VOLK2234
еврофоб и хомоскептик
- Член од
- 16 септември 2008
- Мислења
- 5.517
- Поени од реакции
- 4.387
Навивачите на македонската ракометна репрезентација синоќа се степале на паркиралиштето пред хотелот „Пунто“ во Водице, при што еден навивач е полесно повреден, информира хрватската полиција.
Станува збор за судир меѓу двете навивачки групи „Комити“ од Скопје и „Чкембари“ од Битола, кои во Задар ги следеа натпреварите на македонската ракометна репрезентација.
Пред тепачката неколку навивачи се расправале, по што биле скршени и неколку стакла на македонските автобуси. По пристигнувањето на полицијата навивачките групи се смириле.
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=103527
Добропознатиот МАКЕДОНСКИ СИНДРОМ
Сакам да направам паралела помеѓу Македонците денес и пред 2000 години.
"Клетвата" на Александар уште не следи.
Пред 2000 години Македонците ке си ги изваделе очите која династија да биде на тронот.
Ја поделиле империјата на 4 дела, па малку им биле борбите со Илирите, Грците, Персијците, па уште и меѓу себе се бореле.
Селевкиди, Антигониди, Птоломеи,
Комити , Чкембари...
Што треба да ни се случи за да се обединиме еднаш засекогаш, и да се ослободиме од таа клетва што не следи 2000 години... ?
Што е тоа што не тера да се самоуништуваме?
