Maкедонска молитва

  • Креатор на темата Креатор на темата demmian
  • Време на започнување Време на започнување
Не знам сега од испадна муабетов дека на тие кои има пречи молитвата се предавници, па комуњари, па не се наследници на Александар Македонски.
Не знам која е потребата од мешање баби и жаби.
Во молитвата нема спомнато ниедна од тие работи. Во молитвата е спомнато дека Господ ги создал Македонците па ги раширил до Јапонско Море.

Колку што ја имам читано Библијата, никаде не се спомнува создавање на Македоноиди како зачеток на човечката раса,никаде не е споменато Јапонското море или некои Негриди и слично, туку Бог ги создал Адам и Ева и тие го продолжиле човечкот род. Дали тоа во случајов не е богохулење, еве нека кажзт вистинските верници.

Или пак комуњарите или папата ја имаат наметнато и оваа Библија, па има некоја скриена Библија која ние Македонците треба да ја применуваме со цел да се доближиме на "небесните" народи како Србите, Бугарите и сличните на нив мегаломани.

Не, благодарам. Јас сакам да сум Македонец кој не слегол од небото, кој има илјадници години сопствена историја и идентитет, сакам да сум Македонец кој ќе го почитуваат и ги почитува и останатите народи. Мене не ми треба национална молитва за да си го потврдам идентитетот, мене ми треба здрава историја и образование, мене ми треба силна држава која ќе знае да ги штити моите интереси и мојот дом со дела и факти, а не со "молитви" напишани за инает од комшиите.
 
Слобода на изразување, има, никој не му брани слободно да се изразува, пр. да излегол на плоштад и да отворел анкета, никој ништо нема да му кажел, кој сака ќе го поддржи, кој не, ќе си замине, овдека збориме за државна национална телевизија, на крај крајава една државна национална телевизија, треба да ги прикажува оние работи кои се прифатени како реални од институтот за национална историја, МАНУ, (и компанија да не ги набројувам).Они не го прифатија ова, го осудија, како и поголемата јавност.Сега ако ти се поставуваш над институтот за историја и др. дај докази, да видиме дали они ја зборуваат вистината или не, не само да се млати празна слама, ако не ја кажуваат вистината, ако ние навистина сме Македоноиди што чекаш, тужи ги.
Не само по форуми да се збори, јас пример знам дека одредени структури во МАНУ се бугаромански и србомански, но тие што се сметаат за Македонци со сигурност знам дека не се сметаат за Македоноиди.

Браво !
Нема што друго да додадам.

Аха уште ова:
одроди..само толку...одроди..каква ..........
пу да ви е*** семката
Која тоа семка ќе ја онадиш бе Македонцки ?
Она ли со која почнало создавањето на белата раса ?

Неваспитање едно !
 
Бар малку да ја сакавте Македонија,немаше да коментирате,и да не би се бендисуваше нешто ке молчевте.Можеби и јас имам некои забелешки,но сепак ке молчам.
Ке повторам,за Македоноидите спомнал некој Германец(незнам точно кој),и нема потреба тоа да го негираме бидејќи оди во наша полза.
Секој народ сака да го докаже своето најстаро потекло,а на нас друг ни докажува а ние пак негираме:toe:
 
одроди..само толку...одроди..каква категоричност и зло, каква лутина, каков бес за пази емисија што е само тоа..емисија, ништо повеке...
еве и јас не се слагам дали ме прави тоа одродник ? :tapp:
 
Веќе искрено речено немам коментар, а и не мислам да се замарам со некој, да му објаснувам зошто, како, каде и кога, што сакате мислете, ако светот ви се врти по некои квази германски пишувања, тогаш следете ги тие пишувања, немам ништо против, секој има право на свое мислење, само не лепете етикети на тие што имаат различно мислење, дека биле предавници, бугаромани, србомани и незнам си што, зошто прво не ги знаете кои се и што се, и како што се имаат потпишано.
 
мене ми треба здрава историја и образование, мене ми треба силна држава која ќе знае да ги штити моите интереси и мојот дом со дела и факти, а не со "молитви" напишани за инает од комшиите.

За која здрава историја зборуваш Бране и Кире што ја градеа и пишуваа.
И тие се во нашата историја но со потемни букви.
Имаме многуилјадна историја и свесни сме за тоа, но не сите.
 
Не, благодарам. Јас сакам да сум Македонец кој не слегол од небото, кој има илјадници години сопствена историја и идентитет, сакам да сум Македонец кој ќе го почитуваат и ги почитува и останатите народи. Мене не ми треба национална молитва за да си го потврдам идентитетот, мене ми треба здрава историја и образование, мене ми треба силна држава која ќе знае да ги штити моите интереси и мојот дом со дела и факти, а не со "молитви" напишани за инает од комшиите.
...сакај ги лугето од белата раса бидејки тие се твои браќа...
Ова изгледа си го пропуштил а бате.
Митовите се дел од историјата на сите народи.
Во градењето на национален дух мора да се создаваат митови.
За да се разбуди патриотизмот кај 10 годишно дете ти не можеш пред него да мафташ со историски докази и пишанки....туку нормално ќе му ќе кажуваш дека Александар бил јак шизик и го освоил цел свет.
Никаде во молитвата не се споменува уништување на било која раса или нација....
 
dela apostolski glava 16

9 И на Павла му се јави ноќно видение: некој Македонец застана пред него и му се молеше, велејќи: „Дојди во Македонија - помогни ни!”

10 И кога го виде видението, веднаш побаравме да отидеме понатаму во Македонија, заклучувајќи дека Бог нè повикал да им го проповедаме Евангелието.

12 а оттаму во Филипи, римска колонија и прв град во оној дел на Македонија. Во тој град престојувавме неколку дена.
 
Back
На врв Bottom