила публиката одлучува за само првите девет финалисти. Резервното жири има право врз основа на своето мислење ја избере десеттата песна која ќе влезе во финале. Во првата полуфинална вечер Македонија со 45 бодови беше на десеттото место според изборот на публиката, но на жирито повеќе му се допаднала финската песна која на тој начин се пласирала во финалето, а која со СМС гласовите беше на 12 – тото место. Во второто полуфинале српскиот претставник добил 60 бодови од публиката, што ги смести на десеттото место, меѓутоа жирито му дало предност на претставникот на Хрватска.
 
Интересна е песната на Норвешка, мислам дека си заслужи победа, се одвојуваше некако од сите други кои веќе ми се на некој начин досадни , зошто сите имаат сличен ритам и настап. Ова беше баш приказна :)
A и многу ми е криво што не влегоа нашите а влегоа далеку полоши песни, но најважно е дека не претсавија во најдобро светло , браво!:smir:
 
Ихааа, над 1000 мислења а јас ништо не сум пишал на темава :)

Јас лично хејтам евросонг од одамна. Посебно интересно е новото правило со кое скандинавците си ги фураат своите до финале :)

За жал премногу државни пари се трошат за нечии ќејфови, така да тешко дека ќе го видам денот кога Македонија официјално ќе се откаже од овој „натпревар“.
 
Абе грузија ќе победеше да не ја исфрлија од изборот :)





Ставрно многу модерна песна и убав ритам. Хит ќе биде песнава гарантирам.
 
Треба нареден пат да им пуштиме магаре некое да рика на бината па заслужено да ја исфрлат Македонија од финале. И веќе да не се појавуваме.:kafe:
 
Треба нареден пат да им пуштиме магаре некое да рика на бината па заслужено да ја исфрлат Македонија од финале. И веќе да не се појавуваме.:kafe:

Сега не исфрлија незаслужено,кхм.

Ај да речевме бар дека песната звучеше феноменално на македонски - па да не ја преведуваме.
Ама кога некого го мрзи да ја среди за и Европа да разбере (која пазете, е целна публика која треба да гласа), ја пративме само ние да си ја разбираме.

Без разлика дали сме биле 10ти па не исфрлиле, гледајте го тоа вака - можеби ни направија услуга, да не се резилиме како Британија во поранешните години.
 
Песничката што победи не е лоша, интересно музиче има.

Ама некои други земји што влегоа во финале, а и некои други финалисти што се пласираа високо имаа мизерија од песни. All in all, многу неквалитетен избор.
 
Сега не исфрлија незаслужено,кхм.

Ај да речевме бар дека песната звучеше феноменално на македонски - па да не ја преведуваме.
Ама кога некого го мрзи да ја среди за и Европа да разбере (која пазете, е целна публика која треба да гласа), ја пративме само ние да си ја разбираме.

Без разлика дали сме биле 10ти па не исфрлиле, гледајте го тоа вака - можеби ни направија услуга, да не се резилиме како Британија во поранешните години.



Абе не треси кога босна пееше на босански па пак влезе и 9 место беше во финалето, исто така и португалија пееше на нивни јазик и влезе во финале. што има врска на кој јазик пееш?
 
Абе луѓе, нема врска каква песна имавме! И лани и оваа година не' тргнаа од финале да си стават скандинавска земја. Треба ептен јаки бодови во полуфинале да имаме и да не сме 10ти, па да не им дадеме шанса да не' избркаат. А ако останеме на нивна милост и немилост, сигурна сум дека што и да пратиме ќе не' исфрлат.
 
Абе не треси кога босна пееше на босански па пак влезе и 9 место беше во финалето, исто така и португалија пееше на нивни јазик и влезе во финале. што има врска на кој јазик пееш?

И Србија победи со Молитва, не знам како тоа не ми го бапна во лице :)

Но, има разлика од "песна на странски јазик" и "песна на странски јазик".
Навистина - не мора се биде во текстот, ако имаш композиција, аранжман или пејач, за да дојде до израз песната.
 
Абе луѓе, нема врска каква песна имавме! И лани и оваа година не' тргнаа од финале да си стават скандинавска земја. Треба ептен јаки бодови во полуфинале да имаме и да не сме 10ти, па да не им дадеме шанса да не' избркаат. А ако останеме на нивна милост и немилост, сигурна сум дека што и да пратиме ќе не' исфрлат.

Точно.Но, за да ги добиеме тие јаки поени треба да имаме солидна песна, настап, и се останато што е потребно за да успееш.Со љубовни лимонади ко Нешто што ке остане само ке се надеваме и искрено ке посакуваме да се најдеме во финале, а вистината ке биде многу по различна од она што ние го сакаме.И аман доста веке прекинете да барате вина во другите.Самите сме си одговорни и самите треба да си се соочиме со последиците.
А да се правеа “местенки“ ке ги имаше и на Јуниорскиот евросонг.Зашто таму никој не се жали за местенки,малверзации итн?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom