Изборни резултати од Претседателски избори 2009 (генерална дискусија)

  • Креатор на темата Адриано
  • Време на започнување

За кого ке гласате на следните претседателски избори?

  • Ѓорѓи Иванов (ВМРО-ДПМНЕ)

    Гласови: 313 39,0%
  • Љубомир Фрчковски (СДСМ)

    Гласови: 126 15,7%
  • Нано Ружин (ЛДП)

    Гласови: 23 2,9%
  • Mируше Хоџа (ДПА)

    Гласови: 1 0,1%
  • Љубе Бошковски (независен кандидат)

    Гласови: 141 17,6%
  • Имер Селмани (Нова Демократија)

    Гласови: 68 8,5%
  • Нема да гласам (или сеуште неопределен)

    Гласови: 74 9,2%
  • Агрон Буџаку (ДУИ)

    Гласови: 3 0,4%
  • Ќе го поништам ливчето, никој не ми се допаѓа.

    Гласови: 53 6,6%

  • Вкупно гласачи
    802
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
17 јули 2008
Мислења
544
Поени од реакции
18
Неговиот противкандидат Данаилов Фрчкоски уште од преткампањата, „како давеник за сламка“ се држи на една иста реченица во врска со изолацијата на земјава и веќе три недели не може да смисли нешто ново. Иновација му беше кога во понеделникот, на прилепчани, изморени од транзицијата и загрижени за својата сиромаштија, им ја соопшти тезата за опасноста од кантонизација на Македонија. Претходно на млекопроизводителите, испокрадени и измамени од разни домашни и белосветски хохштаплери, им објаснуваше нешто за НАТО. Овој кандидат веќе десет години ја забавува јавноста со вулгарни навреди кон сите во државава и со употреба на зборови од улицата во политичката комуникација. За дваесетте дена во кампањата, колку и да се труди да биде конструктивен, нема да може да го смени впечатокот. Сега е малку доцна за тоа.

Од друга страна, СДСМ на овие избори нема што да изгуби. Сите анкети веќе две години се катастрофални за опозицијата. Секој добиен градоначалник и советник за СДСМ се чиста добивка. Веројатно токму затоа за најважните функции партијата ноншалантно кандидираше двајца свои лути и огорчени противници (Петковски и Данаилов Фрчкоски) што на крајот ќе треба да го понесат епитетот за големите лузери од изборите-ова е ставот на Никола Поповски долгогодишен фунционер од СДСМ изречен во колумна во денешен Дневник.Штета што прекасно ги согледа византиските игри на Црвенковски мораше најпрво да изгори
Не бе според анкетава не му е противкандидат Фрчкоски....туку Љубе Бошковски :pos2:
 

SuicideMessiah

Советник
Член од
7 јули 2008
Мислења
5.562
Поени од реакции
281
80% од членството на ДПМНЕ ќе го поддржат Брат Љубе,ајт на здравје бричење.
 

asterix_m

Регулатор
Член од
19 април 2006
Мислења
2.765
Поени од реакции
33
Нано за Ѓоле, Иванов за антика

Фрчкоски пак си скокна во уста со ставови спротивни од тие што ги напишал, брат Љубе стана голем европеец, Буџаку беше безгласна буква, Селмани се додворуваше на Македонците, а Хоџа им одржа лекција како се гради политичка теза


Избрзани честитки за претседател, промена на ставовите, сведување на антиквизацијата на Македонија на ракијата „антика“, бледи настапи и отсуство на јасни позиции и пораки до граѓаните го одбележаа првото телевизиско соочување на претседателските кандидати на телевизијата „Телма“. Како најголем гаф се издвојува настапот на кандидатот на ЛДП Нано Ружин, кој иако добро ја почна дебатата, на крајот непотребно однапред се дисквалификува себеси и побара од кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорге Иванов како иден претседател да најде компромис за името.

- На мојот сограѓанин од Валандово и долгогодишен пријател Иванов ќе му се обратам со „ти“. Си бил секогаш храбар и сум го ценел тоа, си бил и се' уште си добар интелектуалец. Ќе се изјаснам пластично за зградава што ја нарекуваш Македонија. Лифтот е закочен, те молам најди компромис. Доколку станеш претседател, издигни се како што си знаел секогаш, бидејќи ова се историски моменти за Македонија. Ти или можеби некој друг ќе има историска одговорност пред народот ако го закочиме интегрирањето на Македонија во ЕУ и во НАТО - му порача Ружин на Иванов.

Недоследност и контрадикторност во ставовите можеше да се забележи речиси кај сите кандидати. Сепак, предничеше Иванов, кој одговарајќи на прашањето како мисли да го реши проблемот со името даде неколку различни одговори. Прво рече дека историјата не познава случај таков спор да бил решен, потоа кажа дека приоритет ќе му биде средба со претседателот на Грција и дека е потребен компромис во корист на државата, а кој ќе биде прифатлив за народот, за на крај да каже дека треба да си го одбраниме уставното име. Не треба да се преговара за името на Република Македонија. Резолуцијата 817 бара од нас да водиме разговор, а не преговор за разликите за името меѓу Грција и Македонија - рече Иванов.

Веднаш потоа на прашањето на новинарката Емилија Лазаревска дали се залага за двојната формула, тој рече дека тоа треба да биде нашата позиција, обвинувајќи го претседателот Бранко Црвенковски дека ја напуштил. Тој истакна дека идниот претседател мора да има став, да ги забрза преговорите и оти мора да се соочи со она со што се соочуваше претседателот Борис Трајковски. Јас бев дел од неговиот тим и многу добро знам што презеде тој човек за Македонија и како беше третиран од некои и како посмртно на гробот му се извинија за гревовите што ги направија кон него - рече Иванов. Сепак, извори од тогашните соработници на Трајковски велат дека не е точно оти Иванов бил дел од неговиот тим.

Иако во целата предизборна кампања сака да се претстави како смирен и спокоен човек, чија цел е да ги обединува граѓаните, Иванов на дебатата покажа најголема нервоза и нетрпеливост кон соговорниците. Со тоа го покажа своето неискуство како политичар. Честопати им упаѓаше на другите во збор, а најмногу се вознемири од ставот на кандидатката на ДПА Мируше Хоџа дека целата идеја за антиквизација на Македонија е направена на политичка, а не на научна основа. Нејасен беше неговиот став за антиквизацијата, а целиот проблем се обиде метафорично да го претстави како пиење ракија.

- Антиквизацијата е алиби на некој што го вади овој процес од неговата главна линија. Тоа е за луѓето што пијат „антика“ во кафеана. Тоа е сигнал на немоќ на одредени луѓе да се соочат со реалноста - рече Иванов. За сите што малку подобро ги знаат ставовите на Иванов, кој беше најголем противник на охридскиот договор, изненадување беше кога целосно го поддржа рамковниот договор претставувајќи го како документ што обезбедил Македонија да биде зграда во која секоја етничка заедница си има свој стан.

КОЈ ГО НАМЕТНА ИДЕНТИТЕТОТ?

Претседателскиот кандидат на СДСМ и на НСДП Љубомир Фрчкоски на изненадување на многумина беше неочекувано смирен и воздржан и не ги искористи гафовите на Иванов за да поентира. Но, и кај него можеше да се забележи ретерирање во однос на ставовите што ги имал порано како експерт по меѓународно право. Иако на ТВ-соочувањето неколку пати повтори дека во преговорите за името никогаш не бил доведен во прашање македонскиот идентитет и јазик, тој во своите колумни од пред една година предупреди дека со еден член од тогашниот предлог на посредникот Метју Нимиц директно се „брише“ идентитетот на Македонците.

„За нас е убедливо најкобен членот 8 и ако тој остане ваков каков што е, ако е тоа грчката позиција и ако добијат цврста меѓународна поддршка за него, по мое мислење целиот договор мора да падне. Ништо не вреди во договорот ако остане членот 8. Бидејќи со тој член директно ни се брише идентитетот“, изјави Фрчкоски во интервју за „Дневник“ пред една година. Токму од тој момент идентитетот и придавките станаа проблематична точка во преговорите за името.Наспроти ова, сегашната позиција на Фрчкоски е дека не се преговара за промена на уставното име и за промена на македонскиот идентитет и јазик.




- Тоа е лажна тема, која властите успеаја да ја стават на маса. Оваа влада е најдобрата влада за Грција и ако се праша Грција, овие треба да владеат 100 години. Тие ја отворија тезата за антиквизација и одеднаш нашите сограѓани и цела меѓународна заедница ги зачудија, зошто по 18 години една структура во Македонија повторно ќе преиспитува кои сме и што сме. Тоа оди преку практика на највисоката извршна власт. Последицата од тоа е изолација, во ќош - рече Фрчкоски при соочувањето.

Неиздржан е и неговиот став дека поради изолацијата што ни се случува поради сегашната владејачка структура, Македонија е многу посиромашна од другите земји од регионот. Притоа тој за споредба употреби бројки за висината на платата во Македонија, Бугарија, Хрватска и во Србија од 1992 година, а тоа што сега просечните плати во сите овие земји се повисоки од нашите му го припиша на Груевски. Вистината е дека трендот на заостанување на Македонија во однос на соседите не е од пред две или три години, туку тој процес се одвиваше и во време на сите претходни влади независно дали ги формирал ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ.

Позитивно изненадување беше настапот на Хоџа како единствена жена меѓу претседателските кандидати. Имаше чиста и течна мисла. Несоодветно и' беше високото академско ниво, бидејќи им се обраќа на граѓаните, кои треба да сфатат што сака да каже. Може да и' се забележи и за признанието дека само четири недели е во политиката, што не е факт со кој треба да се фали еден кандидат за претседател. Таа единствена од кандидатите јасно го постави прашањето за македонскиот идентитет, посочувајќи го проблемот што Македонците немаат јасен став дали сакаат политичка или етничка нација.

- Сами подготвивме терен да ни се наметне проблемот со името, поради конфузијата што сами ја создадовме. Античкото минато на Македонија треба да го проучуваат научниците, а не политичарите, бидејќи постои огромна разлика меѓу историја на територија и историја на нација. Треба компромисно решение за името, кое нема да навлегува во ничиј идентитет - рече Хоџа.

ОД ПАТРИОТ ДО ЕВРОПСКИ ПОЛИТИЧАР

Независниот Љубе Бошкоски, кој себеси се прогласи за единствен кандидат-член на ВМРО-ДПМНЕ, се обиде истовремено да освои поени и кај тие што го перцепираат како „брат Љубе“ од конфликтот во 2001 години и како човек со визија за европска Македонија. Забележливо беше неговото јавно додворување на ДПА преку изјавата дека треба сериозно да ги сфатиме предупредувањата на еден од најважните политичари во албанскиот блок Мендух Тачи.

- Не смееме да го игнорираме ставот на Тачи дека ако Македонија не влезе во НАТО, е доведено во прашање постоењето на македонската држава. Ако 100 отсто Албанци и 60 отсто од Македонците сметаат дека излез од кризата е влез на Македонија во ЕУ и во НАТО, ние мораме да седнеме и да најдеме решение - рече Бошковски. Вети дека има капацитет да го реши проблемот со името и најави дека ако како претседател не успее да го направи за тоа една година, ќе се повлече од функцијата. Тој успеа да и' ја смени целата концепција за дебатните емисии на новинарката на „Телма“ со тоа што не се согласи да биде третиран како помал фаворит во однос на кандидатите од големата партиска четворка. Бошкоски инсистираше наместо во следната емисија да дебатира само со Селмани и Ружин, повторно сите заедно да дебатираат, што новинарката мораше да го прифати.

Како излезен од „архива“ изгледаше кандидатот на ДУИ Агрон Буџаку, кој имаше бледо издание. Не успеа да ја убеди јавноста дека прифатил да биде претседателски кандидат за да победи. Се збуни на прашањето кој кого би требало да поддржи, ако со Иванов влезат во вториот изборен круг. Дека на кандидатот Имер Селмани му е важна поддршката од македонските гласачи се виде и на соочувањето, на кое изостана типична ретортика за правата и положбата на Албанците во Македонија. Фокусирајќи се главно на прашањето за името, притоа само во една реченица споменувајќи ги меѓуетничките односи како се' уште незатворено прашање, Селмани најави дека ако стане претседател, заедно со Владата и опозицијата ќе изгради заеднички став за името.

- Треба да донесеме консензуално решение, кое нема да навлегува во идентитетот, ќе биде прифатено од Грција и ќе ни ги отвори евроатлантските процеси. Антиквизацијата на Македонија е опасна порака - рече Селмани.
Фрчкоски тактизира? Наспроти бучноста на Иванов, неочекувана смиреност манифестира Фрчкоски, кој не влезе буквално во ниту еден дуел, па дури и беше еден од најпослушните гости во емисијата. Фрчкоски дури неколкупати ги премолчи директните прозивки од Иванов, иако јавноста очекуваше да се спротивстави. Како еден од поважните советници на поранешниот претседател Трајковски, не реагираше на тврдењето на Иванов дека бил дел од тимот. Се шпекулира дека Фрчкоски го „чува“ својот темперамент за да го намами Иванов на дуел „еден на еден“, каде што ќе се покаже во вистинско светло. Иванов повторно не даде прецизен одговор дали ќе прифати дуел со Фрчкоски ако влезат во вториот круг. Тој дури ги обвини медиумите дека погрешно ја пренеле неговата изјава за тоа дали ќе има дуе
 
Член од
28 јануари 2005
Мислења
2.163
Поени од реакции
18
Na nekoj od narednive mitinzi kje ni raskaze li Gorge kako stana profesor. Komu nosel prasinja, torti, karti so vino itn.
Abe Frle Frle, sto si stori. Sam sebe go ubijal :):):)
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
878
Na nekoj od narednive mitinzi kje ni raskaze li Gorge kako stana profesor. Komu nosel prasinja, torti, karti so vino itn.
Abe Frle Frle, sto si stori. Sam sebe go ubijal :):):)
Абе ти како постар барем треба да имаш усул до кога ќе се лаже со една лага...Додека не ја побијат. И ја побија.
Шкариќ бара и професорска одговорност од Фрчкоски

Професорот Светомир Шкариќ бара скопскиот Правен факултет да ја утврди одговорноста на професорот Љубомир Фрчкоски заради невистините што ги напишал за својот колега Ѓорѓе Иванов. Шкариќ, кој го поддржува Иванов во кандидатурата за претседател на државата во рамките на ВМРО-ДПМНЕ, завчера најави дека ќе поднесе и тужба против Фрчкоски бидејќи во колумната објавена во весникот „Дневник“ изнел клевети и навреди и против него.

Во барањето испратено до Факултетот Шкариќ бара за Фрчкоски да расправа Наставно-научниот совет бидејќи „дисквалификациите што ги употребил за Иванов се несвојствени за членовите на академската заедница“

- Освен ова, тој се повикува и на записниците од седниците на Наставно-научниот совет на кои, наводно, јас не сум го поддржувал изборот на Иванов за асистент. Од сите документи се гледа дека тоа не е вистина. На тој начин во случајот го вовлекува и Наставно-научниот совет и тој треба да се изјасни за постапката на својот професор. Ако Факултетот не држи до таа морална одговорност, тогаш е јасно во кои води плива - изјави вчера Шкариќ.
И после како да не ти речам дека си лоботомиран сдсмовски дрон бе интеле....како да те сметам за сериозен човек а да не те споредам со самоутепаниот...
 
Член од
28 јануари 2005
Мислења
2.163
Поени од реакции
18
Ostaj go ti skaric, toj e lobotomiran, a ti mu veruvas.
Jas ne tvrdam, taka sum cul. Ne od partiski stabovi i propagatori tuku od nivni prijateli.
Sakas da kazes deka Frcko ne go napravi profesor ??? Deka ne bea kukjni prijateli, deka ne pisuvaa kniga zaedno, itn itn.
Zaebi Trn, lazi gi decava.
Inaku moze i primetuvas, sosema mi e seedno koj od ovie dvajca kje bide pretsednik. Samo da ne bide posle kako ona sto se sluci 2003 vo parlamentot. Ljubce kako lider na Dpmne za Trajkovski rece: mu se izvinuvame na Makedonskiot narod sto toj covek go predlozivme za pretsedatel" .....
 

кцхсхт

македоноид
Член од
4 февруари 2009
Мислења
341
Поени од реакции
9
Што се правите толку светци на форумов не ми е јасно,80% од машките во Македонијава удриле девојче,му го тресете на Фрчко до немај каде.
Сакаш да кажеш дека треба да го оправдаме таквото насилие, или можеби дури и да го глорифицираме...

Тоа е дебакл што ДПМНЕ допрва ќе го доживее и види.
:vozbud::vozbud::vozbud:
 
Z

Zona Pelucida

Гостин
Сакаш да кажеш дека треба да го оправдаме таквото насилие, или можеби дури и да го глорифицираме...
Ама кој го оправдува тоа,друго ми беше поентата,на дечко ми пример,да му се фрли некоја да го тепа,или некој,па ќе го згазам без разлика кој е во право,си бранам територија,зборувам за мене.Повторувам не ме интересира што прави Фрчко по паркинзи,ме интересира што ќе направи за државата,а да се случеше истиот скандал со некоја нејавна личност,немаше толку џева да кревате.
 

кцхсхт

македоноид
Член од
4 февруари 2009
Мислења
341
Поени од реакции
9
80% од членството на ДПМНЕ ќе го поддржат Брат Љубе,ајт на здравје бричење.
А од СДСМ колку проценит ќе го подржат брат Љубе??? :vozbud::vozbud::vozbud:

Ама кој го оправдува тоа,друго ми беше поентата,на дечко ми пример,да му се фрли некоја да го тепа,или некој,па ќе го згазам без разлика кој е во право,си бранам територија,зборувам за мене.Повторувам не ме интересира што прави Фрчко по паркинзи,ме интересира што ќе направи за државата,а да се случеше истиот скандал со некоја нејавна личност,немаше толку џева да кревате.
А тепањето на неговата бивша сопруга Алида Муча и тоа пред сопствените деца, тоа како ќе го оправдаш, кого и од што тука бранел???

Na nekoj od narednive mitinzi kje ni raskaze li Gorge kako stana profesor. Komu nosel prasinja, torti, karti so vino itn.
Abe Frle Frle, sto si stori. Sam sebe go ubijal :):):)
Ако тргнеме по таа логика тогаш дај да видиме кому Фрчко носел бурек и зошто беше наречен на времето БУРЕКОНОСАЧ АСИСТЕНТСКИ!!!
 
Z

Zona Pelucida

Гостин
А од СДСМ колку проценит ќе го подржат брат Љубе??? :vozbud::vozbud::vozbud:


А тепањето на неговата бивша сопруга Алида Муча и тоа пред сопствените деца, тоа како ќе го оправдаш, кого и од што тука бранел???
Оф лелеееее,типката си имала број од СОС,ако и пречело нека си се јави,самасебе убила,21 век сме си постои развод,ти кажав не ме интересира што правел,мене ништо лошо не ми направил,си гледам пред се за себеси,ако се замарам кој што како правел во животов далеку ќе стигнам.Ако не ти се свиѓа кандидатот не гласај што да ти кажам,сега за сега јас си останувам на своето.
 

кцхсхт

македоноид
Член од
4 февруари 2009
Мислења
341
Поени од реакции
9
Оф лелеееее,типката си имала број од СОС,ако и пречело нека си се јави,самасебе убила,21 век сме си постои развод,ти кажав не ме интересира што правел,мене ништо лошо не ми направил,си гледам пред се за себеси,ако се замарам кој што како правел во животов далеку ќе стигнам.Ако не ти се свиѓа кандидатот не гласај што да ти кажам,сега за сега јас си останувам на своето.
Во ниеден момент не пробав да те убедувам за кого да се определиш, полемиката беше за горенаведеното...
 
Член од
28 јануари 2005
Мислења
2.163
Поени од реакции
18
А тепањето на неговата бивша сопруга Алида Муча и тоа пред сопствените деца, тоа како ќе го оправдаш, кого и од што тука бранел???
Najgolemi kritizeri mu se luge koi si gi tepaat zenite.

Ако тргнеме по таа логика тогаш дај да видиме кому Фрчко носел бурек и зошто беше наречен на времето БУРЕКОНОСАЧ АСИСТЕНТСКИ!!!
Si go pomesal so eden burekonosac od stabot na SDSM. Sega ima i svoja partija.
 
Член од
5 март 2009
Мислења
2
Поени од реакции
0
Иванов е најдобар

Споре досегашното претставување на кандидатит и досегашниот тек на кампањата според мене најдобар кандидат за претседател е Ѓорѓи Иванов, човекот има широки познавања од одбласта на политиката и знае како да ја води државата, Фрчко не го ни рачунам како некој си кандидат затоа што човекот е премногу арогантен, нема појма од животот, а и неговите гласачи односно гласачите на СДСМ нема да гласат за него, затоа сметам дека треба да се подржи ЃорЃи Иванов, ако сакаме конечно македонија да ја видеме во НАТО и ЕВРОПСКА Унија Поздрав
 

кцхсхт

македоноид
Член од
4 февруари 2009
Мислења
341
Поени од реакции
9
Najgolemi kritizeri mu se luge koi si gi tepaat zenite.


Si go pomesal so eden burekonosac od stabot na SDSM. Sega ima i svoja partija.
Сакаш да кажеш дека и јас си ја тепам жената... :vozbud::vozbud::vozbud:
Никого јас не сум помешал, очигледно твоето пратење на политичкиве случувања во земјава се со краток рок...:nesvest::nesvest::nesvest:
 

SuicideMessiah

Советник
Член од
7 јули 2008
Мислења
5.562
Поени од реакции
281
И после како да не ти речам дека си лоботомиран сдсмовски дрон бе интеле....како да те сметам за сериозен човек а да не те споредам со самоутепаниот...
Нели таму во дпБне не верувате на комуњари?Како тоа ти Трнорушке како еден Македонец,националист и патриот веруваш на муабет произнесен од најкрволочниот комуњар професорот Шкариќ?Или нема везе овој од вашите е?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom