Интервју -Роли Јакуповиќ, поранешен шеф на обезбедувањето на СДСМ
Велите дека се занимавал со криминал?
- Апсолутно. Јас одговорно, и кривично и материјално, тврдам дека тој човек е криминалец. Тоа што го обвинуваат Војо и Ламбе е само 0,001 отсто од тоа што го правеше Фрчко. Па само за презентација за една Нова година потроши 40.000 марки, 1.000 марки даде само за шноли и вратоврски. Да не зборувам за милионските бизниси со фри шоповите, во кои влезе заедно со неговиот брат.
Сигурно се сеќавате на рејбан очилата. Јас и Славчо Саздов му ги понудивме за 15 марки по парче, а тој купи од Србија по 98 марки. Фрлаше пари за слики, за скулптури, за што уште не без никакви тендери, се договорено во четири очи за износи од стотици илјади долари. А пак кога беше министер за надворешни работи го праќаше Славчо дури во Куба за да му купи пури. Ќе ви кажам и друга случка. Во една прилика бевме во Турција за да го поправиме моторот од полициската јахта. Бевме со "мерцедес кабриолет јас, возачот на Фрчко, Диме, возачот на Бранко Црвенковски, Зоки Миравац и еден инженер Ристо, на презимето не се сеќавам. Отидовме и ни кажаа дека моторот не го бива. Му јавив на Фрчко, тој ми рече: "Продај го, и дај му ги парите на Диме. Бидна работата а од износот издвоивме околу 1.000 марки за на шопинг, бидејќи добивме порачка на Фрчко да му купиме нешто за гардероба. Во продавницата Диме извади 20.000 долари, кои беа гланц нови, како да ги печател вечерта во хотелот. Нив и парите од моторот ги потрошивме во целост, ама му купивме добри работи на Фрчко. Кога се вративме, му велам: "Што само на возачот му даваш пари, мене никогаш не си ми дал. Фрчко само ми рече "Па никогаш не си побарал, кажи колку сакаш не е проблем“.
Освен овие, се спомнуваат и криминали кои се ценеа над 10-тина милиони евра?
- Да. Пример за тоа се набавките и печатењето на пасоши, сообраќајни и возачки дозволи преку фирмата ЗУС. Јас и Славчо Саздов го запознавме со директорот на ЗУС, Милан. Само што ги запознавме, веднаш се поврзаа, и целиот профит од обрасците кои МВР ги набавуваше од ЗУС го делеа 30 отсто за Фрчко, 70 за ЗУС. Само за наводни дизајни на сообраќајните и возачките дозволи Фрчко фиктивно исплати над 20.000 долари. Бизнисот се плати за 18 милиони долари, а вредеше половина од тоа. Дури Фрчко на ЗУС им отвори и барака кај полициската "Беко“ за да даваат услуги на граѓани. Тогаш кај Фрчко во кабинет не можеше да влезе никој освен Милан од ЗУС. За овој случај се е документирано, дури и во МВР.
Дали тие профити беа доволни за Фрчковски?
- Секако не. Работејќи ги фри-шоповите, дозна дека се се врти околу шверцот на цигари, па се поврза со моќниот бос на трговијата со цигари - Данчо Шутурков, од Македонија табак. Шутурков не го познавав, но луѓе од обезбедувањето ми кажаа дека сакал да ме види мене и моите соработници. Се консултирав со Лазе Китановски, тогаш кадровик од СДСМ, кој инаку беше комшија со Шутурков да се распрашам за него. Откако ми кажаа дека е "наш“, иако играл со сите, отидовме. Бевме јас, Чаволи, Горан Тајсон и уште двајца. Шутурков ми кажа дека сака да бидеме пријатели, и за возврат ми понуди 300.000 швајцарски франци да ни се најдат за лобирањето во негова полза. Ние парите не ги зедовме, а за средбта, се разбира, му кажавме и на тогашниот премиер и партиски шеф - Бранко Црвенковски, оти не сакавме да работиме зад грб ништо. Црвенковски се заблагодари за информацијата, но беше лут на Шутурков.
Додека бевме кај Шутурков, неговиот директор Сашо Неловски неколку пати ме праша како да им изградам добри контакти и релации со министерот Фрчковски. Тогаш разбрав дека Нелковски бил член на ЦО на СДСМ, помислив дека го бара нешто за партијата, па му реков барај го Црвенковски, што ќе ти е Фрчко. После тоа, по свои канали, успеал да дојде до Фрчко и веднаш да го вклучи во бизнисот со цигари. Брат му на Фрчко, Влатко, ги сместуваше сите бизнисмени со цигари и алкохол во Гранд хотел. Најчесто Срби, оти тогаш беше ембаргото, па најмногу работеше со нив. Во еден наврат бевме кај Лазе Китановски дома и случајно го видовме Фрчковски, како со својот "голф“ ГТИ кој вредеше околу сегашни 40.000 евра, влегува кај Шутурков. Го забележавме тоа, почнавме да го сликаме. Кога голфот излегуваше од кај Шутурков, имаше нешто тешко во гепекот бидејки задниот дел беше искосен речиси допирајќи го асфалтот. Тие слики постојат, му ги дадовме на Лазе Китановски. Што имаше во автомобилот не знам, ама може да претпоставите. За неговите средби со Шутурков не знаеше ниту неговиот шеф, Црвенковски.