Изборни резултати од Претседателски избори 2009 (генерална дискусија)

  • Креатор на темата Адриано
  • Време на започнување

За кого ке гласате на следните претседателски избори?

  • Ѓорѓи Иванов (ВМРО-ДПМНЕ)

    Гласови: 313 39,0%
  • Љубомир Фрчковски (СДСМ)

    Гласови: 126 15,7%
  • Нано Ружин (ЛДП)

    Гласови: 23 2,9%
  • Mируше Хоџа (ДПА)

    Гласови: 1 0,1%
  • Љубе Бошковски (независен кандидат)

    Гласови: 141 17,6%
  • Имер Селмани (Нова Демократија)

    Гласови: 68 8,5%
  • Нема да гласам (или сеуште неопределен)

    Гласови: 74 9,2%
  • Агрон Буџаку (ДУИ)

    Гласови: 3 0,4%
  • Ќе го поништам ливчето, никој не ми се допаѓа.

    Гласови: 53 6,6%

  • Вкупно гласачи
    802
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.

AtoM-AnT

Dexter
Член од
3 септември 2008
Мислења
4.530
Поени од реакции
583
Интервју -Роли Јакуповиќ, поранешен шеф на обезбедувањето на СДСМ

Велите дека се занимавал со криминал?

- Апсолутно. Јас одговорно, и кривично и материјално, тврдам дека тој човек е криминалец. Тоа што го обвинуваат Војо и Ламбе е само 0,001 отсто од тоа што го правеше Фрчко. Па само за презентација за една Нова година потроши 40.000 марки, 1.000 марки даде само за шноли и вратоврски. Да не зборувам за милионските бизниси со фри шоповите, во кои влезе заедно со неговиот брат.
Сигурно се сеќавате на рејбан очилата. Јас и Славчо Саздов му ги понудивме за 15 марки по парче, а тој купи од Србија по 98 марки. Фрлаше пари за слики, за скулптури, за што уште не без никакви тендери, се договорено во четири очи за износи од стотици илјади долари. А пак кога беше министер за надворешни работи го праќаше Славчо дури во Куба за да му купи пури. Ќе ви кажам и друга случка. Во една прилика бевме во Турција за да го поправиме моторот од полициската јахта. Бевме со "мерцедес кабриолет јас, возачот на Фрчко, Диме, возачот на Бранко Црвенковски, Зоки Миравац и еден инженер Ристо, на презимето не се сеќавам. Отидовме и ни кажаа дека моторот не го бива. Му јавив на Фрчко, тој ми рече: "Продај го, и дај му ги парите на Диме. Бидна работата а од износот издвоивме околу 1.000 марки за на шопинг, бидејќи добивме порачка на Фрчко да му купиме нешто за гардероба. Во продавницата Диме извади 20.000 долари, кои беа гланц нови, како да ги печател вечерта во хотелот. Нив и парите од моторот ги потрошивме во целост, ама му купивме добри работи на Фрчко. Кога се вративме, му велам: "Што само на возачот му даваш пари, мене никогаш не си ми дал. Фрчко само ми рече "Па никогаш не си побарал, кажи колку сакаш не е проблем“.

Освен овие, се спомнуваат и криминали кои се ценеа над 10-тина милиони евра?

- Да. Пример за тоа се набавките и печатењето на пасоши, сообраќајни и возачки дозволи преку фирмата ЗУС. Јас и Славчо Саздов го запознавме со директорот на ЗУС, Милан. Само што ги запознавме, веднаш се поврзаа, и целиот профит од обрасците кои МВР ги набавуваше од ЗУС го делеа 30 отсто за Фрчко, 70 за ЗУС. Само за наводни дизајни на сообраќајните и возачките дозволи Фрчко фиктивно исплати над 20.000 долари. Бизнисот се плати за 18 милиони долари, а вредеше половина од тоа. Дури Фрчко на ЗУС им отвори и барака кај полициската "Беко“ за да даваат услуги на граѓани. Тогаш кај Фрчко во кабинет не можеше да влезе никој освен Милан од ЗУС. За овој случај се е документирано, дури и во МВР.

Дали тие профити беа доволни за Фрчковски?

- Секако не. Работејќи ги фри-шоповите, дозна дека се се врти околу шверцот на цигари, па се поврза со моќниот бос на трговијата со цигари - Данчо Шутурков, од Македонија табак. Шутурков не го познавав, но луѓе од обезбедувањето ми кажаа дека сакал да ме види мене и моите соработници. Се консултирав со Лазе Китановски, тогаш кадровик од СДСМ, кој инаку беше комшија со Шутурков да се распрашам за него. Откако ми кажаа дека е "наш“, иако играл со сите, отидовме. Бевме јас, Чаволи, Горан Тајсон и уште двајца. Шутурков ми кажа дека сака да бидеме пријатели, и за возврат ми понуди 300.000 швајцарски франци да ни се најдат за лобирањето во негова полза. Ние парите не ги зедовме, а за средбта, се разбира, му кажавме и на тогашниот премиер и партиски шеф - Бранко Црвенковски, оти не сакавме да работиме зад грб ништо. Црвенковски се заблагодари за информацијата, но беше лут на Шутурков.
Додека бевме кај Шутурков, неговиот директор Сашо Неловски неколку пати ме праша како да им изградам добри контакти и релации со министерот Фрчковски. Тогаш разбрав дека Нелковски бил член на ЦО на СДСМ, помислив дека го бара нешто за партијата, па му реков барај го Црвенковски, што ќе ти е Фрчко. После тоа, по свои канали, успеал да дојде до Фрчко и веднаш да го вклучи во бизнисот со цигари. Брат му на Фрчко, Влатко, ги сместуваше сите бизнисмени со цигари и алкохол во Гранд хотел. Најчесто Срби, оти тогаш беше ембаргото, па најмногу работеше со нив. Во еден наврат бевме кај Лазе Китановски дома и случајно го видовме Фрчковски, како со својот "голф“ ГТИ кој вредеше околу сегашни 40.000 евра, влегува кај Шутурков. Го забележавме тоа, почнавме да го сликаме. Кога голфот излегуваше од кај Шутурков, имаше нешто тешко во гепекот бидејки задниот дел беше искосен речиси допирајќи го асфалтот. Тие слики постојат, му ги дадовме на Лазе Китановски. Што имаше во автомобилот не знам, ама може да претпоставите. За неговите средби со Шутурков не знаеше ниту неговиот шеф, Црвенковски.
Mnogu si bezobrazen,zosto ja kazuvas vistinata! :smir:
Eve kolku e posten Frcko,dajte go svojot glas za nego...
 

Esobar

Македонија над СЕ !
Член од
12 февруари 2008
Мислења
4.895
Поени од реакции
453
фрчко за преЦедател?немој не ме радуј, подобро да го поддржеа Нано Ружин ама ај сдс се паметни си знаат тие:pusk: што мислат тие уште има народ кој ќе поддржи некој како фрчко кој јавно кажа дека е за промена на името :nenene::nenene:
сигурна победа на Ѓорѓе Иванов еве и на форумов е во голема предност :wink: слабо им иде некако на комуњариве со отварање на нови јузери:tv:
 

SuicideMessiah

Советник
Член од
7 јули 2008
Мислења
5.562
Поени од реакции
281
Велите дека се занимавал со криминал?

- Апсолутно. Јас одговорно, и кривично и материјално, тврдам дека тој човек е криминалец. Тоа што го обвинуваат Војо и Ламбе е само 0,001 отсто од тоа што го правеше Фрчко.
Nemozhete ponisko da padnite :) Pa ima kriminal,shto ne pokrene Jankulovska postapka ili da go otkrie kriminalot na Frchko ako vekje go ima? Cheka da padni plafonot ili shto? Ili kje prodolzhi vo bitkata so CD piraterija? :tapp: 7godini vikaat od dpBne ima kriminal kaj Branko i Frchkoski,e dobro de kade e?Argument? Dokaz?

сигурна победа на Ѓорѓе Иванов еве и на форумов е во голема предност :wink:
E sega go reshivte pretsedatelot na kajgana,dur sega koga kje vidat narodot deka Ivanov vodi na kajgana kje se oprai rabotata vo vasha polza :tv:
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
878
Осман Ватреш ги опишува контактите со високите службеници на македонската Државна безбедност, неговата инфилтрација во подземјето и нивните врски со македонските државни функционери.



"Добре веќе почна со некои маневри. Јас требаше да одам со автомобил во неколку градови во Македонија, за некоја работа. На патот кон Дебар забележав дека ме следат. Утредента кога се вратив, Слободан ми ја замени колата, ми даде некоја кореанска зелена… Имав некој „опел“. Бидејќи видовме дека Добре нé следи, утредента кога се сретнавме во канцеларијата кај Слободан тој кажа дека мора да се вклучи и Добри, дека тој има право како директор на Агенцијата за разузнавање. Тогаш се појавува една контраверзна личност која работеше во МВР, Александар Чанчар, кој по потекло е од Фоча, од позната фамилија која е обвинета за воени злосторства. Слободан, јас и Мите се договоривме јас да направам еден директен разговор со Добре, во неговата канцеларија. Тогаш Слободан ми рече дека Ѕвонко, неговиот возач, ќе ме однесе во хотел на Водно, каде бев префрлен… Кога дојдов во канцеларијата на Добре, тука беше уште еден човек и Чанчар, кој постојано си доаѓаше и си одеше, а потоа ни се придружи и Диме Ѓурев. Ме понудија со ручек, но, јас не сакав. Јас на Добре му реков вака: 'Запомни што ќе ти кажам сега. Ти си директор на Агенцијата, а јас сум борец против апаши, мафија и криминалци кои ти ги поддржуваш. Еве ти ја оваа телефонска картичка, со неа од Братислава му се јавував на Богоевски дека поаѓам од Братислава кон Македонија. Ти знаеш зошто ова ти го кажувам. Ти не зборуваш искрено.' Добре се замисли и замолче. Кога разговараавме, тој инсистираше дека трагата е погрешна. Јас му одговорив дека трагата е добра, но дека тој не дозволува, кочи да одиме докрај. Кога завршивме, отидов кај Слободан и му реков дека сакам да заминам од Македонија, на што тој се согласи дека нема проблем за моето заминување. Бидејќи немаше авион од Скопје, се договоривме да заминам од Софија… Пред тоа, кога заминував од кај Добри, тој ми најави: "Ќе дојде Чанчар нешто да те праша. Да знаеш ако те бара во хотелот. Кога дојдов во хотелот, и се јавив на мојата пријателка Фана Кочоска за да се видиме на кафе. Воопшто не разговаравме за случајот, туку онака пријателски. Само што завршивме со Фана со кафето, ми се јави Чанчар дека ќе дојде… Бев сместен во приземна соба која иако барав, не ми ја сменија. Пред хотелот имав полициско цивилно обезбедување по наредба на Слободан. Тие по правило не смееја да дозволат Чанчар да дојде до мене, но кога размислив, сфатив дека може да ми се случи нешто лошо особено што Чанчар инсистираше да се видиме во собата. Се подготвив на најлоша варијанта... Мислев како да се одбранам. Ја отворив вратата од терасата, зашто доколку дојдат двајца дека нема да можам да се борам, па да побегнам преку терасата. Чанчар кога дојде со уште еден човек за кој ми рече дека работи во полиција, ми рече: 'Слушај, јас и ти мораме нешто да разјасниме, уште некој мозаик да видиме". Веднаш му одговорив: ’Нема што јас и ти да разјаснуваме'. Тој влезе во бањата и извади пиштол. Тогаш јас му реков: 'Да ти ебам мајката, нема да успееш во тоа што си намислил. За три дена цел свет ќе знае дека си ме убил. Знаев дека ќе дојдеш да ме убиеш, на сите им се јавив, само што разговарав со Фана Кочоска'. Тој веднаш ја сврте работата: 'Ама не, таман работа, јас само сакам да разговараме како пријатели'. Тој и човекот што беше со него заминаа. Јас веднаш го викнав Слободан Богоевски и Мите, тие веднаш дојдоа и решивме да заминам веднаш од Македонија“.
Настанот според Ватреш се случил во јануари 1996 г., кога е решено дека треба да замине во Германија и таму со помош на македонски дипломат да продолжи да се уфрли во криминалната мрежа.
„Кога стигнав во Минхен, на моменти чувствував дека некој ме следи, но одбегнував да барам помош од полицијата. Само еднаш приквечер дојдоа тројца на врата, од кои еден го познавав од Братислава. Станот ми беше сигурен и повикав полиција, но, тие заминаа. По некое време во Германија дојдоа Мите и Слободан, јас ги пречекав во Минхен на аеродром. Тие спиеја во хотелот Холидеј Ин... По извесно време преку некои босански пријатели дојдов во контакт со човек од Македонија, кој престојуваше во Германија и Белгија. Кога му кажав дека многу сакам да одам во Охрид, тој ме праша: 'Кого ти Бошњак имаш во Македонија. Дај да прошириме бизнис, јас работам со Македонија'. Јас го прашувам каков бизнис има, а тој одговори: 'Па, ако знаеш за збор, јас работам се'. Разговорот продолжи дека тој имал сериозен човек во Македонија, кој работи и продава сé што треба. Тогаш јас му реков: ’Слушај, дали би сакал да работиме заедно, јас имам еден богат Арап', а немаше врска, сакав да го навлечам. 'Кажи ми, имаш ли некои справи, со оружје'. Тој одговори: 'Имам колку сакаш и какво сакаш. Само да е сериозно'… Мислев што да му побарам. Му реков дека барам оружје и технички направи, далечински. Тој одговор: 'Ма супер, имаме што сакаш, како онаа во Македонија, она што се случи со Глигоров'. Јас му реков дека токму таква работа сакам, а тој ми одговори: ' Внимавај, ова ти го продавам, да бидеме јасни - ми се случи ли мене нешто, ме следи ли некој, јас веднаш се сомневам во тебе и тебе те нема. Кога ќе се разделиме јас и ти, те нема. Оваа работа е таква. Јас ти продавам, ти даваш пари и ништо повеќе немаме…. Јас со друг, ниту со Арапот не треба и не сакам да се гледам... Моите луѓе од полицијата во Македонија ќе го префрлат. Имам луѓе коишто ќе наредат сé таму, сé што треба. Мој е министерот, тој ќе нареди сé“. 'За кој министер станува збор. За Фрчкоски?' Да. Да, за Фрчковски. Јас го прашувам кој е тој министер, а тој ми вели: ' Фрчкоски, тој е мој човек а и други имам. Што мислиш, како ја напуштив Македонија. Сé може, што треба' . Сé ми кажа по ред како било, со име и презиме, како што се правело и со кого. Сé, со име и презиме. До детаљ… Значи, ми опиша сé за атентатот на Глигоров“.
Соговорникот на „Национал“ натаму вели дека на микро-касети го снимил она што го зборувал со орагнизаторот на продажбата на оружје.
„Морав да го снимам, затоа што видов со каков човек си имам работа. Дванаесет касети снимив со него. Кога го снимив веднаш го повикав …. Веднаш организиравме состанок во хотелот Маритин во Келн … Ги слушна касетите и јас му ги предадов нему. Се разбира, си преснимив копии и за себе… Таа средба беше некаде по две и пол години истрага за атентатот. Не можам во моментов да ти ја прецизирам датата, но имам сé забележано во мојот дневник… Кога ги слушна имињата на Фрчкоски и на уште неколку имиња од 'пеачот' , како што го нарековме, ми рече: 'Осмо, овој Фрчко е тежок мафијаш. Гледаш колку пари има. Купи пред мои очи на франкфуртскиот аеродром кога го чекав, додека беше министер, манжетни за 2.000 марки од фри-шопот. Ова што ми го даде веднаш оди за Скопје, ќе го добијат Слободан и Мите многу бргу. Одам уште утре за Скопје. Само и јас да преснимам копија од касетите, ќе биде дар-мар кога ова ќе го слушне стариот'. Ми рече и да му се јавам на Слободан.
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
878
продолжение на интервјуто од 2002 г. на Босанецот Осман Ватреш


Кои се луѓето кои се снимени на касетите?
Кога касетите стигнаа во Скопје од функциите беа сменети ФрчкоскиВеличкоски. И Диме Ѓурев настрада. Нему му понудија место во Сараево, но тој не сакаше, а на овие двајцата ништо не им понудија. На касетата беа снимени луѓе од групата.

Аслан Нуиши?
Да, во таа група е и Аслан Нуиши.

А како се викаше пеjачот?
Засега нека остане непознат. Но ќе се дознае, сигурно ќе дојде време за тоа.

Кажете барем дали е Македонец?
Македонец е ..., вистински Македонец. Се’ ќе излезе на виделина. Јас сум задоволен од ова што го завршив, како човек кој не работи во безбедносни служби туку како новинар, завршив една чесна работа.

Но, кога касетите со материјалот за атентатот пристигнаа во Скопје, зошто не е затворен случајот?
Тоа прашајте го премиерот на македонската влада Бранко Црвенковски.


Какви справи Ви нудеше ,,пејачот“?
Секакви видови. Експлозивни направи на далечинско управување. Тврдеше... „Го имаме тоа, го чуваме во Прилеп на една локација . . .“,.

А што е со Нуиши?
Нуиши е во операцијата.

Се спомнува ли името на Нуиши на касетите?
На касетите има многу детали.

Што конкретно?
Имиња и детали. Многу имиња од полицијата, но и надвор од неа. На аеродромот во Скопје една полицајка учествувала во извршувањето на задачата. Таа му е жена на тој и тој, кој правел тоа и тоа, ... се стои на касетата. Потоа сопругот на полицајката го уапсија во Грција. И тој призна некои работи. Но, за тоа подобро знае Богоевски. На касетите има се’ за мафијата во Македонија, кој зад кого стои, кој со кого работи... Со име и презиме. Очигледно е дека тие информации ги има и Љубе Бошкоски кој затоа и ја даде таа изјава. Ако тој нема такви аргументи, не би давал такви изјави, за разлика од интервјуто на Величковски кој дава изјави за атентат во кој лично учествувал.

Кој е автор на информацијата која се пушти кај нас дека Нуиши го извршил атентатот?
Види, јас никогаш не сум рекол дека Нуиши е извршител на атентатот. Но, знам дека е дел од таа група, затоа што подарувањето на „мерцедесот“, доаѓањето пред атентатот во Скопје, под друго име, спиеше во хотел ,, Јадран“ и сите тие случувања. Тој признал и некои работи во Словачка. Тоа се крупни работи кои ќе одат натаму.

Вие тврдите дека Нуиши е во затвор, но, тој дава интервју за весници и тврди дека не е во затвор?
Фотографијата која е објавена во весниците му е од младоста. Кога сме кај него, чудно е како загина брат му. Зошто брат му го смени презимето кога Нуиши беше уапсен?

Кој го смени презимето?
Па, брат му на Аслан. Од Нуиши стана Лесковица. По апсењето на брат му.

Кој е мотивот на оваа група да го изврши атентатот?
Мафијата секогаш има свој мотив. Кој и’ пречи тој мора да замине. На нив им пречеше човекот кој сакаше да се бори против криминалот. Неговата полиција, не му беше верна да го чува. Сетете се што се случи со автомобилот. Кога се понудија да помогнат сите полиции, министерот требаше да им дозволи на странските полиции целосно испитување на автомобилот. - Но, тука се беше тргнато. Кој можеше да го нареди? Па, министерот. Се сеќавате ли каде беше министерот по атентатот? А и таа конференција за новинари беше подигрување. Видете што се случува во Србија, Босна, Хрватска,. . . Видете го случајот Марино. Овој, Марино мртов, но ги открива работите затоа што водел дневник.

Дали можеби некои групи не сакаат намерно да го актуелизираат атентатот врз Глигоров поради изборите кои не’ очекуваат (н.з. избори 2002 год) ?
Никако ова не може да се доведе во врска со изборите. Знаете, се’ си има свој тек. Српската полиција интензивно работи во соработка со многу полиции да ја решат работата. Во Босна, Хрватска, исто така. Дали и ова што се случува во Македонија е случајно? Не е. Америка покрена акција со сите свои сојузници за борба против криминалот и тероризмот. Сега полициите се во заедничка акција. Европа сака да се заштити од наезда на криминалци.

Се спомнува ли името на Бранко Црвенковски на касетите?
Не.

Дали сега тие касети се во МВР?
Мислам дека не, но ги има Слободан Богоевски и уште некој.

Имате ли информации што се случи со жената која наводно го возела „ами“- то, Сузана Сулејмани?
Исчезна. Отиде во Австралија.

Кога исчезна?
После тоа.

Величковски тврди дека Вие сте се фалеле дека сте спиеле со Сузана Сулејмани?
Никогаш не сум дал таква изјава. Јас знам со кој човек таа живееше. Затоа, ете гледаш, тие го кријат човекот со кој таа живееше.

Со кого живееше Сузана?
Со пријател на Аслан.

Како се вика?
Демир.

Каде живееја?
Во Скопје. Во Сарај. Таа живееше со него, покрај неговата жена.

Која е нејзината улога?
Знам дека беше приведена.

Точно ли е дека Сузана била пејачка?
Да, се занимаваше и со пеење. Таа е голема пријателка и на Петрит. Јас се дружев со тие луѓе. Сузана ја водев на вечера четири пати. Но, не за нешто друго, туку да добијам информации. Гледате каков валкан човек е Добре Величковски штом зборува такви глупости. Не би ја потценил својата жена никогаш во животот.

Имате ли докази дека таа го возела „ами“-то?
А, не знам како натаму ќе покажат истрагите. Но, таа нон-стоп беше на врска со Аслан, и со Демир и Петрит. Таа ги обавуваше сите телефонски разговори кој МВР го прислушуваше.

Сузана Сулејмани е Албанка?
Не, торбешка. Нејзиниот татко претходно беше во полиција. Торбеш, како што вие ги нарекувате Бошњаците, Mакедонец муслиман.

Дали Сулејмани правела некои пластични операции по атентатот?
Имаше некоја операција, баш ми кажуваше дека нешто правела. Но, тие знаеја кој тоа го прави, бидејќи овој мене ми нудеше, ако треба и тоа.

И потоа ја снемува?
За Австралија отиде. Добре и’ даде документи да оди за Австралија.

И сега е таму?
Не знам дали и сега живее таму, но таму стаса. Станицата се знае.

Величковски тврдеше дека Нуиши имал алиби и дека за време на атентатот не бил на тоа место?
Не ги знам јас тие изјави. Јас не велам дека тој го стиснал копчето, само тврдам дека се знае и дека е во групата. И ништо повеќе. А, кој притиснал, таа група знае меѓу себе.

Добри Величкоски тврди дека е барана патна исправа за Осман Ватреш и Слободан Богоевски инсистирал да му се даде за да му се заштити идентитетот. Дали е тоа точно?
Не. Лаже. Не е точно бидејќи јас имам патна исправа со која можам да се движам, ниту е босанска, ниту македонска со која престојував во Скопје.

Величковски вели дека Нуиши бил пуштен по соочување со Вас, откако се увериле дека од оваа трага нема ништо. Што точно се случи?
Јас барав соочување, да му кажам во лице. Директно му кажав дека е во таа група и во сето тоа.

И како реагираше тој?
Почна да вика ,,не, не“. Натаму не ми дадоа ништо да кажам. Не даде овој Чанчар.

И што се случи после тоа?
Ништо. Го пуштија човекот. Јас во лице му кажав како ги добив информациите.

Дали Аслан Нуиши е човекот кој зборува во касетите?
Не е, друг зборува.

А што Аслан Нуиши ви кажа во Братислава?
Ние случајно се сретнавме во Братислава, преку негов познаник. Во една вила во шума каде се состанува мафијата. Потоа дојдов во Скопје.

Значи Нуиши е првиот човек кој Ви раскажа за атентатот?
Да, се’.

Што точно?
Се’. Ти кажав, неговата врска со тој словачки офицер од кој ги барал направите, дека подоцна словачката полиција се’ открила.

Што бараше?
Бараше да набави некои запалки, таа неговата мафија, група од Словачка.

Каде бараше?
Бараше таму во Словачка.

Пред атентатот?
Да, да пред атентатот.

Што ќе му е кога има во Македонија?
Не, тие тоа го купуваа од војската директно. Сите тие справи доле им ги префрлаат во Скопје. Тие работи многу ги бараа. Тоа и го призна на словачката полиција. Штом излезе од Македонија веднаш го уапсија во Словачка. По 20 дена.

Како реагираше министерот Чокревски на „братиславската врска“?
Ништо не спроведуваше, се откажа. Гледаш дека се е закочено, дека ништо не е спроведено.

Што знаете вие за „мерцедесот“ кој Нуиши му го подарил на Претседателот и зошто го сторил тоа?
Да, тоа лично Аслан во Братислава ми го кажа: ,,Ние на онаа мрцина и’ подаривме еден „мерцедес“. Мои луѓе ми кажаа да подарам „мерцедес“. Да збарам “мерцедес“ за Претседателот и јас ,,збарив“.

Кои луѓе му кажале? Фрчкоски и Величкоски?
Да, да. Вели, мене ми предложија луѓе од полиција, од внатрешни, да подарам еден „мерцедес“ од мене.

Во јавноста се споменуваше и некој Албанец кој излегол од Идризово во 1994 г., пред да ја одлежи казната. Каква е неговата улога?
Голема. Неговата улога е многу голема, премногу голема.

Што знаете за него?
Дека е пуштен со специјални документи.

Кој го пуштил?
МВР, Фрчкоски. Специјална кола му обезбеди.

И каде отиде?
Прво го изведоа на Косово.

И од таму за Германија?
Тој го предаде Фрчкоски.

Како го предал?
Па, го издаде, еден од оние кои го издадоа. Тој го издаде.

Значи тој е сведокот?
Тој е еден од сведоците.

Како го издал?
Фактички, го обвини.

Го обвини за атентатот?
Го обвини за многу работи.

А како се вика?
Не знам, тоа не знам. Тоа можете Вие таму доле да го проверите. Мислам дека кажав доста работи. Ова досега не го имало никаде. А ќе тераме докрај. Има уште.

Кој уште е инволвиран во истрагата?
Помагаше уште еден човек, се вика Жељко Шаин. И тој помагаше за откривање на атентатот. Има македонски дипломатски пасош. Скопјанец. Има многу луѓе кои не се повлекоа, упорни, не сакаат да се уништи дело што се знае и сите се вклучуваат.

Учествувал ли Албанецот кој излегол со помош на Фрчкоски во атентатот?
Фрчкоски и други луѓе постојано беа на врска надвор со него. И секогаш му говореа дека не може да дојде во Македонија, дека не е време. Дека има време да чека за да дојде во Македонија. Тој е Албанец.

А, зошто?
Има причина. Знаеш, што сакам да кажам сега на крајот. Јас сум уверен сто насто, и гарантирам дека ќе доживеам суд за тој што го направи атентатот врз Глигоров. Глигоров е голем човек. Да не му го направија атентатот тој немаше да дозволи да се случат овие срања кои се случија.

Се плашите ли од некакви последици после ова интервју?
Не се плашам од ништо. И ова сакам да се објави. Град во кој сакам да одам е Виена, и многу сакам да испијам кафе со мојот пријател Раденко.

Што е па сега ова? Кој е тој Раденко?
Ќе се дознае.
 

AtoM-AnT

Dexter
Член од
3 септември 2008
Мислења
4.530
Поени од реакции
583
Shto ne go svika Jankulovska ovoj svedokot Roli da svedochi i da dade dokazi?
Sega ke ti raskazam edna stara prikazna od Dalekiot Istok:
Eden golem kradec resil da ne krade poveke i da bide dobar so site,napravil golema kukja i nad vleznata vrata napisal: Ovde moze da vleze samo covek so cista dusa a nekoj pod toa mu napisal: A kako vleze ti?
Kradec protiv kradec ne udara...:raz:
 

Esobar

Македонија над СЕ !
Член од
12 февруари 2008
Мислења
4.895
Поени од реакции
453
E sega go reshivte pretsedatelot na kajgana,dur sega koga kje vidat narodot deka Ivanov vodi na kajgana kje se oprai rabotata vo vasha polza :tv:
Нема зошто да се оправа работата нека си биде вака како што е :)
паметни се кајганџииве месиа неможете да ги лажете со тоа на 15 септермври....или поново на 22 март....
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
686
Поени од реакции
662
Edno interesno prashanje :) Se prashuvam dali kje ima (MUDA) Ivanov da zamine vo Grcija i da gi nareche Homoseksualci - Atinjanite kako shto toa Frchkoski go napravi?Kutri Grci seushte baraat prevod od govorot na Frchko :)

Ако фрчко ги нарекол граѓаниоте на педеристан педери, ама велам ако(не верувам дека претседателски кандидат има таков вокабулар):), бидејќи не сум запознаен, тоа 5 пари невреди. Зошто?

Затоа што самиот е прогрчки настроен и тоа не го крие. Па така тоа му доаѓа кога некој Ром ќе му рече на друг Циган, или некој црнец ќе му рече на друг НИГЕР. Значи меѓу нив нема лутење:helou:
 
Член од
1 декември 2008
Мислења
223
Поени од реакции
11
Јас неам врска со СДСМ,
туку целта ми е да ви посочам на вашата врска со одредени коалиции доколку незнаете.

Прашај некој виш член на вмро дпмне од каде пари за кампањи на ВМРО ДПМНЕ ама онака нека ти каже искрено речи му на никој нема да кажиш.

:pos2::pos2::pos2::pos2::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::uvo::uvo::uvo::uvo::uvo::pos::pos::pos::pos::pos: и незнам уште како да се изнасмеам
 

SuicideMessiah

Советник
Член од
7 јули 2008
Мислења
5.562
Поени од реакции
281
Vie i ponatamu si raskazhuvate a Jankulovska si lezhi na brashnoto i brka CD piraterija,neli ima kriminal kaj Frchkoski,shto ne go zatvori? Ili nema dokazi?
 

Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
Vie i ponatamu si raskazhuvate a Jankulovska si lezhi na brashnoto i brka CD piraterija,neli ima kriminal kaj Frchkoski,shto ne go zatvori? Ili nema dokazi?
Сега да го брка па СДСМ да си добие алиби за поразот нели?

Ili ovie vo SDSM nemaat mozok ili narodot ako glasa za Frcko ke se dokaze deka nema mozok?! Kaj od tolku kandidati SDSM go najde bas onoj so najnizok rejting ili pa rejtingot tolku mnogu im padnal pa bi viknale sekogo za nivni kandidat?
Се е масло на Бранко, знае тој дека тие губат ама сака катастрофално да изгубат и оп неговото враќање на кормилото на СДСМ да биде триумфално и со молење од страна на губитникот по сите основи Заев. Знае Џони како се става на колена сопартиец. Аман папа спасувај не гледаш во какви г.мна сме.
 

AtoM-AnT

Dexter
Член од
3 септември 2008
Мислења
4.530
Поени од реакции
583
Сега да го брка па СДСМ да си добие алиби за поразот нели?



Се е масло на Бранко, знае тој дека тие губат ама сака катастрофално да изгубат и оп неговото враќање на кормилото на СДСМ да биде триумфално и со молење од страна на губитникот по сите основи Заев. Знае Џони како се става на колена сопартиец. Аман папа спасувај не гледаш во какви г.мна сме.
Gomnar moze samo vo gomna da bide a ne vo med! :smir:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom