СВЕДМИЛК не се сами им се придружуват и Тетовчани во незадоволството...
Само ќе ве молам НЕСРЕЌАТА на овие луге не ја користете за ситен политички маркетинг , се работи сепак за ПРИВАТНИ фирми...
Откако вработените го запреа производството во АД „Млекара“ Тетово, денеска на протест излегоа млекопроизводителите, кооперанти на млекарницата кои од полошко ги има околу 1.000.
Велат дека веќе трет ден нивното млеко не се откупува и трпат големи штети. Апелираат откупот да продолжи паралелно со решавањето на проблемите помеѓу вработените и раководството. Вака околу 11 тони млеко дневно оди во неврат, велат фармерите.
„Моментално ние трпиме голема штета, особено јас, а не само јас, има што вадат и по 400-500 литри кои му стојат дома. Ова е четврти ден кога голема штета трпиме. Истото ќе ни се случи како со шведска млекара“, рече Нуредин Абдули, млекопроизводител од тетовско.
Работниците и акционери во млекарницата, кои велат дека се сопственици на над 55% од акциите, се решени блокадата да продолжи се додека на се свика јавно собрание.
„Бараме јавно собрание со присуство на судови, на обезбедување, присуство на кооперанти, и двете страни, одборот на директори на „Мак монтинг“ и наши претставници од акционерите на АД „Млекара“ Тетово, да се одржи во просториите на АД „Млекара“ Тетово“, изјави Раско Михајлоски, вработен и акционер во АД „Млекара“ Тетово.
„Ако имаат повеќе акции, слободно ќе си ја напуштиме фирмата“, додаде Михајлоски.
Денеска во кругот на млекарницата беше присутен директорот Димитар Брашнаров, кој не сакаше да даде изјава. Само ни рече дека ќе оди во полиција.
Тетовската млекарница престана со работа по, како што обвинија работниците, нивното брутално исфрлување од собранието во Штип, на кое требало да присуствуваат сите акционери на АД „Млекара“ Тетово.
Велат дека обезбедувањето на фирмата „Мак монтинг“ им ги одзело полномоштвата и ги избркало од салата. Сега тие ги сметаат за нелегитимни сите одлуки кои биле донесени без нивно присуство.
Извор А1