“Рејтинг“: Претседателските кандидати Иванов и Фрчковски со најголеми шанси за влегување во вториот круг
Претседателските кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорге Иванов и кандидатот на СДСМ и на НСДП Љубомир Фрчковски се со најголеми шанси за влегување во вториот изборен круг покажува најновата анкета на агенцијата “Рејтинг“.
Според “Рејтинг“, на прашањето за кој од кандидатите за претседател би гласале, 29 отсто од испитаниците се изјасниле за Ѓорѓе Иванов, а за Љубомир Фрчковски 14 отсто. Спроведено со фебруарската анкета на Иванов рејтингот пораснува за 2 отсто, на Фрчковски за 1 отсто. За кандидатот на Нова Демократија Имер Селмани се одлучиле од испитаниците да гласаат 12 отсто, 8 отсто за независниот кандидат Љубе Бошковски. Претседателскиот кандидат на ДУИ, Агрон Буџаку има подршка од 6 отсто, Нано Ружин со 6 отсто, а единствената дама во изборната трка Мируше Хоџа би добила 3 отсто.
Според проценките на Агенцијата направени врз основа на низа индикатори може да се очекува одзивот на овие избори да не биде повисок од 55 отсто од вкупно запишаните избирачи, односно во првиот изборен круг да излезат само околу 900 илјади избирачи. Тоа би бил најнизок одзив на избирачите од првите парламентарни избори до денес и би можел да го загрози успехот на претседателските избори во вториот изборен круг за чија валидност е потребно да излезат 40 отсто од запишаните избирачи или 720 илјади од нив.
За да се види каков е односот на силите помеѓу опозицијата и власта пред овие избори во оваа анкета беше поставено и прашањето: Дали се согласувате со тврдењето дека Македонија е денес меѓународно изолирана и може да се распадне ако не влезе бргу во НАТО и во ЕУ?
Според одговорите, за сега опозицијата не успева да обезбеди мнозинска поддршка за ваквото тврдење, но дури 35 отсто се согласуваат целосно или главно се согласуваат со ваквото тврдење а уште 20 отсто неможат да кажат дали е така или не е.