Честито нека му е!
ОХРИЃАНЕЦОТ МИШКО ТАНЕСКИ ГО РАЗВЕА МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ НА КИЛИМАНЏАРО
Охриѓанецот Мишко Танески, член на планинарското друштво „Магаро“, успеа да се искачи на врвот на Африка, совладувајќи го снежните врвови на Килиманџаро.
Во изјавата дадена ексклузивно за МИА од Танзанија, Танески рече дека мисијата на совладувањето на врвот Ухуру Пик (5.896) траела шест дена и оти по мала криза на самиот крај на искачувањето сепак неговата експедиција успеала во саботата во 16:50 часот по македонско време да се искачи на врвот на Африка.
Танески во оваа мисија учествува како член српската планинарска експедиција „Натуралимитс“ од Зрењанин. Триесет и седумгодишниот охриѓанец за Танзанија отпатува на 17 овој месец. Инаку, тој во состав на мешовита Македонско-српска експедиција на 10 август минатата година успешно се искачи на 4.810 метри високиот врв Монт Блан.
Танески вели дека целта му е да ги совлада седумте највисоки врвови во светот.
http://www.sitel.com.mk/?ItemID=712D2EF623BD3546B297913DC37F7A16