Amnaesiac
Paranoid Android
- Член од
- 9 декември 2008
- Мислења
- 1.818
- Поени од реакции
- 43
Без разлика кој и да победи, за мене морални победници на овие избори се Имер, Љубе и Мируше. За Мируше ќе мора да разјаснам за да не бидам погрешно интерпретиран. Не дека ми е гајле како ќе бидам интерпретиран туку сакам да си се образложам.
Имер - донесе нов пријатен ветер на македонската политичка сцена. Неговата самоспоредба со Обама е идеалистичка и наивна, а не е суштинска туку е тренди, но факт е дека ќе остане запомнат по тоа што е првиот етнички Албанец кој се обрати и на етничките Македонци и за кого и Македонци ќе гласаат. Па дури и изјавата на некои “би гласал за него, ама сеуште не е дојдено времето да гласам за Албанец“ е напредок. Кампањата му е најфер од сите, никого не вреѓа. Досега најпозитивна кампања.
Љубе - и покрај сите опструкции и конструкции, не го губи борбениот дух и не се предава. Покажува дека дел од македонскиот народ не може да биде манипулиран и е отпорен на машинеријата која ментално меле пред себе. Од него зрачи искрена љубов кон татковината. Плус е и тоа што без никаква партиска поддршка успева да се наметне како сериозен конкурент.
Мируше - дефинитивно најинтелектуалниот кандидат од сите. Таа нема ни што да добие ни што да изгуби, па не ги вага своите изјави. Таа воопшто не се обидува да се обрати на сите граѓани на Македонија, бидејќи намерата не и е да стане претседателка, туку да сврти внимание на некои состојби во државата, која таа ги смета за проблематични и да актуелизира некои прашања, кои веројатно во иднина ќе се дискутираат. Да не беа изборите немаше да знам дека во Македонија постои ваква врвна современа еманципирана интелектуалка. Да додадам дека нејзините ставови се еднострани, иако таа тоа воопшто не го крие, и заради тоа не е погоден кандидат за Претседател на сите граѓани. Сепак ќе остане запаметена како првата жена кандидат за претседател на републиката.