Помош за купување на нов автомобил

  • Креатор на темата Креатор на темата nikola2004mkd
  • Време на започнување Време на започнување
Шкода Октавија побрзо ќе возам него Астра.
 
Citroen C2 не може да се купи со 5 врати, значи автоматски одпаѓа.

Peugeot 206 Sedan ми изгледа премногу грд а изгледа имам и поповолна понуда со Skoda.

Вчера се јавив во Skoda и ме информираа дека има попуст на возилата и плус гратис дополнителна опрема.
На основниот модел на Fabia Classic со 1,2 мотор и 70 кс кој чини 9480 еур во редовна продажба има гратис пакет со: воздушно перниче за совозач, клима, ABS, радио со CD+MP3 и 6 звучници, металик боја, централно заклучување но без далечинско и на сето тоа 200 еур попуст.

Изгледа ќе одам со Skoda Fabia.

АКО ја зимаш,додуша било која да ја зимаш немој да заборавиш да ни постираш сличиња однадвор одвнатре и сл.:helou:
 
Шкода Октавија побрзо ќе возам него Астра.

Сигурен си? :) И јас мислев дека Октавијата е Пасат или Голф, а уствари е далеку полоша... Споредбата со Астра што знам, некако различни класи се.
Јас попрво би купил Пасат од 98-99 отколку Октавија од 2006/07

Он топик:
Фиестата е мала и тоа и е најголема мана, како за градски автомобил има голема потрошувачка, материјалите се добри внатре, имам видено полошо.
Полото е ептен лошо, бучно (TDI моделот), а внатре полоша пластика не можеле да вградат. Можеби изгледа најпривлечно и има квалитетна механика, ама јас никогаш не би го купил.
Мислам дека за тие пари Фабијата е најдобар избор. Пространа е, механиката на Волксваген, а и внатре е пријатна како за семеен автомобил (на некој начин подобра и од Октавија :kesa: )
 
Јас би ти предложил таа што ја зедов јас пред 2 месеци, и засега сум презадоволен и од возење и изглед и потрошувачка
Форд Фиеста (произведена во Келн -значи германска оригинал)
мотор 1.4 бензин 80 коња (слична цена е и 1.4 TDCI)
2 воздушни,ABS,клима,електрика на прозорци,серво,5 врати,далечинско заклучување,15" алуминиумски фелни,металик боја,ЦД радио со звучници,магленки...
сето ова баш за 10.500 евра. Итоа ја зедов од Битола,а после разбрав дека во Скопје може да спуштеле уште 100-200 евра
Преубаво изгледа,спортски, преубаво и вози. За таа цена имаш и други модели што се на залез од други производители (старата Фабија,Ибица;Клио и сл) ама јас сепак би типувал за Форд

Како ти е потрошувачката во град? Слушам дека Фиестата со тој мотор воопшто не била економична за во град.

Денеска во весник видов и реклама за Mitsubushi Colt за 9.500 евра. Што мислите за Colt-от? Дали вреди за парите? Од опрема сериски има се што ми треба. Јас како што го видов на дизајн (барем предницата) баш е добар е сега малку е полош задниот дел кај моделот со 5 врати, ама е нешто со што можам да живеам?
И друга работа која ме буни за Colt-от се трошоците за оджување и цената која би ја постигнал доколку би одлучил да го продавам по неколку години. Е сега ако некој има некој коментар и искуство слободно нека го сподели
 
Вујко ми зеде Фиеста пред 3 месеци 1.4 тдци... До сега има поминато 5.000 км, и низ град има потрошувачка од 4 литри на 100 км дизел. Така да немие јасно како некој се жали од Фиестата :toe:

Јас ако би земал сега би зел или Фиеста или Фабиа.
 
Е земи Фиеста бензинец па ќе правиме муабет околу потрошувачката мала кола, а троши ко мерцедес. А за нафташ варијанта јас не би си играл сеуште со оваа наша нафта има да пцуеш се живо кога ке ти речат 1600 евра за бош пумпа после година дена зошто гаранцијата ти е ако не се лажам 1 година бар така беше кај татко ми пред да ја продаде колата и да си се врати на бензинче на тојотка јарис.
 
За дизелот точно е, дури и Fusion има мала потрошувачка... Ама моабетот е за бензинецот кој мноооогу троши
 
Јас возам бензинец Форд Фиеста 1,3, Струга-Скопје-Струга плус градска ме фати 1200 денари (2х170 правец+60 градска ~ 400км) што би дошло околу 300 денари на 100 километри. Ако земем дека бензинот тогаш беше 57 доаѓа дека троши 5,2л/100км
 
Како ти е потрошувачката во град? Слушам дека Фиестата со тој мотор воопшто не била економична за во град.
Во град троши некаде 8-9 литра а на отворено 5-6. Ова зборувам за нормално возење, значи без тркања или траги оставање,ама и без бапско возење со 20 на сат. За таков мотор (80 коња) за мене е добра е потрошувачката.
 
Како ти е потрошувачката во град? Слушам дека Фиестата со тој мотор воопшто не била економична за во град.

Денеска во весник видов и реклама за Mitsubushi Colt за 9.500 евра. Што мислите за Colt-от? Дали вреди за парите? Од опрема сериски има се што ми треба. Јас како што го видов на дизајн (барем предницата) баш е добар е сега малку е полош задниот дел кај моделот со 5 врати, ама е нешто со што можам да живеам?
И друга работа која ме буни за Colt-от се трошоците за оджување и цената која би ја постигнал доколку би одлучил да го продавам по неколку години. Е сега ако некој има некој коментар и искуство слободно нека го сподели
Планирај уште најмалку 1.000 евра, затоа што таму ќе ти речат дека потполно истиот модел го немаат на лагер туку дека имаат со уште од опрема. На пример ќе ти речат +300 евра за металик боја, +300 евра за 5 врати, +400 евра за озвучење исл. Знај дека нема да си поминеш со 9.500
 
Е земи Фиеста бензинец па ќе правиме муабет околу потрошувачката мала кола, а троши ко мерцедес. А за нафташ варијанта јас не би си играл сеуште со оваа наша нафта има да пцуеш се живо кога ке ти речат 1600 евра за бош пумпа после година дена зошто гаранцијата ти е ако не се лажам 1 година бар така беше кај татко ми пред да ја продаде колата и да си се врати на бензинче на тојотка јарис.

Се лажиш бато имаш 2 години гаранција и 12 години на каросерија..

Сервисот на "Ми-Да Моторс" е единствен овластен сервис за Фордови возила во Македонија кој ги спроведува Фордовите гаранции како што се 2 година гаранција на целото возило со неограничена километража и 12 години на каросерија, и во исто време го спроведува редовното одржување на Фордовите мотори и возила.

Само во сервисот на "Ми-Да Моторс" во консултации со професионалци и со широкиот избор на оригинални резервни делови ќе можете да го направите правилниот избор за вашето возило. Бидејќи сервисот работи на принцип на закажување никогаш не ќе мора да чекате ред.

Гаранција на заменети оригинални резервни делови е 12 месеци.

http://ford.com.mk/Service.htm
 
земи си фиеста бензин 1.4. ако многу возиш си ставаш плин и мака немаш
и јас бев за фабиа ама се возев случајно со такси фабиа и воопшто не беше задоволен газдата, а и јас.
амортизацијата попуштена за 10000 км
на легнатите цајкани кога врвиш по глава те маваат. секоја дупка се осека. моторот (тди) е многу бучен. можеби на изглед е подобра ама мене многу ме разочара
 
E што сакате за 10.000 евра? Мерцедес? Ферари? Колку пари толку музика. Неможам да ве разберам, од една страна да не биде скапо, од друга страна СЕ да има. Е тоа малку потешко....
 
Во град троши некаде 8-9 литра а на отворено 5-6. Ова зборувам за нормално возење, значи без тркања или траги оставање,ама и без бапско возење со 20 на сат. За таков мотор (80 коња) за мене е добра е потрошувачката.

Декларираната потрошувачка на Фиеста со 1,25л мотор е 8,2л/100км.
А по правило скоро сите возила во град трошат барем 1л плус.

За колку би ми се зголемил изборот доколку одлучам да потрошам плус 1000 евра. Значи доколку буџетот би ми бил 10,500 евра.

Гледам дека и Mitshubishi има добра понуда со Colt. Од опрема има се што ми треба. Само не знам колку се квалитетни и дали воопшто има купци за Mistshubishi доколку се одлучам да ја продавам после 4-5 години и како држат цена?

Плус во цена до 10,500 може да ја земам и новата Ibiza која баш ми се бендисува на дизајн само не знам колку е квалитетна. Мислам дека се жалаа од квалитетот.
 
За фиестата Блоб и Декстерче имаат, бензиски модели, тие ке ти објаснат за потрошувачката.

На ибицата единствена маана и е 3 цилиндричниот мотор. Има 1.2 бензинец со 3 цилиндри кој се вградува во Поло. Инаку има солиден дизајн и внатрешност.

За колтот, сум немал прилика да се возам, ниту сум видел некој во живо.... Ниту ме интересирало такво возило, некако ми делуваат одбивно и грдо :nesum:. Јбг тоа е мое мислење, ако ти се бендисува земај.

P.S. Види ја и Мазда 2 и 3. Незнам како се движат цените, ама 3-ката е доста добра.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom