Мирни избори: реалност или фикција?

  • Креатор на темата Креатор на темата dzonyb
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
За влакно е избегнат првиот посериозен инцидент во предизборието. Активисти на Нова демократија, партијата што ја основаше Имер Селмани, и на владејачката ДУИ се спречкаа пред споменикот на Скендер Бег во Скопје.
Поводот е банален. Кој прв да положи цвеќе пред коњаникот.
Настанот укажува дека се бара причина да се покажат мускулите и да се одмерат силите и не навестува дека Македонија може спокојно да ги чека изборите.






Повторно иста песна, Албанците на големо се спремат, мирни избори изгледа ќе сонуваме...
 
Ако Македонија сака да биде успешна, здрава, демократска, стабилна држава, тогаш мора фикцијата да ја претвори во реалност.
 
И другите се Македонија.
точно е, ако веќе се во гласачкото тело тоа ги прави Македонци (по државјанство и закон, не по етнос и чувства)
доколку сакаме да биде фер и демократско треба сите да се потрудиме а не само да плукаме по Албанци, без разлика кој бил крив пред тоа
не мислам да попувам за тоа колку се заостанати одлуките со оружје во рака, ама мислам дека ова е последен воз за Албанците да се докажат како цивилизиран народ а не воинствени племиња, мислам дека се работи за нивни углед, а сепак заедничка цел:smir:
 
Од нас зависи дали реално ќе успееме да организираме мирни и фер избори. Треба да седнат на маса сите лидери , да се погледнат во очи и да се договорат.
Македонија е мала земја, точно се знае кој би можел да биде иницијална каписла, а кој извршител на изборни нерегуларности, и треба да се неутрализираат токму тие фактори, што не е лесно, но е возможно.
 
Од нас зависи дали реално ќе успееме да организираме мирни и фер избори. Треба да седнат на маса сите лидери , да се погледнат во очи и да се договорат.
Македонија е мала земја, точно се знае кој би можел да биде иницијална каписла, а кој извршител на изборни нерегуларности, и треба да се неутрализираат токму тие фактори, што не е лесно, но е возможно.

Дури и “мува да не зуцне“ на изборите,ќе ни најдат друга “рачка“.:toe:
 
Дури и “мува да не зуцне“ на изборите,ќе ни најдат друга “рачка“.:toe:

Условите што ги поставува ЕУ се однапред пресметани ризици каде што и поголеми демократии од нас не можат да се справат. Позадината на таквите услови се знае. Зошто кога гореше „татковината на демократијата“ гејлада не и рекоа услов за да останете во ЕУ е мирно да ги смирите протестите.
 
Fikcija, kako ke se realizira Almakos, ako Makedonija se pokaze sposobna, i zrela Demokratija, koja sama moze da opstoi??????Na nekoi toa ne im odgovara..
 
Фикција.
Многу луѓе,вклучително и тие што ги бараат тие мирни избори од нас нејќат да има такви.
 
дел од интервју на Биљали за а1

Мислите ли дека има шанси сега да биде поразлично?
- Јас мислам дека апсолутно сега ќе имаме добри избори, но не поради некоја рутина, не поради некоја совест, туку поради некое случајно преклопување на одделни компоненти за да имаме добри избори.
Прво, главниот причинувач на инциденти е во инфериорна позиција. Другиот фактор се чувствува комотен и силен, третиот фактор сака да промовира нови принципи на демократијата и имаме една нова ситуација која е случајна.


е сега за мене шо е тука битно


прво со комоција над мршата во случајов според Биљали ( ДПА) сега истиот комотно покажува со прст дека тие биле најголеми виновници за нерегуларности при тоа одредувајчи им дека се пред распад и дека не се фактор, а можеби и нешто лично се има замерено со овие не знам.


второ можеби не намерно ама прави паралела на моќност со ДУИ кај албански блок нешто слично во моментов како со ВМРО кај македонски блок, притоа не заборава да убаци ..комотен.. а тоа само по себе може да доведе да те фатат на спиење па да не излезе есапот


и трето..дали иднната останума за demokracia e re зашто Биљали препознава нов принцип на демократија...ова посебно го потенциа зашто од сите анализи на 3 партии оваа на Билали ми се виде најблагонаклона...дали само по себе тоа значи дека е близок кон Имеровиот нов принцип на демократија, бидејчи некои од колегиве форумџии албанци ми викаа дека во ``партија на мрши`` интелектуалци немале место????
 
Или пак ни Биљали не знае што збори кога ќе земеме во предвид дека беше пратеник на ПДП која се спои со ДПА за сега веќе да не знам ни кој кого пердаши.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom