Груевски го напаѓа Бошковски
Три дена наназад, раководството на ВМРО-ДПМНЕ не пропушта на митинзите низ Македонија да го нападне Љубе Бошковски. Го критикува екс - министерот за внатрешни работи и еден од основачите на партијата, дека работи спротивно на нејзините интереси.
Најпрво министерот за надворешни работи Анотнио Милошоски, го обвини Љубе Бошковски дека по втор пат ја предал партијата со тоа што се кандидирал на претседателските избори. Еднакво жесток кон Бошковски, дека лажно се претставува во име на ВМРО-ДПМНЕ, беше и партискиот лидер Никола Груевски.
- Овие денови слушаме некои луѓе, како се шетаат низ Македонија и лажно се претставуваат дека се кандидати на ВМРО-ДПМНЕ. Ние имаме само еден кандидат - професорот Ѓорѓе Иванов - изјави премиерот.
Ниту Бошковски не им остана должен. Не знам зошто толкава нервоза и остри коментари насочени против мене. Можеби се вознемирени затоа што овие денови секаде каде што настапувам, просторот е претесен за да ги прими сите оние што сакаат да ме слушнат. Тие доаѓаат доброволно, за разлика од оние на митинзите на раководството на ВМРО-ДПМНЕ, каде доаѓаат под присила, му одговара Бошковски на партискиот врв.
Линк
Дали на Гвујо почнаа да му се тресат коленцата од се' поголемата подршка која ја добива Брат Љубе ?