продолжение на интервјуто од 2002 г. на Босанецот Осман Ватреш
Кои се луѓето кои се снимени на касетите?
Кога касетите стигнаа во Скопје од функциите беа сменети ФрчкоскиВеличкоски. И Диме Ѓурев настрада. Нему му понудија место во Сараево, но тој не сакаше, а на овие двајцата ништо не им понудија. На касетата беа снимени луѓе од групата.
Аслан Нуиши?
Да, во таа група е и Аслан Нуиши.
А како се викаше пеjачот?
Засега нека остане непознат. Но ќе се дознае, сигурно ќе дојде време за тоа.
Кажете барем дали е Македонец?
Македонец е ..., вистински Македонец. Се’ ќе излезе на виделина. Јас сум задоволен од ова што го завршив, како човек кој не работи во безбедносни служби туку како новинар, завршив една чесна работа.
Но, кога касетите со материјалот за атентатот пристигнаа во Скопје, зошто не е затворен случајот?
Тоа прашајте го премиерот на македонската влада Бранко Црвенковски.
Какви справи Ви нудеше ,,пејачот“?
Секакви видови. Експлозивни направи на далечинско управување. Тврдеше... „Го имаме тоа, го чуваме во Прилеп на една локација . . .“,.
А што е со Нуиши?
Нуиши е во операцијата.
Се спомнува ли името на Нуиши на касетите?
На касетите има многу детали.
Што конкретно?
Имиња и детали. Многу имиња од полицијата, но и надвор од неа. На аеродромот во Скопје една полицајка учествувала во извршувањето на задачата. Таа му е жена на тој и тој, кој правел тоа и тоа, ... се стои на касетата. Потоа сопругот на полицајката го уапсија во Грција. И тој призна некои работи. Но, за тоа подобро знае Богоевски. На касетите има се’ за мафијата во Македонија, кој зад кого стои, кој со кого работи... Со име и презиме. Очигледно е дека тие информации ги има и Љубе Бошкоски кој затоа и ја даде таа изјава. Ако тој нема такви аргументи, не би давал такви изјави, за разлика од интервјуто на Величковски кој дава изјави за атентат во кој лично учествувал.
Кој е автор на информацијата која се пушти кај нас дека Нуиши го извршил атентатот?
Види, јас никогаш не сум рекол дека Нуиши е извршител на атентатот. Но, знам дека е дел од таа група, затоа што подарувањето на „мерцедесот“, доаѓањето пред атентатот во Скопје, под друго име, спиеше во хотел ,, Јадран“ и сите тие случувања. Тој признал и некои работи во Словачка. Тоа се крупни работи кои ќе одат натаму.
Вие тврдите дека Нуиши е во затвор, но, тој дава интервју за весници и тврди дека не е во затвор?
Фотографијата која е објавена во весниците му е од младоста. Кога сме кај него, чудно е како загина брат му. Зошто брат му го смени презимето кога Нуиши беше уапсен?
Кој го смени презимето?
Па, брат му на Аслан. Од Нуиши стана Лесковица. По апсењето на брат му.
Кој е мотивот на оваа група да го изврши атентатот?
Мафијата секогаш има свој мотив. Кој и’ пречи тој мора да замине. На нив им пречеше човекот кој сакаше да се бори против криминалот. Неговата полиција, не му беше верна да го чува. Сетете се што се случи со автомобилот. Кога се понудија да помогнат сите полиции, министерот требаше да им дозволи на странските полиции целосно испитување на автомобилот. - Но, тука се беше тргнато. Кој можеше да го нареди? Па, министерот. Се сеќавате ли каде беше министерот по атентатот? А и таа конференција за новинари беше подигрување. Видете што се случува во Србија, Босна, Хрватска,. . . Видете го случајот Марино. Овој, Марино мртов, но ги открива работите затоа што водел дневник.
Дали можеби некои групи не сакаат намерно да го актуелизираат атентатот врз Глигоров поради изборите кои не’ очекуваат (н.з. избори 2002 год) ?
Никако ова не може да се доведе во врска со изборите. Знаете, се’ си има свој тек. Српската полиција интензивно работи во соработка со многу полиции да ја решат работата. Во Босна, Хрватска, исто така. Дали и ова што се случува во Македонија е случајно? Не е. Америка покрена акција со сите свои сојузници за борба против криминалот и тероризмот. Сега полициите се во заедничка акција. Европа сака да се заштити од наезда на криминалци.
Се спомнува ли името на Бранко Црвенковски на касетите?
Не.
Дали сега тие касети се во МВР?
Мислам дека не, но ги има Слободан Богоевски и уште некој.
Имате ли информации што се случи со жената која наводно го возела „ами“- то, Сузана Сулејмани?
Исчезна. Отиде во Австралија.
Кога исчезна?
После тоа.
Величковски тврди дека Вие сте се фалеле дека сте спиеле со Сузана Сулејмани?
Никогаш не сум дал таква изјава. Јас знам со кој човек таа живееше. Затоа, ете гледаш, тие го кријат човекот со кој таа живееше.
Со кого живееше Сузана?
Со пријател на Аслан.
Како се вика?
Демир.
Каде живееја?
Во Скопје. Во Сарај. Таа живееше со него, покрај неговата жена.
Која е нејзината улога?
Знам дека беше приведена.
Точно ли е дека Сузана била пејачка?
Да, се занимаваше и со пеење. Таа е голема пријателка и на Петрит. Јас се дружев со тие луѓе. Сузана ја водев на вечера четири пати. Но, не за нешто друго, туку да добијам информации. Гледате каков валкан човек е Добре Величковски штом зборува такви глупости. Не би ја потценил својата жена никогаш во животот.
Имате ли докази дека таа го возела „ами“-то?
А, не знам како натаму ќе покажат истрагите. Но, таа нон-стоп беше на врска со Аслан, и со Демир и Петрит. Таа ги обавуваше сите телефонски разговори кој МВР го прислушуваше.
Сузана Сулејмани е Албанка?
Не, торбешка. Нејзиниот татко претходно беше во полиција. Торбеш, како што вие ги нарекувате Бошњаците, Mакедонец муслиман.
Дали Сулејмани правела некои пластични операции по атентатот?
Имаше некоја операција, баш ми кажуваше дека нешто правела. Но, тие знаеја кој тоа го прави, бидејќи овој мене ми нудеше, ако треба и тоа.
И потоа ја снемува?
За Австралија отиде. Добре и’ даде документи да оди за Австралија.
И сега е таму?
Не знам дали и сега живее таму, но таму стаса. Станицата се знае.
Величковски тврдеше дека Нуиши имал алиби и дека за време на атентатот не бил на тоа место?
Не ги знам јас тие изјави. Јас не велам дека тој го стиснал копчето, само тврдам дека се знае и дека е во групата. И ништо повеќе. А, кој притиснал, таа група знае меѓу себе.
Добри Величкоски тврди дека е барана патна исправа за Осман Ватреш и Слободан Богоевски инсистирал да му се даде за да му се заштити идентитетот. Дали е тоа точно?
Не. Лаже. Не е точно бидејќи јас имам патна исправа со која можам да се движам, ниту е босанска, ниту македонска со која престојував во Скопје.
Величковски вели дека Нуиши бил пуштен по соочување со Вас, откако се увериле дека од оваа трага нема ништо. Што точно се случи?
Јас барав соочување, да му кажам во лице. Директно му кажав дека е во таа група и во сето тоа.
И како реагираше тој?
Почна да вика ,,не, не“. Натаму не ми дадоа ништо да кажам. Не даде овој Чанчар.
И што се случи после тоа?
Ништо. Го пуштија човекот. Јас во лице му кажав како ги добив информациите.
Дали Аслан Нуиши е човекот кој зборува во касетите?
Не е, друг зборува.
А што Аслан Нуиши ви кажа во Братислава?
Ние случајно се сретнавме во Братислава, преку негов познаник. Во една вила во шума каде се состанува мафијата. Потоа дојдов во Скопје.
Значи Нуиши е првиот човек кој Ви раскажа за атентатот?
Да, се’.
Што точно?
Се’. Ти кажав, неговата врска со тој словачки офицер од кој ги барал направите, дека подоцна словачката полиција се’ открила.
Што бараше?
Бараше да набави некои запалки, таа неговата мафија, група од Словачка.
Каде бараше?
Бараше таму во Словачка.
Пред атентатот?
Да, да пред атентатот.
Што ќе му е кога има во Македонија?
Не, тие тоа го купуваа од војската директно. Сите тие справи доле им ги префрлаат во Скопје. Тие работи многу ги бараа. Тоа и го призна на словачката полиција. Штом излезе од Македонија веднаш го уапсија во Словачка. По 20 дена.
Како реагираше министерот Чокревски на „братиславската врска“?
Ништо не спроведуваше, се откажа. Гледаш дека се е закочено, дека ништо не е спроведено.
Што знаете вие за „мерцедесот“ кој Нуиши му го подарил на Претседателот и зошто го сторил тоа?
Да, тоа лично Аслан во Братислава ми го кажа: ,,Ние на онаа мрцина и’ подаривме еден „мерцедес“. Мои луѓе ми кажаа да подарам „мерцедес“. Да збарам “мерцедес“ за Претседателот и јас ,,збарив“.
Кои луѓе му кажале? Фрчкоски и Величкоски?
Да, да. Вели, мене ми предложија луѓе од полиција, од внатрешни, да подарам еден „мерцедес“ од мене.
Во јавноста се споменуваше и некој Албанец кој излегол од Идризово во 1994 г., пред да ја одлежи казната. Каква е неговата улога?
Голема. Неговата улога е многу голема, премногу голема.
Што знаете за него?
Дека е пуштен со специјални документи.
Кој го пуштил?
МВР, Фрчкоски. Специјална кола му обезбеди.
И каде отиде?
Прво го изведоа на Косово.
И од таму за Германија?
Тој го предаде Фрчкоски.
Како го предал?
Па, го издаде, еден од оние кои го издадоа. Тој го издаде.
Значи тој е сведокот?
Тој е еден од сведоците.
Како го издал?
Фактички, го обвини.
Го обвини за атентатот?
Го обвини за многу работи.
А како се вика?
Не знам, тоа не знам. Тоа можете Вие таму доле да го проверите. Мислам дека кажав доста работи. Ова досега не го имало никаде. А ќе тераме докрај. Има уште.
Кој уште е инволвиран во истрагата?
Помагаше уште еден човек, се вика Жељко Шаин. И тој помагаше за откривање на атентатот. Има македонски дипломатски пасош. Скопјанец. Има многу луѓе кои не се повлекоа, упорни, не сакаат да се уништи дело што се знае и сите се вклучуваат.
Учествувал ли Албанецот кој излегол со помош на Фрчкоски во атентатот?
Фрчкоски и други луѓе постојано беа на врска надвор со него. И секогаш му говореа дека не може да дојде во Македонија, дека не е време. Дека има време да чека за да дојде во Македонија. Тој е Албанец.
А, зошто?
Има причина. Знаеш, што сакам да кажам сега на крајот. Јас сум уверен сто насто, и гарантирам дека ќе доживеам суд за тој што го направи атентатот врз Глигоров. Глигоров е голем човек. Да не му го направија атентатот тој немаше да дозволи да се случат овие срања кои се случија.
Се плашите ли од некакви последици после ова интервју?
Не се плашам од ништо. И ова сакам да се објави. Град во кој сакам да одам е Виена, и многу сакам да испијам кафе со мојот пријател Раденко.
Што е па сега ова? Кој е тој Раденко?
Ќе се дознае.