- Член од
- 22 април 2008
- Мислења
- 142
- Поени од реакции
- 17
За почеток, тоа што го опиша не е алатка за пропаганда туку е алатка за ... убедување. Пропаганда не се врши на индивидуално ниво.
Ти изгледа и на своите наставници им кажуваш како треба да предаваат, нели? Претпоставувам дека би разговарала со архитект околу дизајн на зграда и би инсистирала на, како што велиш ти, рамноправна дискусија иако не си архитект.
Верувам дека одличен си во тоа што го правиш, и радо би те слушала отколку што би зборувала:smir:
Но, оваа тема реално не бара познавања од она што ти го побара: тоа беше само начин да се поставиш на позиција на моќ во дискусијата, а не нешто од важност за муабетот.
А понатаму одиш кон моја дисквалификација, што исто така се надоврзува на претходното

Тоа е она што го напишав:
Зашто одиш повеќе кон мене, отколку кон тоа што го напишав?
Патриотите не се ни гнасни ни глупи, ниту народот, напротив. Сосема точно дека играчот е носителот и реализаторот на идејата

Она што го правиме јас и ти денес, и другите околу нас народот, a и власта, е токму она што не држи заглавени тука кај што сме: стравот, осудата, вината, омразата. Борба на ниво на личности, а не на идеи. И тоа е стара шема која се повторува пак и пак и со која нема напредување. Што бенефит имаш од муабет и дискусија со сограѓанинот кој е на мислење дека Македонија денес нема врска со Античка Македонија? Тој ќе се иритира, ќе му налепиш вина и ќе го отпишеш од Македонскиот народ како предавник, а ти ќе се чувствуваш супериорен бидејќи го штитиш потеклото и историјата, фактички својот идентитет. Која е користа од тој резултат за напредувањето на нашата држава? Тоа ме интересира.
Во таа смисла, партиотизмот кај нас стана повеќе товар од реална љубов за земјата. Кога реално сакаш некого, правиш да тој напредува. А ние, некако стоиме во место, бидејќи и ние луѓето и политичарите сеуште се бават со всадување на страв, осуда, омраза и вина. Олеснувачки ќе биде да се отарасиме од тој товар. Уживав кога го слушав Обама на неколку наврати...сакам и од нашите политичари да слушнам такви говори, наместо лични препукувања кои се ниски и безвезни.