Љубомир Фрчкоски е единствениот што има право во Македонија да го понесе епитетот Хунза Први!
Хунзите кои себе си се сметаат за потомци на Александар Македонски летото 2008 година за првпат дојдоа во својата прататковина. Без претензии во оваа пригода да разјаснуваме колку се тие Македонци и од кои војници на Александар влечат корени, она што е интересно е нивната употреба во изборната реторика и кампања. Деновиве кандидатот на ЛДП, Нано Ружин изјави дека со „Букефал и Хунза“ политика, Македонија не можела да ги оствари евроатлантските аспирации. Еден од перјаниците на оваа антимакедонска „дива хорда“ која мисли дека историјата на македонскиот народ е колку од времето кога тие биле во пелени, е токму претседателскиот кандидат на СДСМ, Љубомир Фрчкоски. Тој, очигледно е сосема неинтересен штом не плука со најдолни зборови и сулуда ароганција додека неконтролирано го исфрла јазикот надвор од устата, што потсетува на с’скање на змија. Во неговите изборни комични средби со сточарите или некакви женски организации ја открива сопствената сосема бледа и безначајна фигура.
Инаку, токму Љубомир Фрчкоски е единствениот што има право во Македонија да го понесе епитетот Хунза Први! Според негови блиски, токму тој бил главниот за воспоставувањето комуникација со Хунзите од Пакистан и како најзаслужен се изборил тој да присуствува на свечената вечера со Хунза гостите. Оттука, она што Фрчкоски крие (како змија нозе) кога раскажува „прикаски“ е неговата лична „прикаска“ за Хунзите. Имено, Фрчкоски всушност е единствениот кој, според тврдења на негови блиски, е заслужен за тоа што Хунзите стапнале во Македонија. Токму Фрчкоски го убедил својот пријател г. Владимир Ралев, кој имал контакти во Пакистан каде што во делот на Хималаите живеат Хунзите, на новинарката Марина Дојчиновска пред некоја година да и го организира патот до Хунзите од што беше направена едночасовна репортажа.
Минатото лето, кога претставниците на Хунзите беа во Македонија, финансиерот на нивниот престој, извесен домашен бизнисмен бил убедуван дека токму Фрчкоски е најзаслужниот за воспоставувањето врска со Хунзите, па така Фрчкоски се изборил да биде присутен на вечерата во чест на Хунзите.
Се разбира има подрастични примери од овој за врвната изопаченост на Фрчко Хунза Први кој може истовремено да има неколку различни ставови за само едно прашање, а да не зборуваме дека она што го кажал вчера не важи денес. Во оваа смисла овој первертит неодамна во својата колумна напиша дека „Политичката идеологија на изолација ја конструираа околу ребрендирањето на македонскиот идентитет, кон т.н. гордоста на античка Македонија и Македонци со примитивен притисок на слободите на граѓани и бесрамна пропаганда.” Изолационистичкиот Хунза - тим, продолжува Фрчкоски, (алудирајќи не само на ВМРО-ДПМНЕ и лидерот на партијата туку и на сите Македонци кои сакаат да си ја знаат својата вистинска и цела историја), неминовно морал да се заокружи со претседателскиот кандидат Ѓорге Иванов.
Ете до каде оди бедноста на еден испревртен ум како оној на Фрчимир Хунза Први. Да се „тепа“ да биде „почесен“ гостин на вечерата со Хунзите како најзаслужен за нивното доаѓање во Македонија, а од друга страна да обвинува други за ребрендирање на македонскиот идентитет.
Зарем треба уште да се кажува за другите „фрчиња“ како сејачи на магла. Токму генијалецот Фрчко, судејќи по сè, е автор на името Пак - и- стан, односно на „прикаската“ дека името на Пакистан настанало кога Александар Македонски на своите изморени војници им викал „пак- и- стан(и)”, а за што Фрчко го исмејуваше проф. Иванов во својата колумна.
За исмејувањето со македонскиот идентитет од страна на сите сдсмовски „фрчиња“ кои ги нарекуваат „македоноиди“ сите оние кои сакаат детално и продлабочено да ја извадат на површина поновата (античка), но и многу постарата македонска историја што досега упорно е криена, има кривичен закон според кој тие треба да одговараат за навреда на македонскиот народ.
Во секој случај подобро е некој да е дури и „македоноид“ отколку беспаметен „кретеноид“!