БРИТАНСКИТЕ МЕДИУМИ ТВРДАТ
Мурињо од идниот месец во Јувентус
Британските медиуми тврдат дека уште идниот месец Хозе Мурињо ќе седне на клупата на Јувентус и по вторпат ќе го наследи Клаудио Раниери. Во моментов португалскиот стручњак се наоѓа во САД на одмор со своето семејство, а потоа ќе отпатува во Малезија на бизнис-средба пред да ја донесе одлуката за својата иднина. Информацијата дека најверојатно ќе го преземе тимот од Торино за британските медиуми ја дал близок пријател на Мурињо.
"Хозе веќе одби неколку понуди бидејќи е свесен дека за него за него се интересираат најголемите европски клупови. Возбудливо е што наскоро би можел да го преземе Јувентус", рекол неименуваниот информатор.
"Старата дама" оваа сезона се врати во елитната италијанска лига по едногодишна пауза заради скандалот со "наместени" натпревари, но стартот не беше според очекувањата. Една од причините за тоа се финансиските проблеми, но делумна вина има и кај тренерот Раниери, кој дозволи да загуби на домашен терен од тим како Удинезе, нешто што ретко му се случувало на Јуве во минатото. Хозе Мурињо го презеде Челзи пред три години, кога го замени токму сегашниот тренер на Јувентус, Клаудио Раниери.