Евровизија '09

  • Креатор на темата Креатор на темата јовица11
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Еве скриншат од еден лог пред некој ден со другар шо праев муабет.
И само ми прати линк од јутуб до норвешката песна и рече оваа ќе победи...

И синоќа стварно Норвешка тепаше, не ми се веруеше дека погоди другаров. :pos:

e6rp4w.jpg
 
Македонија доби:

6 поени од Швајцарија, 6 од Турција, 8 од БиХ, 2 од Романија, 10 од Бугарија, 3 од Чешка и 10 од Црна Гора.

Повеќе овде.

Еее ние на турција им дадовме 12 а они на нас 6 што е прамлку и од босна барем 10 да сме земале и кај се иселиниците од шведска кои имаат змија во џеб па не гласале некој поен да иамвем и сигурно ќе бевме 9 место и ќе имавме влез во финале. Значи дијаспората потрфрлила тоа е факт.
 
Победата е 70 проценти заради неговиот неодолив изглед, 20 посто заради песната и 10 проценти заради текстот. Во секој случај-очекувано. Не ми беше фаворит за на сцена, но веројатно на цела Европа им бил фаворит за во кревет. Тоа е пресудното во случајов. Ајде, next time, следната година пак ќе испишеме 80 страни...

Знам дека за вкусови не се коментира, но дечково да имал неодолив изглед... :tapp: ко да го собрале од Палестинско предградие.
2csh0ns.jpg

Ако судиме според изгледот имаше далеку поатрактивни машки,а да не зборам за девојките на оваа Евровизија.
Песната е во ред, но никако не е достојна за толкавиот број поени и победата воопшто.

-Песната во 60% победи поради доброто лоби на Норвешка и очигледното купување на 12ки.
-20% поради неговото Белоруско потекло за кое гласаа земји од екс-СССР
-20% од комшиските релации меѓу Скандинавците+Балтик земјите.

Дека се е политика и купување гласови покажува не само тенденциозното гласање, туку и традиционалното лоби кое ја држи Евровизијата во “заложништво“ меѓу земјите на Скандинавија и СССР.

Самото ставање на Финска, на нашето место говори само по себе.
 
Самото ставање на Финска, на нашето место говори само по себе.

Еми главниот на Евровизија е Швеѓанец. Шведска си се пласира нормално, па мораше да повлечи некој врски та свињата СТОКАлиус и да ја пикни Финска, која во финалето заврши последна :pos2:
 
Еве скриншат од еден лог пред некој ден со другар шо праев муабет.
И само ми прати линк од јутуб до норвешката песна и рече оваа ќе победи...

И синоќа стварно Норвешка тепаше, не ми се веруеше дека погоди другаров. :pos:

e6rp4w.jpg

па ништо чудно најголем фавоти беше уште пред 1 месец ако не и повеќе..
 
Да ви кажам мене ми се напраи меракот што победи Норвешка.
 
Marcel Bezençon Awards 2009

Press Award: Alexander RYBAK - "Fairytale" - NORVEGE
Composers Award: REGINA - "Bistra Voda" - BOSNIE & HERZEGOVINE
Artistic Award: Patricia KAAS - "Et S'il Fallait Le Faire" - FRANCE

А приметивте при гласањето кога се вклучуваа во различните земји ја прескокнаа Норвешка и ја оставија за крај? Инаку 12 поени за типката од МТВ поради тоа што ниту еднаш не го рече името на нашиот јужен сосед. Кој гледа Евровизија заради песните стварно има проблем со слухот...најозбилно. Песниве се срање.
 
Имате на Википедија каков бил конечниот пласман во полуфиналните вечери . Македонија била 10та, а место нив биле пуштени Финска која вчера завршила на последното место . Смешно е што Србија исто така била 10та, но жирито одлучило место нив, Хрватска да отиде во Финалето која иначе била 13та со 30 бода помалце од србите . . . . низок удар а ?! :) Иако мислам дека не е во ред овој принцип што го турка жирито секоја година .

link
 
Колку неправди да ни прават ние пак ќе се палиме на Шитовизија.
 
Песната што победи е просек, а по мое мислење и оди длабоко под просекот, дечкото ич не ми е убав, ама ич, Данецот беше поубав од него.... Не гледав Евровизија годинава, ич. Гледав 2-3 настапи на Ју-Туб. Не гледам наместени глупости, клишеа и кич. Мое мислење, нормално.
 
Песната што победи е просек, а по мое мислење и оди длабоко под просекот, дечкото ич не ми е убав, ама ич, данецот беше поубав од него.... Не гледав Евровизија годинава, ич. Гледав 2-3 настапи на Ју-Туб. Не гледам наместени глупости, клишеа и кич. Мое мислење, нормално.

Потполно се согласувам, незнам што толку го исфорсираа и него и неговата песна, мене воопшто не ми се допадна.
А слушнав дека Норвешка се бунела зашто 5 пати била меѓу последните со по 10 бодови, и оваа година сосема случајно сите и даваа 10ки и 12ки.....без везе!

Евровизија секоја година е се полоша и нуди катастрофални песни
 
Потполно се согласувам, незнам што толку го исфорсираа и него и неговата песна, мене воопшто не ми се допадна.
А слушнав дека Норвешка се бунела зашто 5 пати била меѓу последните со по 10 бодови, и оваа година сосема случајно сите и даваа 10ки и 12ки.....без везе!

И Некс Тајм ги исфорсираа со нивната песна. Ни они се нешто посебно, ни песната не им беше нешто посебно.

Ако гледаме така од големата 4 што ја организирала Евровизија Велика Британија се искачи на 5 место. Предходните години меѓу последните беа.
 
А зошто водителката за В.Британија цело време викаше Англија?

Еве јас како би гласал во ова финале. Не ја земам во обзир само песната, туку и

целиот сценски настап, изглед и како е отпеано.

12 - Норвешка
10 - Шведска
8 - Азербејџан
7 - Исланд
6 - Босна и Херцеговина
5 - Романија
4 - Турција
3 - Хрватска
2 - Бивша Отоманска Покраина Педерленд
1 - Молдавија
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom