Ај конкретно што толку те воодушеви на митингот сподели и ние да се воодушевиме?Гласав за Фрчко не дека сум некој што душата ја дава по СДСМ,него ме воодушеви кога дојде на митингот во Дебар.Човекот е стварно квалитет но не знам како ќе го реши проблемот со името.Ама пак ВМРО никакви мерки не превзема а гледаат дека земјава оди на назад.
ПАРТИСКИ ПРЕПУКУВАЊА ПО ИЗЈАВАТА НА ИВАНОВ
Шефот на изборниот штаб на СДСМ Игор Ивановски на денешната прес - конференција ја осуди изјавата на претседателскиот кандидат Ѓорѓе Иванов дека му помогнал Нано Ружин од ЛДП да ги собере потребните потписи за да може да се кандидира.
- Ваквиот обид за доведување на граѓаните во заблуда е кривично дело и истовремено претставува сериозно нарушување на изборните правила, грубо кршење на одредбите на Изборниот законик и целосно уништување на демократијата во земјата. Впрочем, уште кога тројцата ректори на македонските универзитети се потпишаа на кандидатурата на Ѓорге Иванов беше јасно дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги употреби сите можни средства за груба пресметка со сите наши кандидати, додаде Ивановски.
Од СДСМ побараа ректорот на скопскиот Универзитет да застане во одбрана на автономијата на институцијата која е загарантирана со Уставот на Република Македонија кандидатот Иванов да им се извини на македонските граѓани и студенти. Од партијата велат дека ќе поднесат и претставка до Државната изборна комисија.
ВМРО-ДПМНЕ реагираше со изјава на партискиот портпарол Александар Бичиклиски. Во изјавата се вели:
- Социјалдемократскиот сојуз, не треба да се грижи, ниту за кандидатурата, ниту за рејтингот на Ѓорги Иванов, Нано Ружин, Мируше Хоџа, Агрон Буџаку, или било кој друг кандидат за претседател на Република Македонија. СДСМ треба да се грижи единствено за катастрофално нискиот рејтинг на нивниот претседателски кандидат, Љубомир Фрчковски. Тој има најнизок рејтинг од било кој друг кандидат, од двете најголеми партии во последните 17 години. Тоа е темата за која СДСМ треба да се грижи.
извор
стварно глуп одговор од вмро... имаат ептен инвентивен кандидат, само шо дава инвентивни изјави против себе... овие од штабов негов само глупи изјави даваат... да го пуштеа ѓоре ќе стресеше уш некој бисер, овие чиста глупост кажале...