Bratot
Стоик и Машкртник!
- Член од
- 27 јануари 2007
- Мислења
- 17.089
- Поени од реакции
- 4.499
Општо за Хералдиката
Хералдиката е помошна историска наука која има за цел да го проучува настанувањето и историскиот развиток на грбот воопшто или на одделни грбови; да даде утврдени правила според кои треба да се составуваат, а потоа и ликовно да се изработуваат грбовите; да го утврди начинот на читањето (блазонирањето) на грбовите и да истражува на кого му припаѓа одделен грб. Името го добила според Германскиот збор "herold", што значи “гласник“.Грб е специјална фигура или симболичко обликување, белег, амблем т.е. наследен, непроменет, постојан знак, составен според правилата на хералдиката, кој служи за разликување на одделно лице, род, општество, институција, град, област, народ, држава, корпорација, политичка, стопанска или црковна организација.
Првите Грбовници како збирки на грбови се појавуваат за првпат во Западна Европа во XIV век, додека на Балканскиот полуостров кон крајот на XVI век. Најстар Грбовник во кој има грбови на “јужнословенските“ народи бил составен од Ulrich Richental на прочуениот црковен собир во Констанца во 1414 - 1418 година. Вториот многу значаен Грбовник во кој има грбови на јужнословенските народи, е од 1483 година, направен од Конрад Груненберг.
Општо за Македонскиот грб
Македонскиот земски Грб ги има сите елементи што ги бара хералдиката и затоа претставува вистински и наполно оформен грб според сите хералдички правил. Тој бил постојан, константен во сите свои основни елементи и не трпел големи измени, како што бил случајот, на пример, со бугарскиот грб, кој отпрвин имал за амблем глава од вол со крст меѓу роговите, потоа две вкрстени греди со црнечки глави на краевите, па три хоризонтално поставени круни и најпосле - исправен лав. Исто така и српскиот грб долго време се колебал помеѓу лавот, двоглавиот орел и крстот со четири огнила додека станал постојан. Македонскиот грб не се сретнува во друг вид освен со лав. Значи, неговото општо својство е тоа што тој е постојан од неговата појава во 1595 до XX век.
Македонскиот грб за првпат се сретнува во таканаречените “Илирски Грбовници“ што почнале да се јавуваат од крајот на XVI век па се до XIX век. Како прв Грбовник се појавува оној на Петар Охмучевиќ, кој како и другите преродбеници зафатен од напредните идеолошки текови што се јавиле тогаш во Европа и на Балканот и како страстен приврзаник на “илирската идеја“, издигајќи го минатото на Јужните Словени, не можел да го изостави Македонскиот народ и затоа во хералдичките Илирски Грбовници напоредно со Српскиот, Бугарскиот и Хрватскиот грб, го става и Македонскиот, и на тој начин хералдички ја истакнува индивидуалноста на секој од овие народи одделно. Така, тие први на хералдички начин ја истакнувале идејата за автономија на секој јужнословенски народ, вклучувајќи ја тука и Македонија, во една заедничка “илирска држава“. Значи за Македонскиот грб карактеристично е тоа што тој прво се јавува во домашни, јужнословенски грбовници чија појава се врзува за учените католички кругови во Хрватска, Босна, Далмација и Дубровничката Република, а дури потоа во странските грбовници.
Најстар зачуван Грбовник е т.н. Грбовник на Корениќ-Неориќ од 1595 година.
Насловната страна на Грбовникот; Илирскиот грб на кој е претставена млада полумесечина и над неа ѕвездата Деница која ја симболизирала преродбата на Јужните Словени; и Свети Ероним - “Таткото, патронот, огледало и светлина на целата Илирска земја“.
Македонскиот грб се сретнува уште два пати во овој Грбовники тоа во т.н. “општи грбови“, “комбинирани грбови“ или “сложени грбови“. Во првиот општ грб што се наоѓа на страна V одделните земски грбови се ставени по следниов ред: на првото горно десно хералдичко поле (т.е. лево од гледачот) е Македонскиот грб, жолт лав, кој овде не е исправен, со круна над главата на црвено поле, што одговара на посебниот Македонски грб од овој грбовник.
Во вториот општ грб, што се наоѓа на страна XVI, ист е распоредот на одделните земски грбови но овде тие се попрегледни и јасно им се гледаат штитовите кои по форма се германски. Над општиот штит е поставена голема кралска круна, а над неа има лента на која пишува: “Крала Степана Уроша Немањича цимери“, а на лентата што е под грбот пишува: “Regis Stephani Urosy Nemagnich insigna“.
Македонскиот грб и овде е жолт лав на црвено поле, со круна над главата, а бугарскиот е црвен лав на жолто поле без круна.
Првиот Општ грб; Вториот Општ грб; и Македонскиот амблем (лавот) одделно претставен од општите грбови на Грбовникот на Корениќ-Неориќ од 1595 година.
Македонскиот грб во Грбовникот на Палиниќ од крајот на XVI и почетокот на XVII век
Грбовникот на Палиниќ се чува во архивата на Југословенската академија на науките и уметностите во Загреб. Овој грбовник има вкупно 47 грбови. Грбовите се цртани многу просто и едноставно, а од земските грбови во него ги има само грбовите на Приморските земји, на Србија, на Рашка, на Македонија и на Хрватска.
Македонскиот грб како и сите други во овој Грбовник е многу грубо нацртан со црн туш. Лавот е нацртан со мала круна на главата на грмански штит. Над штитот има голема Војводска круна а под грбот пишува: “Macedoniae Regniy“.
Македонскиот грб во трудот на Мавро Орбини “IL Regnio De Gli Slavi“ од 1601 година
Општиот Грб на Мавро Орбини - “IL Regno De Gli Slavi“ од 1601 година
Делото на Дубровничкиот историчар, опатот на бенедиктанскиот манастир на Млет, Мавро Орбини, пишувано на Италијански јазик е отпечатено во Пезаро во 1601 година под наслов: “IL Regno De Gni Slavi hoggi corrotamente detti schiavoni“. Ова дело е посебно важно бидејќи претставува прв труд со печатени јужнословенски грбови. Грбовите кај Орбини не се во боја, туку во црно-бел бакрорез.
Македонскиот грб, Орбини го претставува во склоп на општиот јужнословенски грб составен од 9 земски грбови. На овој општ грб одделните земски грбови се многу небржно претставени, притоа без да се води сметка за боите на истите. Па така направени се и две кардинални грешки.
Првата грешка е што над грбот напишал:
“Regno Arm Di Stefano Nemagna re, et imperadore Di Rassia “Првата грешка е што над грбот напишал:
, што значело дека Орбини го смета за грб на Стеван Немања. Орбини ја познавал добро српската историја па одтаму и чидно како можел наместо името на Стеван Душан, да го стави името на Стеван Намања.
Втората крупна грешка ја
направил со тоа што ги измешал и им ги сменил местата на Македонскиот и Бугарскиот грбВтората крупна грешка ја
. Во грбовникот на Кориниќ-Неориќ, како и во Грбовниците направени подоцна, местото на Македонскиот грб во општиот грб по правило се наоѓало во првото горно поле во десниот хералдички агол, а Орбини тука на тоа место го ставил Бугарскиот грб, па така Македонскиот бил ставен на местото од Бугарскиот.
Последно уредено: