Е вака сега...
Ченто е бел, затоа што е изработен од бел мермер, камен со карактеристика на полупорозност - впива одредено количество на влага, притоа менувајќи ја бојата од бела до темно-кремаста. Позитивната работа, кај овој материјал (затоа и се користи за скулптури) е тоа што со менувањето на бојата, контурите на делото стануваат појасни и подобро отцртани, и самото дело повпечатливо и полесно приемливо за око. Сепак, ова е материјал кој, одкако ќе прими одредено количество на влага во себе, останатиот дел го задржува на самата површина, со што се затемнува и се добива впечаток дека каменот е „исфлекан“. Од таа причина, бара повремено одржување и чистење на површинскиот слој. Пример за тоа е катедралата Дуомо во Милано, Италија, изработена од мермер од слично потекло и карактеристики. Поради големината на тој објект, одржувањето се одвива непрекинато и во фази, така да во секој момент може да се забележи разликата на делот кој е исчистен и освежен, и контрастот со неисчистениот дел.
Цитро, скулптурата која ја имаш постирано е дело на зрелата (касната) ренесанса, и е изработена од бронза. Зелената боја, е патината која ја добива бронзата во допир со атмосферска влага и кислород, односно оксидиран површински слој.
ФилипМакедон, мислам дека колонадата е позади овој објект, и претставува некакво партерно уредување на преостанатиот простор, меѓу објектите. Убаво си постирал, колонада (од колон - грч. столб) е редица од столбови, која првпат почнува да се користи како обележување на тремовите на објектите кои ги затворале античките агори. Како и да е, мислам дека ова е објектот на Финансиската полиција, според она што јас можев да го забележам од презентациите.
http://www.crabstudio.co.uk/
Не знам колку ми се допаѓа идејата, а и нема да коментирам за тоа. Ама конструкцијата, алал вера да им е! Макар што, ова нема да се реализира, бидејќи веројатно било за конкурсот за мостот кој ќе води од плоштад до зградата на Архивот (и Музејот, и Судот...), а на тој конкурс веќе е решено дека ќе се гради тој мостот око.