Глигоров е сенилен? Океј, нека е така
Зошто нема демант на коментарот од сенилниот пензиониран претседател кој преживеал атентат од страна на човекот кој претендира кон неговата фотелја? Мене да ме спомнел некој во таков контекст или на сите можни судови ќе се видевме со него, или ќе си подвиев опаш како секој кривец кој нема аргументи да спори со „сенилен“ човек и „пензионирани“ обвинувања...
Гледам плодна дискусија сте имале со Пеце околу мемоарите на Киро
Ете Serpico, хипотетички да претспоставиме дека пишувањата на Киро се точни, и дека Фрле преку посредници се обидел да го поткупи со милион евра, ролекс и незнам што уште беше.
Дали овде постои основано сомнение за кривично дело "заговор против државата" ?
Дали со тоа што наводно го направил Фрчковски не се прекршени барем неколку кривични закони ?
Дали во овие обвинувања од страна на ДПМНЕ има материјал барем за една кривична пријава против Љубомир Фрчковски ?
Дали сето ова за кое предизборно обвинува владејачката партија е велепредавство ?
Доколку е велепредавство:
Зошто нема кривична пријава против велепредавникот ?
Која е функцијата на МВР ?
Кој треба да носи одлуки во врска со овие тешки обвиненија; народот или јавното обвинителство ?
Зошто пресот на Бичиклиски се одржа во седиштено на ДПМНЕ, а не пред седиштето на јавниот обвинител ?
Дали мемоарите на Глигоров беа тајна за пошироката јавност во Македонија ?
Дали овие исти мемоари својата промоција ја имаа непосредно пред пресот на Бичиклиски и ДПМНЕ (за да мислиме дека откриле топла вода), или изданието датира уште од 2001-ва година ?
Зошто се чекало осум години за да се покрене ова прашање ?
Дали осумгодишното молчење од страна на ДПМНЕ ги прави соучесници во ова велепредавство ?
Зошто секогаш пред избори ДПМНЕ актуелизира некакви конспирации за велепредавства ?
Зошто овие конспирации секогаш траат само до завршетокот на изборите ?
На последните две прашања имам совршен одговор, но најпрвин би го сечекал твојот коментар :wink: