Изборни резултати од Претседателски избори 2009 (генерална дискусија)

  • Креатор на темата Адриано
  • Време на започнување

За кого ке гласате на следните претседателски избори?

  • Ѓорѓи Иванов (ВМРО-ДПМНЕ)

    Гласови: 313 39,0%
  • Љубомир Фрчковски (СДСМ)

    Гласови: 126 15,7%
  • Нано Ружин (ЛДП)

    Гласови: 23 2,9%
  • Mируше Хоџа (ДПА)

    Гласови: 1 0,1%
  • Љубе Бошковски (независен кандидат)

    Гласови: 141 17,6%
  • Имер Селмани (Нова Демократија)

    Гласови: 68 8,5%
  • Нема да гласам (или сеуште неопределен)

    Гласови: 74 9,2%
  • Агрон Буџаку (ДУИ)

    Гласови: 3 0,4%
  • Ќе го поништам ливчето, никој не ми се допаѓа.

    Гласови: 53 6,6%

  • Вкупно гласачи
    802
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.

SuicideMessiah

Советник
Член од
7 јули 2008
Мислења
5.562
Поени од реакции
281
Абе така зборувавме и правевме мајтап за Борис трајковски, кој беше уште понепозната личност од Иванов, ама беше избран за претседател.
Трајковски беше еден и единствен,иако тогаш јас како СДСМ го критикував незнаеќи го и мислејќи го тоа дека ќе заигра на свирката од Љубчо ама сум се заебал така да јавно го искажувам моето погрешно толкување на тие настани околу него а што се однесува до Џоле-who? можам слободно да кажам дека Трајковски не уценувал студенти или граѓани за гласови како Иванов или не ронел бисери туку бил одлучен.Така да огромна грешка прави дпБне со поддршката на овој циркуз кандидат.
 

Јован

дежурен сеирџија
Член од
16 октомври 2005
Мислења
4.892
Поени од реакции
265
Тој ке бил Обама во Македонија:tapp:
Обама не зборува на друг јазик и не бара преведувач.:smir:
Селмани зборува подобро од некои македонци...
Еве зеј го за пример премиерот... кога веќе се фаќаш за македонскиов... Груевски има говорна мана, Селмани нема, а прекрасно го зборува македонскиот стандарден јазик.
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Кога веќе беа спомнати парите за кампањи!

Партиите плаќаат по триста евра од секунда за рекламирање!?


Чии пари трошат партиите и од каде им се толкави суми за реклама, прашуваат помалите партии




Триста евра од секунда рекламирање на телевизија за време на вести бараат скопските телевизии за политичко претставување за претстојните избори. Помалите политички партии се откажуваат од намерата да ја прифатат оваа сума, со која велат дека не им се дава еднаква шанса да се рекламираат како и другите партии.

„Цените се премногу високи. Ако се видат ценовниците што се нудат за спотови, реклами и за билборди, се поставува прашањето чии пари трошат големите партии и од каде им се толкави суми, посебно за електронските медиуми, бидејќи една секунда на телевизија чини колку цела страница во колор во весник“, вели лидер на една од помалите партии. Од телевизиите се правдаат дека се работи за суми кои се деловна тајна, ако тоа не им одговара на партиите, тогаш не мора да се рекламираат.

Ценовниците за рекламирање за овие избори веќе се објавени и се јавно достапни на веб-страницата на Државната изборна комисија, а од Советот за радиодифузија укажуваат дека станува збор за информации кои според Изборниот законик и' се достапни на јавноста.

Канал 5 телевизија води со високите цени за рекламирање во текот на емитување на вестите. Секунда рекламирање пред вестите за економија, кои се емитуваат на телевизијата во 17 и 19,30 часот, чини 300 евра, додека пред и по вестите е 200 евра. За минута емитување платена политичка програма телевизијата наплаќа 2.500 евра, иако има и попусти.

Цената за емитување промотивни спотови на Сител телевизија е 200 евра за секунда од 17 часот до полноќ, колку што е и цената на спотовите во текот на викендот. За емитување политичка презентација цената е 4.000 евра за минута од 17 часот до полноќ.

Слични се цените за емитување на рекламните спотови и на А1 телевизија. Цената за емитување спотови по најавата на вести во 19 часот е 260 евра за секунда, додека пред вестите е 130 евра. А1 телевизија има посебни цени за емитување рекламни содржини во секоја емисија. Директорот на А1 телевизија, Дарко Петрушевски, вели дека имаат попусти за рекламирањето, а тие им нудат еднакви услови на сите партии. „Во однос на претходните избори, мислам дека цените се исти“, вели Перушевски.

Другите телевизии се поевтини. Сто евра чини рекламирањето на Телма телевизија во вид на платена политичка програма за минута во периодот од 16 до 1 часот по полноќ. Телевизијата предвидува и попусти. Директорот на телевизијата, Ристо Лазаров, вели дека цените се деловна тајна.

„Најпрвин треба да се каже дека цените на ТВ-рекламите воопшто во Македонија се убедливо најниски во регионот. Секоја телевизиска куќа посебно си ја утврдува својата деловна политика. Сите ние сме на пазарот и сите зависиме од него. Како медиуми и како корисници на рекламен простор, исправени сме пред суровото правило: колку пари - толку музика. И толку попусти, се разбира“, вели Лазаров. Тој коментира: „Телма реши да не се појавува на пазарот со зголемени т.н. изборни цени на рекламниот простор. Не сакаме да бидеме дерикожи, но исто така, не допуштаме некој да не' потценува. Телевизиите не се единствената расходна ставка во изборната кампања, односно висината на другите издатоци за рекламирање не е ништо пониска. За нас е најважно на сите да им гарантираме еднакви услови, а ако сме ја претерале со цените – самите ќе ги трпиме последиците“, објаснува тој.

Помалите партии претпоставуваат дека цените за ТВ-рекламирање се намерно набилдани, бидејќи големите партии се блиски до дел од медиумите кои се национални концесионери, па се сомневаат дека можеби тие на поинаква основа ги регулираат рекламирањата.

„Ако се види минутажата на спотовите и каде се рекламираат големите партии, очекуваме дека за време на викендот и на тоалетна хартија ќе ги стават своите ликови. Се плашам да го отворам фрижидерот да не ми излезе Коце Трајановски оттаму“, вели челникот на една партија, шегувајќи се околу рекламирањето. Но, тој вели дека, сепак, темата е сериозна, бидејќи според него, се поставува прашање чии пари трошат партиите и што е уште поважно, од каде им се парите за рекламирање.

„Прашањето е од каде им се толку пари и дали преку изборните сметки што ги отворивме на изборите ќе се платат трошоците на партиите?“, прашуваат помалите партии.


http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=BBCE8F256F8C844F83D245E62191ED78
 
Член од
18 февруари 2008
Мислења
1.464
Поени од реакции
248
Можеби и Иванов ќе му изигра непослошнуст на Груевски, како што му направи Трајковски на Георгиевски
 

Македон91

Благородник
Член од
21 јануари 2009
Мислења
2.134
Поени од реакции
120
„Прашањето е од каде им се толку пари и дали преку изборните сметки што ги отворивме на изборите ќе се платат трошоците на партиите?“, прашуваат помалите партии.
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=BBCE8F256F8C844F83D245E62191ED78
ДПМНЕ троши владини пари, а СДСМ има парична поддршка од партиските фирми најверојатно.
 
Член од
18 февруари 2008
Мислења
1.464
Поени од реакции
248
Обама зборува подобро од некои македонци...
Еве зеј го за пример премиерот... кога веќе се фаќаш за македонскиов... Груевски има говорна мана, Селмани нема, а прекрасно го зборува македонскиот стандарден јазик.
Говорна мана ја сметаш за ЈАЗИК оф мореее Ццццц :tapp:
Успешен човек што можеш.
 
M

MKEUpatriot

Гостин
Текстот погоре е многу конфузен.Прво се зборува како некој да е во главата во Груевски изнае што мисли за потоа да се даваат "варијанти".Прво сите анкети покажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ партијата на Љубе нема повод да се плаши од него далеку се рејтинзите.Најнова е анкетата на Институтот за демократија.Второ 90% од кампањата на Љубе е посветена на оцрнување на владата ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски.Таква негативна кампања се води само поради сознанието дека сепак Иванов е најсилен кандидат.Ме интересира со кој потег изјава Никола го форсира Селмани еве нека биде наградно прашање.Понатака би сакал да чујам една разлика мегу ставовите на брат Љубе и СДСБЦ.Зошто ниту еден збор за СДСМ-овскиот кандидат.Понатака што има против Љубе против Тарчуловски кога го одбива неговиот адвокат.Но секако времето ке покаже на која карта игра братот.
 

RIZTETO

Somebody stop me
Член од
3 јуни 2007
Мислења
2.508
Поени од реакции
75
Обама зборува подобро од некои македонци...
Еве зеј го за пример премиерот... кога веќе се фаќаш за македонскиов... Груевски има говорна мана, Селмани нема, а прекрасно го зборува македонскиот стандарден јазик.
Не за начинот на зборување. Секој си има свои мани. Еве и иднио претседател Иванов не може убаво Р да каже.

Сакам да кажам дека на Селмани прв јазик му е албанскиот, и сака да биде претседател каде што прв јазик е македонскиот:toe:
 

Јован

дежурен сеирџија
Член од
16 октомври 2005
Мислења
4.892
Поени од реакции
265
Е тука згрешил....:smir:
Воопшто не згрешил... тоа е реалноста, колку и да не сака некој да ја прифати...
Говорна мана ја сметаш за ЈАЗИК оф мореее Ццццц :tapp:
Успешен човек што можеш.
Друга е поентата... во цитатот пишува дека не знаел македонски... баш напротив, тврдам дека многу поубаво го знае македонскиот стандарден јазик од многу македонци...
Не за начинот на зборување. Секој си има свои мани. Еве и иднио претседател Иванов не може убаво Р да каже.

Сакам да кажам дека на Селмани прв јазик му е албанскиот, и сака да биде претседател каде што прв јазик е македонскиот:toe:
Од кај знајш кој јазик го научил прв, јас мислам дека како и сите албанци во државава, така и него паралелно го учеле и двата јазика...

И да те потсетам, пред малку велеше дека му требал преведувач за македонски...

Инаку, гледам сте развиле дебата за Селмани... тој не е како Буџаку и Хоџа и сите останати албански кандидати за што и да се... неговата целна група не се само албанците, туку сите граѓани на државава...

Е сеа, бидејќи е прв човек кој се осмели да прави такво нешто, не може веднаш толку драстично да настапи во кампањата, па мора да оди претежно по албански средини и да зборува на албански и таму да му бидат централните митинзи бидејќи тешко е да го прифатат македонциве и да прави митинзи како што прават останативе партии...

Тоа со албанското знаме, зошто да го нема, тоа е државата од каде се неговите предци... и државата од каде се некоја си четвртина граѓани во државава...
 

RIZTETO

Somebody stop me
Член од
3 јуни 2007
Мислења
2.508
Поени од реакции
75
Ај не згрешил. Кажи шо ке ни се???

За Јован:smir:
 

Јован

дежурен сеирџија
Член од
16 октомври 2005
Мислења
4.892
Поени од реакции
265
Ај не згрешил. Кажи шо ке ни се???

За Јован:smir:
Сосема друга тема али ај...

Живејш Струмица каде нема албанци па твојата слика е онаа од 2001, што и не е баш најреална...

Не е ништо комплицирано... албанците претставуваат една четвртина од населението, како мислиш да правиш нешто во државава само со три четвртини од неа... :uvo:
 

RIZTETO

Somebody stop me
Член од
3 јуни 2007
Мислења
2.508
Поени од реакции
75
Сосема друга тема али ај...

Живејш Струмица каде нема албанци па твојата слика е онаа од 2001, што и не е баш најреална...

Не е ништо комплицирано... албанците претставуваат една четвртина од населението, како мислиш да правиш нешто во државава само со три четвртини од неа... :uvo:
Добро тука си во право сосема. Но, и јас не мислам за нивен геноцид.
Мислам дека многу поубаво би ни било да не се ни воопшто доселени тука. И тоа е сосем друга тема. А инаку нема шо да ни се:smir:
 

Јован

дежурен сеирџија
Член од
16 октомври 2005
Мислења
4.892
Поени од реакции
265
Добро тука си во право сосема. Но, и јас не мислам за нивен геноцид.
Мислам дека многу поубаво би ни било да не се ни воопшто доселени тука. И тоа е сосем друга тема. А инаку нема шо да ни се:smir:
А јас мислам дека најубаво ќе беше да се родев во семејството Гејтс па да не морав да се мачам и сам да заработувам али нема... :nesum:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom