Кој се прави на удрен?
Мисирков сака најдоброто за Македонија и сам кажува дека создавањето на македонска нација и јазик и одделување на Македонците од останатите Бугари е единствената возможност да се сочува целоста на Македонија.
Само треба да се чита Мисирков и секој Македонец ќе си го најде ИДЕНТИТЕТОТ.
Мнозина ке се запитаат: за каков национален сепаратизм овде се гоорит? не се мислит ли да се создаат сега ноа македонцка народност?
Но тоа нешчо iет искуствено и као такво ке траiит ден до пладне. Ами каква ноа т. е. македонцка народност, кога ниiе, нашите татковци, дедои и предедои се велеле бугари?
Колку време сме одделени од Бугарите,па сепак опстануваме и како Македонци?
А,иначе,во однос на ,,фалсификуваната,,историја на Македонија и Македонците...
Дали си се запрашал зошто до ден денешен се изучува историјата во Македонија таква каква што е прифатена?
Е,па драг колега,Македонија не е велесила па толку успешно да ја ,,крие вистинската историја,,
Знаеш ли каде лежи одговорот?
Одговорот лежи во фактите и аргументите.
Колку што постојат факти и аргументи дека сме (биле) Бугари,толку многу има и контра факти и контрааргументи дека сме биле одделен народ,неречен Македонци,различен од бугарскиот народ.
И тоа контрааргументи од неутрални автори,не од квазиисторици од МАНУ или БАН.