Прилепчани пијат најскапа “предизборна“ вода во светот.

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Ја гледам сметката за вода од последниот месец и не можам да се изначудам како е можно за 10 кубици вода во Прилеп да се плаќа 600 денари,додека со најновото поскапување во Тетово за истата потрошена вода се наплаќа (а можеби и не) само 100 денари.Каде е логиката,дали водата во Прилеп се користи за финансирање на предизборни потреби или тоа е само уште едно “легално“ собирање пари од народот за добро потполнување на секогаш празните џебови на локалните функционери кој ќе бидат реизбрани на следните избори?Можеби е слична состојбата и во другите општини низ републикава,ама не верувам дека цените на водата се толку перверзно високи како во Прилеп,каде се пие најскапата вода во светот,ако некој воопшто и собере храброст да се напие од водата која скоро секогаш е со бледо-жолтеникава боја последниве неколку години.:toe:
 
ogledalo

провинцијалец
Член од
12 мај 2008
Мислења
3.198
Поени од реакции
174
abc konecno otvori tema, zasto kako sto gledav nanazat skora na site temi se zalese po ova prasanje )))
 
devojka111

i'm real
Член од
28 декември 2008
Мислења
1.937
Поени од реакции
148
е знам и јас четири години престојував во прилеп за време на студиите, ајде што е скапа водата за квалитетот на водата, туку е и многу лоша за пиење и капење, некако ко блуткава, а и плус често снемуваше, а јас како што бев на шести спрат во точила наутро се слушаше како се мачи да се искачи од долу до шести спрат:helou:
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
abc konecno otvori tema, zasto kako sto gledav nanazat skora na site temi se zalese po ova prasanje )))
Па морав,во интерес на соочување со бизарната вистина пред локалните избори,на кој не треба да заборавиме затоа што тие се можеби поважни од председателските,иако некако како да ги ставивте во втор план.:toe:
 
delboy

кршач на огледала
Член од
23 декември 2007
Мислења
1.358
Поени од реакции
24
:eek:ftopic::helou:

Абе овој, пу бе се заборавам како те викаа:toe: Ти како представник на Македонистите и Македонските националсти ќе почнеш да си го употребуваш кириличното писмо или важно е да сум со толпата ....
 
ogledalo

провинцијалец
Член од
12 мај 2008
Мислења
3.198
Поени од реакции
174
:eek:ftopic::helou:

Абе овој, пу бе се заборавам како те викаа:toe: Ти како представник на Македонистите и Македонските националсти ќе почнеш да си го употребуваш кириличното писмо или важно е да сум со толпата ....
ево ))) него пишам тука..пишам на друго место кај треба латиницно и зависно како ќе остане.

и од кај идеја дека сум јас представник на нешто...а ако ти делувам ко таков целиот сум ќејфој ))))
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Море остај кирилично-латинично,туку дај кажете дали и вие ги финансирате предизборните кампањи преку сметките за вода во вашите општини,како ние во Прилеп со најскапата вода во светот.Впрочем за тоа ја отворав оваа тема.:toe:
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334

Во Скопје нешто малку според цената на водата..... но затоа добар дел од скопјани се шокираа од последните сметки на топлификација.:kesa:
Среќа не сум во нив:vozbud:
 
ogledalo

провинцијалец
Член од
12 мај 2008
Мислења
3.198
Поени од реакции
174
јас ке видам дома и довечер ке те известам
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Во Скопје нешто малку според цената на водата..... но затоа добар дел од скопјани се шокираа од последните сметки на топлификација.:kesa:
Среќа не сум во нив:vozbud:
Не си со нив,како и многумина други Скопјани,но мора да имаш вода за елементарни потреби,погледни во сметката и кажи,тоа е барем лесно,или и ти ги користиш двојните аршини на оваа власт кај која водата која е од секого и за секого се наплаќа според предизборните финансијски потреби на локалната самоуправа?

јас ке видам дома и довечер ке те известам
Доколку не си од Прилеп,сигурно цената на водата ти е неколку пати пониска.:toe:
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Шефе кубикот вода е 25 денари, тоа што ти наплатиле 600 денари за 10 кубици вода или те мрази инкасаторот или малку лажиш овде.
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Не си со нив,како и многумина други Скопјани,но мора да имаш вода за елементарни потреби,погледни во сметката и кажи,тоа е барем лесно,или и ти ги користиш двојните аршини на оваа власт кај која водата која е од секого и за секого се наплаќа според предизборните финансијски потреби на локалната самоуправа?

Доколку не си од Прилеп,сигурно цената на водата ти е неколку пати пониска.:toe:
Оди ти растумачи што е што во сметката, јас кренав раце.....а може и вака...за 25 кубици вкупна сметка околу 1500 ден
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Шефе кубикот вода е 25 денари, тоа што ти наплатиле 600 денари за 10 кубици вода или те мрази инкасаторот или малку лажиш овде.
Си се заебал шефе,ни лажам ниту ме мрази инкасаторот,иако моментално нема вода во половина град,сметката што утринава ја добив изнесува 600 денари за 10 кубици вода,практично цената е убаво назначена со 46.90 денари по кубик,а останатото до 600 денари за 10 кубици потрошена вода се даночни и друг вид на давачки.Воглавном крајната сметка е 600 денари,што значи дека Прилепчани плаќаат најскапа “предизборна“ вода во светов иако ја немаат како сега во моментов.Ќе беше интересно доколку и од другите општини добиеме вака експлицитни цени по кубик,за да видиме која општина ги полни секогаш празните џебови на локалните моќници,особено пред избори.:toe:
 
theprince

Fan of Irony
Член од
3 февруари 2008
Мислења
1.256
Поени од реакции
155

epaa shefe mnogu zboris po forum za vodata i sega resija da te vrazumat...
a so ne vredi vodata za pienje niti denar toa e druga rabota i jas bev cetiri godini vo prilep samo nekolku pati ja iskoristiv za pienje. Abc vaka taka vie ste site zeznati po ova prasanje ...
 
Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
АБЦ, види комуналии.
Се плаќа комуналии за дворно место и за станбена површина.
Кај мене 300 денари е вода а 700 комуналии, се да им еем.
Јас сум во Ѓорче.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom