Нови скулптури - во Скопје и низ цела Македонија

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
Целта на проектот не е една, а е комплексна

Спомениците ја имаат истата функција којашто ја имаат безмалку сите споменици у свет. Естетска - го разубавуваат просторот, се одава почит кон тие личности, а имаат и функција за подигање на патриотизмот (на тие што не се имунизирани).

А за другите објекти (театар, музеј...) нема да пишам не е тоа темата.

Мене не ми пречат нит базалтите нит џамиите, се е тоа културно наследство на ова тло и на оваа земја. А тебе ако ти сметаат руши ги, ама изглеа и покрај желбата што ја имаш тебе не ти с'ска.
Ахам.
Не е баш толку комплексна ама ОК, нека е.
Е сега, кога е веќе комплексна, зошто сите тие кои се противат се ставаат во исти кош, во предавничкиот кош, на пример да се земам за пример (јас се бунам поради естетско-економски причини и не го подржувам проектот, целосно).

Зошто ги ставате архитектите во кошот на предавници?

А за џамиите, тоа е идеја на "патриотите" не ја спомнав јас.
Ако ви с'ска, рушејте ги. И така сум атеист, ми чуе она долното за нечии христијански, муслимански или било какви храмови.

На нивно место нека има кооперации или пабови.
 
М

Мартин`

Гостин
Абе баш од тие на кои ич гајле не им е дали ќе им стаат на плоштад Хајлендер или Еѓипќанка чија бронзена торба служи као попатна канта за ѓубре, плоштадов сега ќе личи на Ареа 51. Више личи, до душа... И нема тоа никаква врска со историја, ни со патриотизам. Више и старечко перде да имаш и два грама естетика, ќе видиш дека сто педесет стилови измешани, не се убај бе брат. Не се!
Па предходно како што си кажа и самата нив не им беше гајле да го разубават плоштадот, како што гледам и во останатите земји има такви плоштади со голем број на споменици и слични работи па не се како Ареа 51. Сега повеќе изгледа како пустина плоштадот како што си кажа и самата во болдираното.
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
Ете се си кажа. Нит еден аргумент немаш против убавината на спомениците, а само кажуваш поарно ќе било на друго место да идат парите.

----

Зошто ноќно време ги транспортирале не било достојно ???? Ако ги транспортираа дење ќе беше зошто дење ги транспортираа може да се повреди некој. Ко мали многу контра играле.
Ти знаеш што е убавина од склуптури...
Ако веќе ги прават во наш стил нека ги изработат од мермер.
Шо ќе ми се комуњарски бронзени статуети :pos2:

Аууу дење ако ги носеле некој ќе се повредил... лол.
Епа постаметите веќе да не ги градат дневно него ноќно, бидејќи може да експлодира некоја тула или темел таму :tapp:
 
Член од
18 јануари 2009
Мислења
1.407
Поени од реакции
339
Ти знаеш што е убавина од склуптури...
Ако веќе ги прават во наш стил нека ги изработат од мермер.
Шо ќе ми се комуњарски бронзени статуети :pos2:

Аууу дење ако ги носеле некој ќе се повредил... лол.
Епа постаметите веќе да не ги градат дневно него ноќно, бидејќи може да експлодира некоја тула или темел таму :tapp:
Е не ти знаеш шо е, само празна политика бистриш на тема за скулптури и изиграваш жртва предавник го праеле. Штом се наоѓаш во тој ќош не сум ти јас виновен.

Ај приоритетот твој ќе го гледаме и ќе извадиме тоа капаците на шахтите и за старо железо ќе ги продадеме да не умрат од глад луѓето.

И не реков градат туку транспортираат, читај убаво
 

THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
Стварно? Незнаев. -.-

Буквалисти. Еве ти го долгиот одговор - Создавање на услови за странски инвестиции кои ке градат фабрики на наша територија. А спомениците ем се далеку од услови ем се далеку од плацови.
Дали спомениците на Гоце и Даме ти будат емоции?

Тоа е прашањетo кое ти и останатите "интернационалисти" треба да си го поставите.
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Јас сум изненаден колку склптурите на гоце делчев и на даме груев изгледаат импозантно. Значи навистина се големи и убави, поготово коњот кој го јава гоце делчев изгледа дост ајако, да не речам страшно и м иличи на пегаз коњот што го јавал белерефонт :helou:
 

Никола

Државник
Член од
18 април 2005
Мислења
5.074
Поени од реакции
333
Глупи аргументи од оние кои се против.
Видете и да не ги бива спомениците, демек немале естетика, немал Гоце гунче а Даме народна носија, сепак, тоа е она некој се потрудил да го направи и некој одобрил.
Можеби има и подобри скулптуро-правачи(вајари ли е зборот и за бронѕени?), но ете не успеале да се реализираат преку овој проект.
Она кое е проблем и боде очи е дека вие не сте против реализацијата на делото, туку зошто воопшто да го има.
Епа како бе да не го има? Секој кој е значаен во македонската историја, секој оној кој го или треба да го почитуваме, ќе го има и како скулптура и како музеј евентуално.
Па кога ќе е некој датум сврзан со него, ќе одиш таму и ќе се поклониш.
Не вака, еве Ченто знам дека многу е спомнуван, ама навистина нема во Скопје место каде би положил човек цвеќе во помен на Ченто. Или солунските атентатори.
Видете луѓе, има кај нас и те како луѓе кои си ја сакаат и почитуваат својата земја, ги сметаат за најблиски оние кои се бореле за нејзина слобода.
И сакаат да можат да имаат место за покажување на почит, глетка кон нив која ќе им внесе убаво на душата..

Како и да е, расправајте се колку сакате, но Калето е најубаво досега, сите објекти во центар се во некоја фаза која ветува многу, спомениците се јаготката на шлагот.
Гордејте се Македонци, треба да се гордеете и да го славите она кое се прави.
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Ај да се самоцитирам од пред неколку дена:
Избришав купче мислења.

Политика на форумов повеќе не постои. Темата е во подфорум за архитектура, значи се дискутира од естетска гледна точка.
A сега, бидејќи темата повторно се сврте сегде, само не во архитектура, редно е повторно да се зачисти од оф-топик постови, а и да се подели по некој бан од тема.
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Банирани од тема: ZOTE, zoki.com, Lady.Q, Новинарка, kiksuperman, Филозофка, LordDragonII, Гоч, citro_love, THE_CHOSEN_ONE... листата се надополнува.
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.485
Поени од реакции
7.972
Па кога ќе е некој датум сврзан со него, ќе одиш таму и ќе се поклониш.
Не вака, еве Ченто знам дека многу е спомнуван, ама навистина нема во Скопје место каде би положил човек цвеќе во помен на Ченто. Или солунските атентатори.
За да положиш цвеќе на споменикот на Ченто, треба да отидеш во Ченто, нормално :)

Ајде и за Гоце во црквата Св. Спас, Панко Брашнаров во Велес кај касарната, ама за Јане...

Како и да е, вчера бев да ги ѕирнам спомениците, и чекам да ги симнат таблите околу постаментите, за на раат да ги фотографирам.

И за крај, плоштад без монументален објект или скулптура на или покрај него, не го личи :)
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Глупи аргументи од оние кои се против.

Не вака, еве Ченто знам дека многу е спомнуван, ама навистина нема во Скопје место каде би положил човек цвеќе во помен на Ченто.
Tonchie напиша:
За да положиш цвеќе на споменикот на Ченто, треба да отидеш во Ченто, нормално :)

Ајде и за Гоце во црквата Св. Спас, Панко Брашнаров во Велес кај касарната

Ауч...




Туку освен овие,имаат ли во план други статуи?
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Гемиџиите идат следниот месец, за милионче

Извор: видеото
http://vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=36&eventId=21820
Најмногу од се овде боли,што Италјанци јадат наши пари...милиончиња.
Од албанската популација,влегуваат во овој буџет или пак ќе биде 0,3 од буџетот за годината? :)))

п.с. Гемиџиите треба да бидат во Велес.Евентуално на автопатот Скопје Велес,кој е мазен без ниедна дупка,со 5 ленти,без одрони и слично.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom