Како се сметаат поените од матурата и средниот успех? Помош ве молам.

  • Креатор на темата Креатор на темата FallenHypaspist
  • Време на започнување Време на започнување
F

FallenHypaspist

Гостин
Еве јас се чудам и распрашувам едно половина година но никако да најдам соодветен одговор.Па затоа ве прашувам како се сметаат.Јас чув божем 60 од средниот успех на 4-те години + 40 од матурата...
 
епа така некако беше де....не ми текнува право да ти кажам. оди на бро.гов.мк може да има. а на крај краева, ќе ви кажат бе што се замараш со тоа! ти само положи си:smir:
 
Шо знам....Сакам да си пресметам до сега колку имам за да си ги видам можностите...
 
Па нешто сега се збореше дека предност ќе и се даде на матурата и таа ќе носи 60 поени, како што ни кажа класната дека „начула нешто“ (за ништо не е информирана, само си наслушнува нешто) ама не сум сигурна... :toe:
 
60 бода од твојот досегашен успех.
40 бода од целокупните активности кои влегуваат во матурскииот испит.
Проектна задача=8 бода макс.
Македонски задолж.=8 бода
Изборен Англиски или Математика=8 бода.
Останатите бодови одат кај претходно избраните предмети.
 
дај не ме плаши вака жити се :ija:
 
Не може да се занемари успехот од досегашното образование.
Може да се урамнотежат 50-50 ништо повеќе од тоа.
 
60 бода од твојот досегашен успех.
40 бода од целокупните активности кои влегуваат во матурскииот испит.
Проектна задача=8 бода макс.
Македонски задолж.=8 бода
Изборен Англиски или Математика=8 бода.
Останатите бодови одат кај претходно избраните предмети.
Проектната мислам оти носи 4 поени,екстерните се по 10, а интерните по 8 бода :smir:
 
И јас знам дека 60 поени се за успехот од сите четири години
а 40 од матурата
може ќе има и промени
ништо чудно:toe:
 
Среден успех од сите 4 години * 12 = мах 60 поени
Оценка од прв екстерен * перцентилен ранг * 2 = мах 10 поени
Оценка од втор екстерен * перцентилен ранг * 2 = мах 10 поени
Оценка од прв интерен * 1,6 = мах 8 поени
Оценка од втор интерен * 1,6 = мах 8 поени
Оценка од проектна задача * 0,8 = мах 4 поени
Пример:
Прва година просек 4,5
втора година 4
трета 4,25
четврта 4,85
Среден успех е 4,4 и се множи со коефициент 12
4,4*12=52,8 поени од вкупно 60 за успехот
Македонски добиваш на пример 4ка, оценката се множи со коефициент 2 и со перцентилен ранг (од колку ученици од МАкедонија имаш подобар успех) да речиме 70 %:
4*2*70% = 5,6 поени
истиот начин и за вториот екстерен;
А за интерните предмети оценката ти се множит со коефициент 1,6
Пример физика добиваш 3ка
3*1,6 = 4,8
А оценката од проектната задача се множи со коефициент 0,8
На пример добиваш оценка 5ка
5*0,8 = 4
Сега е малку појасно??
 
Едно другарче прашува дали на економски ги примаат сите во државна квота без разлика на успехот или има и таму ограничување и ако има дали се гледа според просекот од 4 години или според матурата.Он е 3.6 просек.....:toe:

прашањево го имам и во друга тема поврзани се...:smir:
 
Среден успех од сите 4 години * 12 = мах 60 поени
Оценка од прв екстерен * перцентилен ранг * 2 = мах 10 поени
Оценка од втор екстерен * перцентилен ранг * 2 = мах 10 поени
Оценка од прв интерен * 1,6 = мах 8 поени
Оценка од втор интерен * 1,6 = мах 8 поени
Оценка од проектна задача * 0,8 = мах 4 поени
Пример:
Прва година просек 4,5
втора година 4
трета 4,25
четврта 4,85
Среден успех е 4,4 и се множи со коефициент 12
4,4*12=52,8 поени од вкупно 60 за успехот
Македонски добиваш на пример 4ка, оценката се множи со коефициент 2 и со перцентилен ранг (од колку ученици од МАкедонија имаш подобар успех) да речиме 70 %:
4*2*70% = 5,6 поени
истиот начин и за вториот екстерен;
А за интерните предмети оценката ти се множит со коефициент 1,6
Пример физика добиваш 3ка
3*1,6 = 4,8
А оценката од проектната задача се множи со коефициент 0,8
На пример добиваш оценка 5ка
5*0,8 = 4
Сега е малку појасно??

Вака испаѓа дека поените не се битни, туку само оценката или?
 
Сфатив како е, битни се поените од екстерните зошто таму има перцентилен ранг а тој е одреден од поените.
 
Вака испаѓа дека поените не се битни, туку само оценката или?

поените се битни бидејќи сите бода се сметаат на две децимали..
пр. ако на некој од екстерните предмети со положил со 5 тоа не значи дека ги имаш максималните 10 поени.. тогаш може да добиеш од 9,50 до 10,00 поени..
можеби вака и не изгледа многу битно, но на факсот кај што сакаш да се запишеш може за само неколку децимали да не влезеш во државна квота.. :toe:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom