Изборни резултати од Претседателски избори 2009 (генерална дискусија)

  • Креатор на темата Адриано
  • Време на започнување

За кого ке гласате на следните претседателски избори?

  • Ѓорѓи Иванов (ВМРО-ДПМНЕ)

    Гласови: 313 39,0%
  • Љубомир Фрчковски (СДСМ)

    Гласови: 126 15,7%
  • Нано Ружин (ЛДП)

    Гласови: 23 2,9%
  • Mируше Хоџа (ДПА)

    Гласови: 1 0,1%
  • Љубе Бошковски (независен кандидат)

    Гласови: 141 17,6%
  • Имер Селмани (Нова Демократија)

    Гласови: 68 8,5%
  • Нема да гласам (или сеуште неопределен)

    Гласови: 74 9,2%
  • Агрон Буџаку (ДУИ)

    Гласови: 3 0,4%
  • Ќе го поништам ливчето, никој не ми се допаѓа.

    Гласови: 53 6,6%

  • Вкупно гласачи
    802
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.

Amnaesiac

Paranoid Android
Член од
9 декември 2008
Мислења
1.818
Поени од реакции
43
Без разлика кој и да победи, за мене морални победници на овие избори се Имер, Љубе и Мируше. За Мируше ќе мора да разјаснам за да не бидам погрешно интерпретиран. Не дека ми е гајле како ќе бидам интерпретиран туку сакам да си се образложам.

Имер - донесе нов пријатен ветер на македонската политичка сцена. Неговата самоспоредба со Обама е идеалистичка и наивна, а не е суштинска туку е тренди, но факт е дека ќе остане запомнат по тоа што е првиот етнички Албанец кој се обрати и на етничките Македонци и за кого и Македонци ќе гласаат. Па дури и изјавата на некои “би гласал за него, ама сеуште не е дојдено времето да гласам за Албанец“ е напредок. Кампањата му е најфер од сите, никого не вреѓа. Досега најпозитивна кампања.

Љубе - и покрај сите опструкции и конструкции, не го губи борбениот дух и не се предава. Покажува дека дел од македонскиот народ не може да биде манипулиран и е отпорен на машинеријата која ментално меле пред себе. Од него зрачи искрена љубов кон татковината. Плус е и тоа што без никаква партиска поддршка успева да се наметне како сериозен конкурент.

Мируше - дефинитивно најинтелектуалниот кандидат од сите. Таа нема ни што да добие ни што да изгуби, па не ги вага своите изјави. Таа воопшто не се обидува да се обрати на сите граѓани на Македонија, бидејќи намерата не и е да стане претседателка, туку да сврти внимание на некои состојби во државата, која таа ги смета за проблематични и да актуелизира некои прашања, кои веројатно во иднина ќе се дискутираат. Да не беа изборите немаше да знам дека во Македонија постои ваква врвна современа еманципирана интелектуалка. Да додадам дека нејзините ставови се еднострани, иако таа тоа воопшто не го крие, и заради тоа не е погоден кандидат за Претседател на сите граѓани. Сепак ќе остане запаметена како првата жена кандидат за претседател на републиката.
 
Член од
28 јануари 2005
Мислења
2.163
Поени од реакции
18
СДСМ со претставка против Ѓорге Иванов


Вчера бевме сведоци на уште еден неуспешен обид на претседателскиот кандидат на Груевски и ВМРО ДПМНЕ да се повлече од измамата со јавното признание за политичка агитација на Унивезитетот “Св. Кирил и Методи“, со која му била овозможено на Нано Ружин да стане претседателски кандидат, се огласи денеска од пред Државната комисија за антикорупција, Ѓунер Исмаил, , шеф на претседателски изборен штаб на СДСМ во Скопје.
“И во негов стил, наместо да се повлече, тој се дозакопа. По тој повод ние доставивме претставки до ДИК, Министерство за правда и Антикорупциската Комисија. Секако, чекаме и одговор на писмото што му го упативме на ректорот на скопскиот универзитет“, изјави Исмаил.
Тој додаде дека неприфатлив обидот на Ѓорге Иванов за извинувања упатени на погрешна адреса.
“Иванов наместо на Ружин треба да им се извини на студентите, и да се надева дека некој ден повторно ќе ја стекне нивната почит“, додаде Ѓунер Исмаил.
 

delboy

кршач на огледала
Член од
23 декември 2007
Мислења
1.358
Поени од реакции
24
Покрај Долнени, Имер Селмани и караванот на Демокрациа е Ре ги посетија и Градско, Прилеп, Плашница и други места од оваа област. Тој пред граѓаните во Прилеп ја продолжи својата традиција на обраќање на гласачите на македонски јазик и остана единствен кадидат албанец кој потврди дека ќе биде претседател за сите, а не само за една етничка заедница.
Ве информираме дека утре, на 16.03.2009 (понеделник), Демокрациа е Ре, ќе одржи средби со граѓаните во:
1. ШТИП, од14:00 до 15:00 часот, во кафе „ДАБЛИН„
2. ШТИП, од 15:00 до 15:30 часот, во кафе „ДЕНИЗ„
3. РАДОВИШ, од 16:30 до 17:15 часот, во кафе „ЕСКЕЈП„
4. СТРУМИЦА, 18:00 до 19:00 часот, во кафе „СЕЛЕКТ„
5. КАВАДАРЦИ, 19:45 до 20:30 часот во кафе „РОМА„
Ве очекуваме,:toe:



Него подслушнав на вести ама не дослушнав како што треба,дека Ѓорѓе Иванов не дошол на некое соочување на кандидатите на некоја ТВ станица ,дали е ова вистина ?
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Ѓорѓе сака такво соочување каде останатите ќе бидат од другата страна од екранот:vozbud:
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776

realen_07

Опозиционер
Член од
12 април 2008
Мислења
3.636
Поени од реакции
134
никој не го гледаше ? не чув комент?
сметам дека има добри гледања на светската глобална политика ...
Ѓоле ги разреши нашите проблеми, па тргна да ја средува и коментира светската глобална политика :nesvest:

Нека му каже некој на чоекот дека се кандидира за Претседател на Република Македонија, а не за претседател на политиколозите во Македонија.
Имам чувство дека сеуште своите ставови ги изнесува од позиција на политиколог.
 
Член од
28 јануари 2005
Мислења
2.163
Поени од реакции
18
Zosto nikoj od albancite na forumov ne odgovori kolku makedonci ima vraboteno Selmani. Kje prasuvam do 101 i nazad.
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
Ѓоле ги разреши нашите проблеми, па тргна да ја средува и коментира светската глобална политика :nesvest:

Нека му каже некој на чоекот дека се кандидира за Претседател на Република Македонија, а не за претседател на политиколозите во Македонија.
Имам чувство дека сеуште своите ставови ги изнесува од позиција на политиколог.
сепак ставовите на глобалната политика му се супер ...
 

realen_07

Опозиционер
Член од
12 април 2008
Мислења
3.636
Поени од реакции
134
сепак ставовите на глобалната политика му се супер ...
Е тоа ми беше и муабетот де. За се' има став, само за она што највеќе го интересира македонскиот народ, или нема, или пак има, но двосмислен или тросмислен.

И ај после разбери го шо сака да каже.
 
Член од
16 август 2008
Мислења
3.293
Поени од реакции
637
Она што го презентира ВМРО - ДПМНЕ на ТВ, а треба да претставува митинг е комплетна катастрофа, бидејќи најмногу време се одвојува за Грујо, а на овие избори тој има најмала улога...
Ај да каже збор-два, ама ова...
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
Е тоа ми беше и муабетот де. За се' има став, само за она што највеќе го интересира македонскиот народ, или нема, или пак има, но двосмислен или тросмислен.

И ај после разбери го шо сака да каже.
ја изгледа ли емисијата?
ставовите му се јасни ....
патем многу појасни од некои други ...
пример фрчко неколку пати си ги мења како му одговара ...:smir:
 

realen_07

Опозиционер
Член од
12 април 2008
Мислења
3.636
Поени од реакции
134
ја изгледа ли емисијата?
ставовите му се јасни ....
патем многу појасни од некои други ...
пример фрчко неколку пати си ги мења како му одговара ...:smir:
Кој му е ставот околу решавањето или нерешавањето на спорот со името ?
 

delboy

кршач на огледала
Член од
23 декември 2007
Мислења
1.358
Поени од реакции
24
ја изгледа ли емисијата?
ставовите му се јасни ....
патем многу појасни од некои други ...
пример фрчко неколку пати си ги мења како му одговара ...:smir:
Ако не ти е тешко,прегледај ја емисијата со соочувањето на кандидатите на ТЕЛМА ТВ и слушни што е тоа јасен став на Иванов за преговорите со гејците,ако слушнеш разбира се :smir:
 

Македон91

Благородник
Член од
21 јануари 2009
Мислења
2.134
Поени од реакции
120
Извините за мало задоцнување со прашањево, но ме интересира ако знае некој да ми каже колку луѓе собра (или донесе) ВМРО-ДПМНЕ во Скопје, на централниот митинг?
 

Јован

дежурен сеирџија
Член од
16 октомври 2005
Мислења
4.892
Поени од реакции
265
Извините за мало задоцнување со прашањево, но ме интересира ако знае некој да ми каже колку луѓе собра (или донесе) ВМРО-ДПМНЕ во Скопје, на централниот митинг?
Три прашања...

1. Колку луѓе довлечка со автобуси и возови од внатрешноста?
2. Колку луѓе присуствуваа на митингот?
3. Колку од довлечканите луѓе си правеа шопинг митинг низ ГТЦ?

Бонус... интересен коментар на третиот текст што ми е во потпис:

Дополнително прашање
Зошто не и помогна и на Слатката т.е.Слаѓана Тасева та нели е толку хуман нели и таа е универзитетски професор? Нели тој е еден за сите?
Можеби пак и на сите тој им ги собра потписите за да ни ја прави интересна?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom