Леј еднаш коа ме фатија : дали ќе славиш Св. Валентајн или Св. Трифун. Ја треснав Валентајн...и ми вика шо ќе и купиш на саканата...Од памет се вадам не знам шо да зборам..викам сеа одам да одберам нешто :pos2:
Се барав утредента на јутјуб али добро не излезе у јавност...изглеа го исекле :pos2:
Еј таман да речам дека никогаш не ме фатиле на анкета, ме потсети дека и мене истово ме прашаа лани. Само мојава анкета накај Трифун затера
Ме прашуваа зошто се слави св. Трифун и како ќе го прославам. Не истрескав некоја глупост, ама не се видов на телевизија после :/
Инаку, за анкетите општо, не верувам дека некој не сака да си го искаже своето мислење во јавноста, или дека се срами од своето мислење. Работата е што во некои анкети поставуваат прашања за нешта што никогаш не ти паднале на памет да ги размислуваш. И можеш да се збуниш, или да изгледаш смешно. Плус, може да те сечат, да те повтараат по 2-3 пати и да делуваш уште посмешно. Како на К-15, брутални се со монтажата.
Никогаш не знаеш што ќе те прашаат. Затоа повеќето луѓе бегаат.
Мене на друга анкета не ме начекале, ама што знам, би застанала веројатно...