LordDragonII, ќе те прашам нешто. Дали кога кликаш на линков, гледаш во кој форум се наоѓаш? И дали ако е така, можеш да најдеш некаква поврзаност на архитектура или дизајн, со дневна политика и економија?
Те молам, ако имаш да дадеш некакво мислење од аспект на тоа што опфаќа овој подфорум, ќе ми биде задоволство да го прочитам. Ако не, немој повеќе да ми мешаш политика, економија, немаштија и не знам шо се друго не...
Секој град, секоја држава, без разлика колку и да е богата или сиромашна, има право на своја уметност. И има право да биде препознатлива. Исто како што и ти понекогаш, иако нема да имаш една недела да си купиш хамбургер, на крај ќе си ги купиш поубавите и поскапите чевли. Така?
Срамота е дури и да помислиме да се посомневаме во тоа дали треба да се развива уметност во Македонија. Дајте си месец дена одмор, и прошетајте ја, научете ја нашата култура и традиција (не само да мислите дека ја знаете) и ваквиот труд за понатамошен развој и ширење на различни културни активности, ќе ви стане појасен.
Не викам дека скулптурите се успешен проект. Но не го тврдам ни спротивното. Според мене, нивната урбана вредност е далеку поголема од нивната уметничка. Фактот останува - вредност имаат. Нема да се повторувам, поназад имам пишано опширен пост во однос на тоа.
Уште еднаш на крај замолувам - не бистрете политики на темава. Давајте ваши мислења, и поткрепувајте ги со ваши факти во однос на естетиката на направеното. Активирајте ја таа гранка во вашите размислувања. Видете ја уметноста, пред да се згадите од неа. Па после, коментирајте ја. Уметноста. Не немаштијата.