ABC
“градител“
- Член од
- 24 февруари 2005
- Мислења
- 15.696
- Поени од реакции
- 193
Ја гледам сметката за вода од последниот месец и не можам да се изначудам како е можно за 10 кубици вода во Прилеп да се плаќа 600 денари,додека со најновото поскапување во Тетово за истата потрошена вода се наплаќа (а можеби и не) само 100 денари.Каде е логиката,дали водата во Прилеп се користи за финансирање на предизборни потреби или тоа е само уште едно “легално“ собирање пари од народот за добро потполнување на секогаш празните џебови на локалните функционери кој ќе бидат реизбрани на следните избори?Можеби е слична состојбата и во другите општини низ републикава,ама не верувам дека цените на водата се толку перверзно високи како во Прилеп,каде се пие најскапата вода во светот,ако некој воопшто и собере храброст да се напие од водата која скоро секогаш е со бледо-жолтеникава боја последниве неколку години.