Нови скулптури - во Скопје и низ цела Македонија

КиреМали 1911

Модератор Неимар
Член од
23 јуни 2007
Мислења
1.313
Поени од реакции
223
освен просјакот се друго е бљак (од новите скулптури). Ако ова е уметност тогаш ја сум генијалец.

срамота, врв во кич.
Ние, обичните смртници со неистенчени вкусови и неоформени сфаќања за уметност, бараме едно објаснување: зошто просјакот не е, а другите скулптури се бљак? Која е квалификацијата „бљак“ за уметничко дело, без разлика на неговата вистинска вредност? Јас понизно замолувам за една барем наполу издржана критичка споредба помеѓу просјакот...и вљубениот пар, рецимо. Или која било друга, да не испадне дека сум пристрасен кон таа скулптура.

Повели.
 

Романтичарка

надежна форумџика
Член од
31 октомври 2009
Мислења
382
Поени од реакции
91
Многу ми се допаѓа овој проект со скулптурите.Ова му требаше на Скопје.Само не можам да сватам зошто сите луѓе зборат:„Леле зошто ставаат скулптури,ние немаме леб да јадеме,а државата троши на глупости„, а сите тие исти луѓе ќе застана и ќе се сликаат таму.Па нели не ги сакате скулптурите.:toe:
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
Ова му требаше на Скопје.
Колку што сум приметил Скопје има бајаги железо, бакар, алуминиум, цинк, хеви металци, дет металци и други метали низ градов.

Башка има и Железара, Алумина (бох да ја прости)....

Само не можам да сватам зошто сите луѓе зборат:„Леле зошто ставаат скулптури,ние немаме леб да јадеме,а државата троши на глупости„,
Зошто можеби е така.
 

КиреМали 1911

Модератор Неимар
Член од
23 јуни 2007
Мислења
1.313
Поени од реакции
223
Колку што сум приметил Скопје има бајаги железо, бакар, алуминиум, цинк, хеви металци, дет металци и други метали низ градов.

Башка има и Железара, Алумина (бох да ја прости)...
И? Меѓу хеви и дет металци (без навреда, не ме линчујте аман), меѓу згради на кои зјаат алуминиумски искршени олуци, и метални скулптури кои стануваат препознатлива градска точка - што би одбрал ти, ако може да знаеме? Онака, for the record.
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
И? Меѓу хеви и дет металци (без навреда, не ме линчујте аман), меѓу згради на кои зјаат алуминиумски искршени олуци, и метални скулптури кои стануваат препознатлива градска точка - што би одбрал ти, ако може да знаеме? Онака, for the record.
Што би одбрал?

Па сигурно сите овие склуптури немаше да постојат.

Да се даде некое значење а не рандом расфрлани низ градов и копирани склуптури од другите метрополи.

Нешто оригинално... претстава на секојдневниот живот на градов а не бикови и луѓе дрва на сите страни.

Добро има само Шмизли во Скопје.
 

КиреМали 1911

Модератор Неимар
Член од
23 јуни 2007
Мислења
1.313
Поени од реакции
223
Што би одбрал?

Па сигурно сите овие склуптури немаше да постојат.

Да се даде некое значење а не рандом расфрлани низ градов и копирани склуптури од другите метрополи.

Нешто оригинално... претстава на секојдневниот живот на градов а не бикови и луѓе дрва на сите страни.

Добро има само Шмизли во Скопје.
Има Шмизли. И просјаци има. И чистачи на чевли. И симболика во луѓето-дрвја има. И сето тоа го покажува секојдневниот живот.

Дека се копирани, не се противам. Но, имај на ум дека и другите метрополи копирале едни од други. И во уметност, и во архитектура, и во урбан дизајн. Копирале идеја, па ја разработувале по нивно. Дури и да не е којзнае колку добро разработена кај нас, бар постои.

Да не се разбериме погрешно. Пренатрупаноста и несоодветното лоцирање ми смета и мене. Но, потребата од ваква улична уметност, е повеќе од јасна.

И да. Не мешајте улична уметност и кич, ве молам. Има голема разлика меѓу тие два поими.
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
Има Шмизли. И просјаци има. И чистачи на чевли. И симболика во луѓето-дрвја има. И сето тоа го покажува секојдневниот живот.

Дека се копирани, не се противам. Но, имај на ум дека и другите метрополи копирале едни од други. И во уметност, и во архитектура, и во урбан дизајн. Копирале идеја, па ја разработувале по нивно. Дури и да не е којзнае колку добро разработена кај нас, бар постои.

Да не се разбериме погрешно. Пренатрупаноста и несоодветното лоцирање ми смета и мене. Но, потребата од ваква улична уметност, е повеќе од јасна.

И да. Не мешајте улична уметност и кич, ве молам. Има голема разлика меѓу тие два поими.
Се сложувам потполно но ова не е уметност, ова е кич.

Има и други форми на улична уметност а не само склуптури.
Подобро тие пари да се потрошиле за средување на парковите, нови тревници, дрвца, поплочени тортоарни, фонтани а не безвезални железни фосили.
 

КиреМали 1911

Модератор Неимар
Член од
23 јуни 2007
Мислења
1.313
Поени од реакции
223
Се сложувам потполно но ова не е уметност, ова е кич.

Има и други форми на улична уметност а не само склуптури.
Подобро тие пари да се потрошиле за средување на парковите, нови тревници, дрвца, поплочени тортоарни, фонтани а не безвезални железни фосили.
Па тоа сакам да го кажам! Не давајте негативни критики само од типот „ова не чини, ова е срање, кич“. Ако веќе давате критика, бар кажете некоја идеја, нешто што за вас ќе дава убав белег на улиците и плоштадите низ Македонија.

Не ви се допаѓа? Но, не можете да го смените? Ондак, контрирајте, со аргументи и нови идеи. Така се развива убава дискусија на ваква тема.
 

демнач

Неафирмиран кајганџија
Член од
11 август 2008
Мислења
1.621
Поени од реакции
412
Порано имаше скулптури само од некои паднати борци.Јас како обичен граѓанин кога ќе видам некоја скулпура искрено ми е мило.Не знам како и тука се вмеша политиката.
 

Романтичарка

надежна форумџика
Член од
31 октомври 2009
Мислења
382
Поени од реакции
91
Колку што сум приметил Скопје има бајаги железо, бакар, алуминиум, цинк, хеви металци, дет металци и други метали низ градов.

Башка има и Железара, Алумина (бох да ја прости)....



Зошто можеби е така.
Знам дека е така.Имаме многу железо и други богатства што не се искористени како што треба.А за муабетот дека леб нема да се јади,а има за скулптури ќе го цитирам еден наш водител"Ако е само битно да се има пари за јадење и ништо друго не е важно,тогаш дома не мора да купуваме ни телевизори,ни машина за перење,важно ни е само да се најадеме".
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
Знам дека е така.Имаме многу железо и други богатства што не се искористени како што треба.А за муабетот дека леб нема да се јади,а има за скулптури ќе го цитирам еден наш водител"Ако е само битно да се има пари за јадење и ништо друго не е важно,тогаш дома не мора да купуваме ни телевизори,ни машина за перење,важно ни е само да се најадеме".
Па така е, има многу железно кое може корисно да се искористи а не да правиме железни фосили.

Тој наш водител што ги цитираше треба да се обеси подхитно !

Се знае, историски и логички гледано низ времето кои градови или држави можат да имаат високо културно ниво и да се бават со уметност, се знае дека истите треба да се добро ситуирани економски.

На кого овие склуптури? На кого оваа уметност? Пола народ е прост.

Ако уметноста е поважна од основните животни потреби на човекот, тогаш склуптурите нека се направени од чоколадо, леб и ајвар или бил што... некој ден да ни се корисни онака.

Иначе сакам уметност и можам да се наречам уметник ама ќе ти кажам уметоста и парите премногу поврзани.
 

КиреМали 1911

Модератор Неимар
Член од
23 јуни 2007
Мислења
1.313
Поени од реакции
223
LordDragonII, ќе те прашам нешто. Дали кога кликаш на линков, гледаш во кој форум се наоѓаш? И дали ако е така, можеш да најдеш некаква поврзаност на архитектура или дизајн, со дневна политика и економија?

Те молам, ако имаш да дадеш некакво мислење од аспект на тоа што опфаќа овој подфорум, ќе ми биде задоволство да го прочитам. Ако не, немој повеќе да ми мешаш политика, економија, немаштија и не знам шо се друго не...

Секој град, секоја држава, без разлика колку и да е богата или сиромашна, има право на своја уметност. И има право да биде препознатлива. Исто како што и ти понекогаш, иако нема да имаш една недела да си купиш хамбургер, на крај ќе си ги купиш поубавите и поскапите чевли. Така?

Срамота е дури и да помислиме да се посомневаме во тоа дали треба да се развива уметност во Македонија. Дајте си месец дена одмор, и прошетајте ја, научете ја нашата култура и традиција (не само да мислите дека ја знаете) и ваквиот труд за понатамошен развој и ширење на различни културни активности, ќе ви стане појасен.

Не викам дека скулптурите се успешен проект. Но не го тврдам ни спротивното. Според мене, нивната урбана вредност е далеку поголема од нивната уметничка. Фактот останува - вредност имаат. Нема да се повторувам, поназад имам пишано опширен пост во однос на тоа.

Уште еднаш на крај замолувам - не бистрете политики на темава. Давајте ваши мислења, и поткрепувајте ги со ваши факти во однос на естетиката на направеното. Активирајте ја таа гранка во вашите размислувања. Видете ја уметноста, пред да се згадите од неа. Па после, коментирајте ја. Уметноста. Не немаштијата.
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
Добро Кире,

Јас спомнав некаде дека Македонија нема право да развива своја уметност?
Дека немаме квалитетна уметност?

Немаштијата ја поврзав со оваа тема бидејќи ФАКТ е ако сакаме подобра уметност ни требаат повеќе финансиски средства.

Он топик сега:

Ќе се повторам но јбг, погоре значи заклучивме дека се кич, клише и дека има многу подобри форми на уметност одколку склуптурите во Скопје.

Естетски за мене немаат некоја вредност, ме потсеќаат на олд скул комнунистичките статуи насекаде низ Македонија но само во некоја модерна форма на Шмизла, дрва, глави и незнам ти уште што.

Значи и погрешен материјал.

Самиот факт дека повеќето од нив не се поставени на постамент, ја намалува уметничката вредност.

Многу од склуптурите се на погрешни локации, неорганизирано поставени и незаштитени.

Премногу пари се дадени за уште едно клише...
 

КиреМали 1911

Модератор Неимар
Член од
23 јуни 2007
Мислења
1.313
Поени од реакции
223
Јас спомнав некаде дека Македонија нема право да развива своја уметност?
Коментаров наведува на тоа дека така размислуваш. Македонија не е добро економски ситуирана.

Се знае, историски и логички гледано низ времето кои градови или држави можат да имаат високо културно ниво и да се бават со уметност, се знае дека истите треба да се добро ситуирани економски.
Значи. Да се повторам и јас. Кажав дека не ги сметам за најпаметната форма на уметнот, нити за најуспешната. Али ете ги, ги има. Клише и кич се? Дајте идеја за нешто поавантгардно.

Даље, тоа со постаментот си го сфатил погрешно. Токму вакви скулптури, кои не прикажуваат некоја историска личност или случка, немаат потреба од постамент. Самиот концепт на постаментот е „да го гледаш нештото од пониско, со пиетет“. Овие скулптури треба да се стопат во околината, да бидат на ниво на посматрачот - така да, не им треба постамент.

Може да добијам јасна претстава за комуњарски и некомуњарски скулптури? Онака, две сликички на кои би можел да ја увидам разликата, ќе ми свршат работа.
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Јас мислам дека не е естетски несистематското натрупување на скулптури од секаков вид, на мал простор. Добивам впечаток, дека уште малце ќе има ,,скулптура за секој жител". Материјалот од кој се изработени, ми делува некомпатибилен на градбите во центарот на градот. Сметам дека некој пофутуристички материјал како стакло би бил повпечатлив. Исто така, не мислам дека секој што по дома си направил некое скулпторно дело, има право да го бапне у сред центар. Според мене уметноста е малку поселективна и пософистицирана од бик со мадиња до шмизла.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom