- Член од
- 17 јули 2008
- Мислења
- 544
- Поени од реакции
- 18
Аааааа токму за ова зборам... претешко неарументирано обвинување. По кој основ го кажувам ова??? По 10ти пат денеска: ГЛИГОРОВ: “Министерот за внатрешни работи Фрчковски ми предложи да примам некои си службеници да ме известат за нивната работа.“ Толку во контекстот на муабетот е спомнат Фрчкоски. Потоа следи муабетот за службениците кои биле и што биле. Кажи ми Серпико, дали ова е доволно да се обвини Фрчковски дека тој лично бил за примање на Милионот од грција. Јас лично го кажав повеќе пати мојот став т.е. следниов: Фрчковски познавајки ногу личности од високата политичка сцена и многу човечки комуникации со нив, доаѓа до прибирање на информација дека некои од нив сакаат да разговараат со неговиот Претседател за некоја работа. Тој тоа лично му го пренесува на претседателот и тој прифаќа да разговара со препорачаните од фрчкоски. Понатаму муабетот се одвива меѓу службениците и претседателот. На фрчкоски работата е завршена. Е сега послем неколку години Глигоров кога решил да напише книга....го навел овој настан и дал дескрипција за него во истата. Што е тука спорно? Мене стварно не ми е јасно.Извинувањето прифатено.
Сега, би те молел да ми одговориш на прашањето: ако веруваш во напишаното, што би можел да извлечам јас од контекст и со која корист? Не ми е нит татко нит мајка претседателот бивш, сегашен и иден.
Единствена грижа во моментов имам за Македонија.
И навистина не сакам да видам таков карактер за претседател. Нека пцуе по колумни колку сака, секој пцуе, вокабуларот воопшто не ми е значаен...ама делата бе пеце?! Еј, ПАРИ нудел како посредник за „омекнување на ставовите“ околу проблемот со името!!! Е шо има тука вон контекст?
Кој е трачот тука?
-Бичиклиски: го посочи напишаното од книгата кое го ставив погоре во наводници. Го повишува тонот на „Милион“ и на крајот додава, зарем волку контроверзна личност да ни иде претседател. Тоа е толку неаргументирано и ниско, што неможе полошо да биде изјавено. И сега од таа популистичка изјава на Бичиклиски, трагедијата е што, маса на народ ја пренасочува на форуми и по кафичи, кафани и сл. затоа што начуле нешо „МИЛИОН ЗА ГЛИГОРОВ ОД ФРЧКОВСКИ“ и го упиле популизмот. Тоа е начинот на владеење на оваа влада, со инвестирање во популизам и тоа го поддржувам, зашто засега им се покажа паметна инвестиција, ама не значи тоа дека сите можеме и треба да бидеме истомисленици на популистите.