Нови скулптури - во Скопје и низ цела Македонија

Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.322
Поени од реакции
15.576
Никој не го оспорува градењето на овие споменици, едно прашање, за колку време е донесена одлуката за Скопје 2014та, колку експерти се консултирани и кои експерти, сите експерти беа едногласни?

Јас сум за градење на Александар Македонски, али да имаш 20 споменици на 20 метри квадратни не иде бе, едноставно не иде, да немаш плоштад кај што може да поминеш или прошеташ 4 години е срамота.

И коцката? Аман бе луѓе, ако некој друг го средил плоштадот, не мора контра да идеш, во Македонија се и цело време иде така, тоа ме курчи најмногу. Сеа кога ќе се смени градоначалникот треба да ги сруши спомениците и да донесе гулаби зашто во некој друг град видел како има празен плоштад со една фонтана и гулаби? Тоа треба да се направи?

Случајно фатив дел од дебата на А1(да онаа СДСМ-овската) и една историчарка мислам беше се запраша кои се тие споменици кои што ќе бидат на мостот око. Ги кажа имињата јас прв пат ги слушав, а можам да ставам опклада дека и вие ги немате чуено до сега. Како ќе ми биде мене, горд шетам низ плоштадот со гости од странство, и им раскажувам, ова е Александар, ова е Гоце, ова е Даме, и стигам до нив, и што потоа? Апсолутна тишина. Што да им кажам? Ај ќе го прочитам името на скулптурата, али кои биле они, што биле, што да им објаснам?
Срам, срам ќе ме фати зашто не си ја знам историјата, или пак секоја личност што изградила црква, пукнал еднаш од пушка, го носел коњот на Даме, или пак шиел чорапи за Гоце треба да добие споменик?

И уште едно нешто, зашто се одеднаш? Зашто? Објаснување? Нема.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.773
Поени од реакции
9.896

Има објаснување... Со децении ништо не е градено,од 45 наваму НИШТО..кога сите граделе,ние сме јавале магариња и сме се тепале со Турци и комшии..што сакаш подобро објаснување од ова... И уште нешто..барем да почнеа од 90-ти наваму по еден објект у 3 години да градеа,сега немаше да се гради.. нели е срамота 20 години сме држава, а толку да сме безлични..и сега да не се гради,КОГА? После 50..100 години? Или да им ја припишеме целата историја на Бугарија и Грција и да не ''фрламе '' пари..може ?
 
Милојко

Идем Куме Кући
Член од
17 ноември 2008
Мислења
3.072
Поени од реакции
554

Грешка, Србија на времето има доста изградено во Скопје. На Цар Душан најомилен град му бил Скопје. Покасно Караџорџевиќи ја градат најмодерната железничка станица во тоа време на Балканот, собранието, палати, официрски домови и слично. Фактички тоа е старото Скопје кон кое сега се тежнее да се достигне. Значи се градело но за жал 63 година поголемиот дел пропаѓа. Од 1940 година во Скопје се нема десено поголем зафат освен кејот на Вардар кој е уникатен и еден од најубавите. Мислам дека треба повеќе внимание да се обрне на пропратната инфраструктура и да се дигнат споменици на оние што допринеле за афирмација на Скопје пред се Цар Душан.
 
Добар си Милојко.. :pos: Знаеш кога ќе го видиш Цар Душан........... Еве го бе :) http://www.macedonium.org/userfiles/image/Pec/lesnovov.jpg
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.322
Поени од реакции
15.576
Добар си Милојко.. :pos: Знаеш кога ќе го видиш Цар Душан........... Еве го бе :) http://www.macedonium.org/userfiles/image/Pec/lesnovov.jpg
Смеј се, али немој да се чудиш кога ќе видиш од него или некој сличен на него негде во Скопје или твојот град.
Да ви кажеа дека ќе стават споменик од Скендер бег, исто така ќе се насмееше и ти и останатите патриоти македонски.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Добро изгледа,само уште компанија во влада да се постават со столчиња покрај неа и да ја доловат музиката би било совршено.
Стварно изгледа добро.
 
THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
Кичерај невиден, популизам, шунд итд...
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
на вести кажале дека оваа фонтана како макета ја имало во некоја аптека во зегин, дали некој знае во која? и дали е ова оргинално дело или копија?
 
Член од
23 мај 2009
Мислења
958
Поени од реакции
727
:vozbud: добро изгледа
Многу убаво.
Не прашувајте зошто, јас мислам дека е убаво, пошто стварно ми се свиѓа, толку многу е убаво што немам зборови да опишам колку убаво е.
Едноставно е убаво, пошто е античко и антикомунистичко и за инат на Б.Ц и неговите србокомунистички следбеници, олигарси, комуњари а како потврда на нашите антички македонски корени. И бидејќи од 1903 навака ништо не е изградено по налог на Тито, со ова ќе надокнадиме за сите претходни времиња неградење. И точка.
И да не ме сватат некои тука погрешно ова стварно ми се свиѓа бидејќи прави да се осеќам убаво.
 
Член од
18 јануари 2009
Мислења
1.407
Поени од реакции
339
Скулптурата на„Гемиџиите“ е дел од проектот „Скопје 2014“. Нивното официјално промовирање, најверојатно, ќе биде утре

Две фигури, изработени од бронза,од вкупно седум, колку што ќе ја сочинуваат скулптурата „Гемиџии“, излеани во Фиренца, се поставени на градскиот кеј, во близина на Камениот мост во Скопје.

Поставувањето на двете фигури го вршат стручни тимови од италијанскиот град.

Насобраните луѓе го следеа поставувањето. Реакциите различни. некои се задоволни од она што го гледаат, а други пак, упатуваат критики до владата.

Извор Кирилица
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
^^^^^^^^^^ :pos: :pos2: Абе како може скулптура на гемиџиите во Скопје а не во Велес бе не можам да верувам... :nesvest:

Или ова ќе биде проект “се дружиме се запознаваме - збратимување на градовите во Македонија“ па следно е во Битола на плоштад Магнолија да дигнат една статуа од 22 метра на Јустинијан, еден најмоќните Скопјани во историјата. :je:
 
karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.719
^^^^^^^^^^ :pos: :pos2: Абе како може скулптура на гемиџиите во Скопје а не во Велес бе не можам да верувам... :nesvest:

Или ова ќе биде проект “се дружиме се запознаваме - збратимување на градовите во Македонија“ па следно е во Битола на плоштад Магнолија да дигнат една статуа од 22 метра на Јустинијан, еден најмоќните Скопјани во историјата. :je:
Абее, има во Велес бе.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom