Изборни резултати од Претседателски избори 2009 (генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Адриано
  • Време на започнување Време на започнување

За кого ке гласате на следните претседателски избори?

  • Ѓорѓи Иванов (ВМРО-ДПМНЕ)

    Гласови: 313 39,0%
  • Љубомир Фрчковски (СДСМ)

    Гласови: 126 15,7%
  • Нано Ружин (ЛДП)

    Гласови: 23 2,9%
  • Mируше Хоџа (ДПА)

    Гласови: 1 0,1%
  • Љубе Бошковски (независен кандидат)

    Гласови: 141 17,6%
  • Имер Селмани (Нова Демократија)

    Гласови: 68 8,5%
  • Нема да гласам (или сеуште неопределен)

    Гласови: 74 9,2%
  • Агрон Буџаку (ДУИ)

    Гласови: 3 0,4%
  • Ќе го поништам ливчето, никој не ми се допаѓа.

    Гласови: 53 6,6%

  • Вкупно гласачи
    802
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Значи Иванов се однесува како претседателски кандидат, а Фрчко како веќе да е избран.

Прочитај пак каков треба да е идниот државник и одговори на прашањето.

Број 1 карактеристика кај идниот државник треба да биде надворешната политика со оглед на тоа што главните ингеренции на претседателот се во областа на надворешната политика и државниот углед.Каде е Иванов во Брисел?Знае ли како изгледа ЕУ парламентот?
 
па јас неможам да гласам иначе се знае за кого би гласал ама :) цела фамилија иначе ќе гласа за Ѓорѓе Иванов очекувам победа и тоа голема:helou:
Браво другарче така треба!!!! Напред ВМРО-ДПМНЕ !!!!! Вмро ке победи без разлика сдсм кој дандидат ке го кандидираат!!!:wink:
 
Коментари и Дебати Кандидатска парада на недостоинство


Автор: Мирка Велиновска
mirka.jpg
Податоците што се добиени по последните анкети, направени за да се има целосен увид во расположението на жителите на овој несреќен регион по големите политички операции што ги менаџираше т.н. меѓународна заедница, изгледа пак најмногу ги збунуваат домашните „дешифранти“ на општествените состојби. Во поглед на Македонците, велат нашиве, тие испраќале збунувачки, контрадикторни сигнали. Ем не верувале во институции, ем би сакале да се на некое друго место, а сепак и натаму најмногу веруваат во владата што не им е по ќеф на Бранко, Владе, Фрле и Ѓунер.

Јас, на пример, не се согласувам со оваа забелешка. Можеби зашто не сум експерт или интелектуалец, ами само дел од апартизираното, песимистички настроено контузирано мнозинството, мене ми се совршено логични одговорите на анкетираните Македонци. Тие не се оптимисти во поглед на економските перформанси на државата. Навикнати се да имаат ниски животни очекувања заради тоа што со децении ги водат потпросечни политичари, заради нискокапцитетната елита, која го окупирала нашиот животен простор и не го пушта. Гледаат дека и по три години надеж во преродбата на Груевски, работата никако не тргнува во економскиот сектор, не се исправаат последиците од „историската приватизација“.

Животот во земјава не им пружа баш шанси за фин живот на младите, а тие не се оспособени за борба за себе како што тоа го прават нивните врсници во светот. Македонците не им веруваат на институции како што е судството оти е без дигнитет, корумпирано и бирократизирано. А уште помалку на политичари што речиси две децении се извор на наш национален срам, кои се некадарни да работат за доброто на народот, ама за ништо на светот не би ни се мавнале од пред очи. Во членството во ЕУ и во НАТО повеќето од нас гледаат спас од ова бесконечно давење во жив песок, па сепак само 3 отсто би биле спремни да платат таков спас со промена на сопствениот идентитет.

И што е толку нелогично што го збунува нашево друштво на елитни дешифранти? Само две работи: дека тие сè уште не гледаат поквалитетна алтернатива на владата и на Груевски и не се подготвени да прифатат членство во ЕУ ако за тоа треба да загубат идентитет. Порационално, здравје!

Колку за довербата што му ја даваат на Груевски досега требаше да стане јасно дека рејтингот ќе му биде стабилен додека мнозинството го доживува како човек што сака да ги смени работите и кој не остава впечаток дека е комплетно отуѓен од народот. Она што го зборува, народот го разбира. За разлика од оние што со своите јавни истапи и досегашни политики јасно ставаат до знаење дека не ги есапат ни чувството, ни потребите на народот и го третираат како раја. Тие се толку отуѓени што не забележуваат дека народ како што е македонскиот, поради приликите во кои опстојувал, развил неверојатна емотивна интелигенција (нашиве немаат поим што е тоа). Таа му помага прецизно и непогрешливо да ги намириса шконтерите, лиглињата, опортунистите, лажговците напикани во партии и божем невладини организации. Ги чита како селски буквар. Ги дешифрирал сто отсто!

Што си мислат, каков ефект им остави на Македонците, на пример, катадневното рашетување на кандидатите за претседател по скопските амбасади, во присуство на камери. Кој ќе нè претставува и како ќе нè претставува се гледа џанам и од фактот дека идниот шеф на држава оди на визита, како невеста на гледање, кај најобични дипломатски службеници. Ако треба да ги запознаат, за да испратат извештаи до своите министерства, службениците ќе бараат прием кај кандидатите, или ќе најдат начин да ги опипаат низ неформални средби на неформални места.

Срам ми е да гледам ваква парада на недостоинство и лош протокол. Ми се лоши од салутирањето на Ѓорге Иванов пред холандската амбасадорка, глумењето супериорност на Љубомир Фрчкоски и ноншаланција на Нано Ружин. Се ужаснувам од ефектот што со своето поведение го предизвикуваат кај амбасадорите во нашава земја. Од очи им се чита потсмешливиот презир што го чувствуваат за нив, а со тоа и за нас како народ. Како мислат дека влијае на нашето самочувство извонредно глупавиот, недржавнички и антиуставен гест на кандидатот Нано Ружин на македонските медиуми, среде Македонија, да им се обрати прво на француски јазик, за потоа да им го преведе тоа што рекол на македонски јазик. Видовме дека тој е единствениот што е фасциниран дека знае два живи јазици и е спремен тоа да го воведе како стандард. Иако јас сметам дека ќе биде далеку подобро за Македонија ако тестирање на интелигенцијата се воведе како услов за сите што сакаат да се занимаваат со политика. Оти не е баш пофално за бистроќата на кандидат за шеф на државата да ви се легитимира како „хороскопски Лав со подзнак македонско сонце“.

Во тој контекст проблем има и кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, но само ако е точно дека и Ѓорге Иванов влегува во научна елаборација на генетичките карактеристики на нашиот идентитет со некои амбасадори,

Фрчкоски, пак, е друг вид беља. Неговата кандидатура не престанува да нè соблазнува. Ние добро знаеме дека политичарите лажат и дека моралот не им е јака страна, но просто запрепастува ароганцијата со која пред овој народ истрчува човекот што нема ама баш ништо заедничко со Македонија и нејзините национални цели. Уште пред стартот на кампањата тој веќе се официјализира како лобист на МКГ, а ќе бара гласови од граѓаните што треба да бидат жртвувани за доброто на Грција. А ептен му е добар и предлогот „сите солидарно да ја споделиме судбината со стечајците што биле жртва на транзицијата, која еднаш во историјата се правела“. Тоа го кажува баш додека сите сме сведоци на трета по ред светска транзиција во седумдесетина години. Што му дава посебен шмек на научниот и интелектуален профил на овој политички штребер.

Кандидатот на СДСМ смета дека е најправично ние самите да си се обесштетиме за мизеријата во која сме втурнати, без да рчкаме во самиот историски процес. Предлага да бидеме солидарни со самите себе и така да си се обесштетиме, без да брцнеме во џебовите на тие што ги затворија, продадоа, раскрчмија фабриките. Заговорникот на мека диктатура на либералната демократија, очигледно како и во 2002 година пред изборите, пак се обидува историски да истранзитира во безбол палка со меко јадро. Ако воопшто и се случи „револуција“ во Македонија, на што очигледно смета Фрчкоски, имајќи верба во режисерските перформанси на Владе Милчин во претставата „Манифест“ ќе биде тоа големо изненадување за Фрчкоски и неговиот ментор. На крајот на оваа епизода, обајцата ќе бидат крајно збунети заради јасните сигнали што ги добиваат од народот што тие очигледно не го познаваат. Тамам и на Груевски да му биде исфингирана војна, спакуван атентат или авионска несреќа, тие на избори нема да пројдат.
 
Прочитај пак каков треба да е идниот државник и одговори на прашањето.
Кој кажува каков треба да е идниот државник ???
Може да не просветлиш со авторот на цитираното...
 
Уставот
Прочитај го уставот и ќе се просветлиш,и не е еден автор или автор туку повеќе експерти
:pos::pos: Оф леле. Ајде цитирај ми дел од Уставот кај што го пишува тоа. Значи цитат со извор од Уставот на Република Македонија.
 
Оф леле, ај без оф топици, во последниве 5 минути имам банирано 7 членови. Верувам дека никој нејќе да биде 8-ми.
 
За говорот во емисијава секоја му чест, но дали ќе го примени ова што го зборува или повторно ќе се залага за Р.М. СК. :toe:
 
АБЕ НЕКА ИДАТ СИТЕ КАНДИДАТИ ДО ЕДЕН У ПИЧКУ МАТЕР!!!!!!!!
 
Ако седне Иванов на иста маса со Фрцко лавз грцко јас нема да гласам на избори за него го правам неважечко ливчето. Тоа би било ептен навредливо за секој Македонец замослете само кои глупости фрцко ќе ги каже и после педериве ќе ги користат :nenene: преку глава ми е од предавници ДОСТА БЕШЕ!!!!!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom