Македонска `логика`.

Да,да... логика. :pos2:
Од една страна имаш:
-Тип кој што цел живот е професионален дипломат `од школа`.
-Како таков стана `Спикер` на Генералното Собрание на О.О.Н.
-`Сопственик` на конзорциум кој што во свој посед има огромен процент од пишаните медиуми у Југоисточна Европа.
-Човек кој што има изградени лични пријателства и познатства со претседатели,Министри за Надворешни Работи,дипломати,бизнисмени од цел свет и кој што со еден телефон може да заврши работа од интерес на Р.Македонија.
Од другата страна имаш:
-Успешен апаратчик кој што не би можел да биде директор во МРТВ и не би напредувал така брзо хиерархиски доколку не бил обработен од...службата од која што вие се плашите.

-улизигузица која што има `шијем ти га Џура`...пардон, `Ко плати тај клати` институт кој што лиферува платени анкети.
-треторазреден вонреден професор,сака да каже хонорарец у светски рамки и истакнат професор на Универзитетот `Кирил и Методиј` (кој што бај д веј,у неговата `проблематика` не е признат во ниту една друга земја освен Р.Македонија).
-советник на премиерот. (сака да каже индиректно виновен за катастрофата на македонската надворешна политика).

И мили мои... ???
Дали овие двајца може уопште да се стават у иста лига?
Да се разматраат рамноправно?

Керим на нејќење со три телефона ќе заврши повеќе работа за Македонија одколку оној споменатиот Иванов за три мандата.
И пошто ваква разлика не успевате да согледате...
можда и навистина не заслужувате држава.