Изборни резултати од Претседателски избори 2009 (генерална дискусија)

  • Креатор на темата Адриано
  • Време на започнување

За кого ке гласате на следните претседателски избори?

  • Ѓорѓи Иванов (ВМРО-ДПМНЕ)

    Гласови: 313 39,0%
  • Љубомир Фрчковски (СДСМ)

    Гласови: 126 15,7%
  • Нано Ружин (ЛДП)

    Гласови: 23 2,9%
  • Mируше Хоџа (ДПА)

    Гласови: 1 0,1%
  • Љубе Бошковски (независен кандидат)

    Гласови: 141 17,6%
  • Имер Селмани (Нова Демократија)

    Гласови: 68 8,5%
  • Нема да гласам (или сеуште неопределен)

    Гласови: 74 9,2%
  • Агрон Буџаку (ДУИ)

    Гласови: 3 0,4%
  • Ќе го поништам ливчето, никој не ми се допаѓа.

    Гласови: 53 6,6%

  • Вкупно гласачи
    802
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.335
Поени од реакции
18.208
Вака сега нешто не ми е јасно.

Фрчко го знаеме каков е, тој ги менува ставовите во зависност на кого сака да му се приближи, беше цврст по прашањето на името додека му се упикуваше на Груевски, ама кога овај не го играше, зеде да му се упикува на Бранко и нормално требаше да ги брани глупавите ставови на СДСМ за промена на името.

Но, за Ѓорѓи Иванов незнам какви му се ставовите за името го немам слушнато да речи дека ИМЕТО НЕ ГО ДАВАМЕ.

Го гледав во емисијата на Миленко и во главно тој се залага за поцврста позиција во поглед на преговорите, за да можеме да издејстуваме подобро решение за нас. Но, не рече дека ИМЕТО НЕ ГО ДАВАМЕ и точка.

Значи има некој линк каде Ѓорѓи кажува дека нема да учествува во менување на ИМЕТО?
 

SuicideMessiah

Советник
Член од
7 јули 2008
Мислења
5.562
Поени од реакции
281
Otekuvate so tie atentatorski gluposti protiv Frchko,pa neli bre Kiro Gligorov go nekjite?Shto sega ve zabole za Kiro Gligorov?Neli go sakavte mrtov predavnikot Grchki shto go smeni imeto?Da se chudi chovek so vas od dpBne.
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
Но, за Ѓорѓи Иванов незнам какви му се ставовите за името го немам слушнато да речи дека ИМЕТО НЕ ГО ДАВАМЕ.

Го гледав во емисијата на Миленко и во главно тој се залага за поцврста позиција во поглед на преговорите, за да можеме да издејстуваме подобро решение за нас. Но, не рече дека ИМЕТО НЕ ГО ДАВАМЕ и точка.

Значи има некој линк каде Ѓорѓи кажува дека нема да учествува во менување на ИМЕТО?
јас бев на трибина и јасно си го кажа ставот дека името не треба да го мењаваме. Миленко го пушти видеото од трибината прд некоја емисија ќе побарам ако го најдам ќе го добиеш
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Otekuvate so tie atentatorski gluposti protiv Frchko,pa neli bre Kiro Gligorov go nekjite?Shto sega ve zabole za Kiro Gligorov?Neli go sakavte mrtov predavnikot Grchki shto go smeni imeto?Da se chudi chovek so vas od dpBne.
Не го сакаме Киро, ама не сакаме ни прдло атентаторски за кандисат за замена на ќелешон Б.Ц. име не му спомињам погано.
 

SuicideMessiah

Советник
Член од
7 јули 2008
Мислења
5.562
Поени од реакции
281
Epa sega reshete se,ili go sakate Kiro ili go nekjete,ako go nekjete treba da mu pruzhite raka na Frchkoski za "atentatot" ne da plukate po nego :)
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
На убијци и предавници рака не пружам.

А ти дете, пак напињаш како пролив.

Е сега, јас сум толерантен, ама не за исцибрени комуњарски бранковисти.
 
G

grande-juve

Гостин
teneke
Но, за Ѓорѓи Иванов незнам какви му се ставовите за името го немам слушнато да речи дека ИМЕТО НЕ ГО ДАВАМЕ.

Го гледав во емисијата на Миленко и во главно тој се залага за поцврста позиција во поглед на преговорите, за да можеме да издејстуваме подобро решение за нас. Но, не рече дека ИМЕТО НЕ ГО ДАВАМЕ и точка.

Значи има некој линк каде Ѓорѓи кажува дека нема да учествува во менување на ИМЕТО?

јас бев на трибина и јасно си го кажа ставот дека името не треба да го мењаваме. Миленко го пушти видеото од трибината прд некоја емисија ќе побарам ако го најдам ќе го добиеш
видеото на гугл беше до пред некој ден, а сега е тргнато, не знам зошто, а Иванов од сите кандидати има најцврст став за името, тоа е факт само изгледа на некој тоа му смета
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.760
Поени од реакции
9.883
За Фрчко сигурно нема да гласам,молим ти се па не сум луд уште :uvo:
А Иванов некако ми е сумњив,многу е мек и нерешителен до сега во јавните настапи,али ако покаже пар добри дискусии у кампањавта,за него ќе гласам,инаку за друг не гледам избор,сите други ќе освојат минимални гласови,само ќе бидат декорација на избирачкото ливче :nesvest:
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
teneke
Но, за Ѓорѓи Иванов незнам какви му се ставовите за името го немам слушнато да речи дека ИМЕТО НЕ ГО ДАВАМЕ.

Го гледав во емисијата на Миленко и во главно тој се залага за поцврста позиција во поглед на преговорите, за да можеме да издејстуваме подобро решение за нас. Но, не рече дека ИМЕТО НЕ ГО ДАВАМЕ и точка.

Значи има некој линк каде Ѓорѓи кажува дека нема да учествува во менување на ИМЕТО?


видеото на гугл беше до пред некој ден, а сега е тргнато, не знам зошто, а Иванов од сите кандидати има најцврст став за името, тоа е факт само изгледа на некој тоа му смета
тргнато е заради божемна предвремена кампања, деме другиве мирни седат
па ако е кампања тоа што на 03.11 2008 кога не се ни споминаа избори нити нешто слично а Иванов многу јасно си го кажа својот став за името тогаш господ нека им е напомош на тие кои тоа го нарекоа кампања :pop:
 

SuicideMessiah

Советник
Член од
7 јули 2008
Мислења
5.562
Поени од реакции
281
G

grande-juve

Гостин
Milenko = Eks Robijash.

ama kje bide interesno ako prifati Ivanov duel so Frchkoski :tv:
прво, миленко не може да биде робијаш зашто, не одлежувал казна туку бил во притвор, исто како и греалката заев

второ, стварно ќе биде интересно да видиме како фрчко ќе го убедува иванов да си го промени името на неговата држава
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
Jaka emisija i voditel izbral.:tapp: Milenko = Eks Robijash.Ne me chudi shto se kanat eden so eden Ivanov i kompanija ama kje bide interesno ako prifati Ivanov duel so Frchkoski :tv:
а па ти тие што ги браниш цвеќиња за мирисање бучко осуден на 3 ипол, заев помилуван од бц фрчко тепач на деца, човекот барем одлежал за грешката(намештаљка) не се криел како твоиве, башка далеку е тој за нив пулениве твои ни 2 % немаат ни прошетано ни проживеано нити познааваат свет колку што Миленко има доживеано, башка за во емисија еден куп интелектуалци му имаат гостувано
 

Јован

дежурен сеирџија
Член од
16 октомври 2005
Мислења
4.892
Поени од реакции
265
Мислам дека вреди да се прочита портретов на Утрински за Фрчковски, чисто онака колку да се потсетите што и како било со човеков.

Фален и напаѓан, професорот Фрчкоски верува во победа

Не влегувам во изборната трка само да учествувам, туку да победам
Гордана Дувњак

Одлуката на опозицискиот СДСМ, зад која застана и НСДП, да го предложи за претседателски кандидат професорот по меѓународно право на Правниот факултет во Скопје, д-р Љубомир Фрчкоски, предизвика голема неверица во јавноста. Без малку вистински шок!

По повлекувањето на искусниот дипломат Срѓан Керим од натамошната изборна трка, многумина се' уште имаат проблем да ги разберат вистинските мотиви на опозицијата за пристапувањето кон „планот Б“.

Дали поддршката на непартиски кандидат, кој важи за една од најконтроверзните личности на македонската политичка сцена, треба да се разбере како кадровска криза на левицата, која ги живее своите најтешки денови? Станува ли збор за предвремено признание на опозицијата дека е на прагот на уште еден тежок пораз? Или, пак, за чист прагматизам и потиснување на сопственото партиско его и застанува зад човек кој знае да ризикува и не се плаши од предизвикот?

Образложението на социјадемократите е дека им бил потребен човек кој има сила да води политички битки во овие тешки времиња, кога Македонија се соочува со изолација и авторитарна власт.

Професорот Фрчкоски вели дека неговиот основен мотив за прифаќање на кандидатурата бил предизвикот. Неговиот став кон овој вид искушенија шеговито го споредува со оној на Оскар Вајлд. „Кога имаш некакво искушение, му се препушташ и- го решаваш!

„Имам вроден инстинкт, така сум воспитуван и образуван, да ги мразам луѓето кои се плашат“. За себе вели дека е прагматичен човек и не е лузер. „Не влегувам во изборната трка само да учествувам туку да победам!“ вели самоуверено професорот Фрчкоски.



Вели дека силно го мотивира тоа што против себе има авторитарна власт. „Тоа е еден мрачен центар, каков што Македонија досега никогаш немала, кој нема интелектуални способности, кои би биле за респект, туку е празна дупка. Затоа, сметам дека мора да се порази концептот на изолација. Претседателските избори мора да бидат пресвртница да го означат почетокот на поразот на оваа власт“.

Педесет и едногодишниот скопјанец, кој потекнува од стара преродбеничка мијачка фамилија, на која е посебно горд, по многу нешта е необична личност во македонската галерија на ликови. Тешко дека можете да најдете личност во поновата македонска историја која е толку фалена и оспорувана. Медиумски присутен и елабориран во јавноста без малку две декади, како поради стручните ставови, политичкиот ангажман, или пак, поради приватниот живот.

Ставовите на професорот Љубомир Фрчкоски искажани во јавноста ретко кого оставаат рамнодушен. Успева да предизвика полемика, но и свесно да провоцира, да вади луѓе од кожа, но и да направи длабоки анализи. Можеби нема да се согласите со него, но факт е дека македонската демократска сцена без него би била посиромашна и неинтересна.


Противниците го доживуваат како голем позер кој постојано прави нешто за да биде во центарот на вниманието. Го квалификуваат како неодмерен сезнајко кој сака во секоја чорба да биде мирудија. Неговите колумнистички пишувања ги оценуваат како „интелектуална онанија“ со која создал бројни непријатели, бидејќи ретко кој му останал надвор од нишан. Постојано потсетуваат дека за време на неговиот речиси десетгодишен престој во политиката, му се случиле „Бит-пазар“, Радолишта, па дури и атентат врз претседател. Не му ги забораваат неговите перцепции за парадржавниот тетовски универзитет како „ роденденската забава“ и „издишан балон“.

Но, уште повеќе кривичните пријави, екстравагантноста со уметничките слики, рејбан очилата, коњите, влијанието во медиумските кругови, па дури и џезот, скапите часовници и пурите. Се' уште кружат приказните дека по промената на власта во 1998 година и победата на ВМРО-ДПМНЕ, од затвор го спасила тогашната прва полицајка Доста Димовска, која подоцна стана негова блиска пријателка. За оние на коишто не им е омилен, забавни се пикантериите од неговиот приватен живот, во кои имаше еден мачен развод, нов брак со млада адвокатка, тепачка на паркинг...

Приврзаниците, пак, го глорифицираат како човек со став, закон, неоспорен интелект, кој со својот луциден и специфичен стил знае да ги погоди работите право во центар. Неговите вторнички колумни во „Дневник“ кои се објавуваа до оваа недела, а сега се ставени во мирување, беа незаобиколно четиво со години. Макар што понекогаш знаеше и да претера со својот вокабулар. Некои од нив личат на вистински политички есеи, кои знаат да насмеат, да се прераскажуваат, а некого богами и да заболат. За една од своите колумни посвети на штетниот договор со „Окта“ заработи и кривична пријава од премиерот. Казната што треба да ја плати од 32.000 евра, веројатно, ќе остане во судските анали запишана како највисок паричен износ изречен за клевета и навреда. Неделникот „Глобус“’ во вброи во редот на десетте македонски личности за европска Македонија. Но, она по што сигурно ќе остане запаметен е неговата вклученост во донесувањето на речиси сите најважни акти на македонската држава - од Уставот до Охридскиот договор.

Во неговата биографија е запишано дека е роден 1957 година во Скопје. Дипломирал на Правниот факултет во 1981 година, а во 1986 година станал магистер по право. Во 1989 година докторирал на Универзитетот „Едвард Кардељ“- Факултет за социологија, новинарство и меѓународни односи во Љубљана. Во 1984 година се вработува на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ по меѓународно право и меѓународни односи. Зад себе има импозантна листа на објавени книги и стручни трудови.

Во политиката влезе во 1990 година како министер без ресор во првата експертската влада на Никола Кљусев. Беше министер со најдолг стаж во полицијата, каде што остана цели четири години, а една година и шеф на дипломатијата. Дури и кога не беше директно во политиката, беше блиску до неа. За време на мандатот на трагично загинатиот претседател на државата, Борис Трајковски, беше негов советник за уставни прашања и за прашањата од областа на човековите права.

Многумина се' уште ги паметат неговите критички ставови за време на воениот конфликт, кога отворено се залагаше за остар одговор на државата. Фрчкоски се' уште мисли дека војната во 2001 била непотребна и можела да се избегне.

„Ако немавме таков договор и таков конфликт на едно место и во еден концентриран облик, практично суштински истите решенија на Македонија ќе и' беа наметнати низ процесот на европска интеграција“, напиша Фрчкоски.

Честа тема на негова опсервација е начинот на кој се води државата, па во една од своите последни колумни ќе напише дека „аутистичката политика што ја води Македонија има систем на итање кон никаде... апсолутна акција која треба да го замени мислењето“.



Со неговите критични ставови околу решавањето на проблемите околу името со Грција, заработи етикета на „предавник“ и „грчки платеник“, само затоа што повикуваше на компромисно решение, кое ќе не' донесе поблиску до НАТО и до ЕУ.

„Дотеравме далеку со ’меѓународната‘ околу компромисен предлог, сега повлекување ќе има многу висока цена, цена што Македонија нема да може да ја плати, а тоа е изолација и долгогодишно стагнирање и скапување однатре. А Македонија не е нивна дедовина, туку наша татковина. Тој компромис има горчина, што воопшто мора да го правиме, но има баланс и некаква добивка на крајот на краиштата, што не е за потценување“ , оцени професорот Фрчкоски во неколку свои јавни настапи во медиумите

Претседателскиот кандидат на опозицијата е свесен дека во кампањата ќе биде изложен на жестоки напади, како од политичките противници, така и од медиумите блиски до власта. Вели дека тоа уште отсега може лесно да прочита, кои ќе бидат главните пунктови на медиумска канонада, но тоа воопшто не го загрижува, дури и го забавува.

„Секоја од тие теми, на кои ќе ме напаѓаат е најмалку четири-пет пати експлоатирана. Прв пат околу целата оваа приказна ми е задоволство, зашто гледам дека зад тоа се крие страв. Тоа не е само обид за компримитација на интелектуалец кој мисли различно, туку од сите шевови им излегува страв. Но, апсолутно сум сигурен дека таквиот начин ќе им биде контрапродуктивен и ќе им се врати како бумеранг“.

Тврди дека ќе води позитивна кампања, во која ќе ги убедува граѓаните дека има концепт и се залага за сериозни вредности, што не значи дека лесно ќе се предаде без борба. Подготвен е да одговори на се'.

„Едвај чекам да ги извадат кривичните пријави, кои беа седум на број и се покажаа како неосновани. Ќе одговорам и за пријателството со Доста Димоска, кое е искрено, иако често сме биле на различни позиции“, додава Фрчкоски.

Вели, дека има ист однос спрема Албанците.

„Чесен однос, но без пардон кога се работи за принципите на правната држава. Никогаш персонално, никогаш со говор на омраза. Па, и самиот бев оженет со Албанка“, нагласува опозициониот претседателски кандидат и вели дека очекува поддршка од Албанците, кои се надвор од „партиските пакети“. „Подготвен сум да одам и во највмровските средини и да полемизирам околу концептот што го нудам’’.


извор
 
Член од
29 јуни 2005
Мислења
1.284
Поени од реакции
14
Македонските граѓани веќе не „пијат нафта“



Автор: Емилија Гелева

Македонската јавност созреа. Тоа од ден на ден го потврдуваат најразличните рејтинзи и високата поддршка за ВМРО-ДПМНЕ. Граѓаните ја поддржуваат политиката на Никола Груевски, а тој пак покажува дека има капацитет одговорно, студиозно, обмислено и смело, не подлегнувајќи на никакви притисоци, да донесува важни одлуки. Продлабочениот пристап кон избор на претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ е силна потврда за тоа. Имено, Груевски покажа дека не се плаши од моќта на медиумскиот монопол на ВАЦ, чиј главен човек во Македонија, Срѓан Керим, не ги криеше своите амбиции за претседател. И не само што не ги криеше, туку и долго ги негуваше подготвувајќи клима дека токму тој е „избраниот“ што нормално ќе треба да биде претседател на Македонија. Во таа смисла дури и сдсмовските рејтинг агенции интензивно лиферуваа негови високи рејтинзи.
Но, реакциите на јавноста покажуваат дека македонските граѓани почнаа да ги разликуваат местенките, да разликуваат што е „чисто“ а што не, и дека не им даваат „пас“. Не помогна ни китењето со некакви си црвени ленти од некои други држави, ниту грижливо негуваниот имиџ за ненадминливо меѓународно искуство што поддржувачите на Срѓан Керим се обидоа да го претстават како најважно, а што кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, проф. Горѓе Иванов го немал. Македонските граѓани ја прозреа оваа сдсмовска шашма. Други, пак, без никаква причина се обидуваат да го споредат проф. Иванов со Борис Трајковски, велејќи дека Иванов не и бил познат на јавноста како што бил Трајковски. Без оглед на тоа што ВМРО-ДПМНЕ се обидува да направи некаков претседателски култ од Трајковски, во што не изостанува ни СДСМ, сепак и на таа местенка народот не реагира, иако молчи од проста народна причина - за мртвите сè најдобро. Но, мора да се каже дека таквата споредба е несоодветна, зашто ако некој беше анонимус за македонската јавност, тоа бездруго не е Иванов, кој е присутен во јавноста со своето сериозно дејствување, и во цивилниот сектор како и во академските кругови повеќе од две децении. За разлика од него, Трајковски имаше стаж од само некоја година во градежна задруга, а според информации на упатени имал поважен неколкугодишен стаж на некаков си платен список на ЦИА. Не знам дали тие документи некогаш ќе се декласифицираат, и дали по 50 години или порано би можела да се дознае вистината. На странските експерти кои му ја работеа претседателската кампања на Трајковски, не им беше тешко да укапираат на што се пали народот и како молскавично да лансираат нешто околу што ќе можат да му градат имиџ кај „простата“ маса. Но, народот и тогаш ги разбираше ваквите шашми што се покажа на првиот круг од изборите. Дури по големиот странски притисок врз Љубчо Георгиевски вториот круг помина како што помина, со полнење кутии и пукање, та Трајковски едвај ги доби потребните цифри. Како „нивен“ човек, Трајковски им беше неопходна фигура за да успее планот на Запад за ништење на Македонија, преку нејзино претворање во протекторат, за што всушност и беше инсценирана војната со упадот од Косово на обучени платеници во униформи на ОНА. За подривањето на македонската одбрана од Борис Трајковски како претседател премногу е пишувано, документите би требало да постојат а и сведоците се сè уште живи. Трајковски стана жртва на своите мецени. Македонија, сепак, преживеа.
Затоа, најблаго речено делуваат недоквакано споредбите со Керим, кој бил роден за претседател, при што намерно се забораваат некои до крај неразјаснети моменти од неговата професионална биографија, или со починатиот Трајковски.
Шокиран и напикан в ќоше со изборот на ВМРО-ДПМНЕ, единствено што на СДСМ му остана е повторно да се служи со мафијашки игри и да го предложи за свој кандидат Љубомир Фрчкоски, кој е сè што Горѓе Иванов не е. Фрчкоски е духовен и ментален кастрат, корумпиран ум и карактер, за што доволно говори неговата професионална, но и лична, семејна биографија. Со изборот на Фрчкоски, СДСМ уште еднаш ќе покаже дека нема капацитет за сериозност и заштита на државните интереси. Со извитоперениот потег да го предложи Фрчкоски за свој кандидат за претседател, кој веќе во своја колумна во весникот „Дневник“ долно го нападна Иванов, СДСМ покажува дека освен за валкани игри не знае за друго.
Канонадата од медиумскиот монопол на ВАЦ против Груевски и неговата Влада и политика веќе почна како слатка одмазда. Може само да се замисли какво ќе биде нивното известување и пишување за изборите и за кандидатот Горѓе Иванов. Концернот ВАЦ има две можности, или да го вразуми својот прв човек во Македонија, Срѓан Керим, или да потврди дека онаму каде што стапнале придонеле за урнисување на новинарството како професија. Затоа, не е лошо за почеток, Брисел, кој измината недела ја искритикува Владата за медиумски неслободи, најпрвин да се обрати до седиштето на ВАЦ во Германија со барање да ја заштити новинарската професионалност. Имањето три весници со најголем дел од колачот на печатените медиуми во Македонија сигурно не значи слобода на израз. Тоа се покажува и сега кога тие се користат како оружје против претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и против премиерот, Никола Груевски.
Но, за среќа, македонските граѓани веќе не „пијат нафта“.

http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=302&ArticleID=16760
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom