Во љубовта и војната нема правила... Нарочито во војната. :wink:
Го напаѓал бе... Шо очекувавте, слатко од смокви и ладна вода да му дајт? Очекувајте и контранапади за скоро, не е дебилен Иванов да му молчи.
Се работи за двајца професори, интелектуалци, нормално е да се напаѓаат ама да видиме конструктивна дискусија.
А како почна овој со колумните ќе гледаме само плукање. Исто како кога ќе излезеа на дуел електроинжинерот и филозофот.
Смачено му е на народов да слуша глупости. Кој каков бил кога бил мал, кој кого го начекал на финта на некоја забава и слично... Што по ѓаволите има тоа врска со водење држава?
Се надевам дека нема да се свлечка кампањата на истото ниво како и до сега. Иванов не сме го слушнале уште, а на Фрчковски се надевам онаа колумна ќе му биде последен таков испад. Нема претседател на светов, па ни претседателски кандидат кога сме тука, кој употребува пцовки и вулгаризми. Претендира да биде "татко на нацијата", да даде пример на останатите...
Какви се овие вулгаризми, јебига...?